Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
B

Bafra

Гостин
Ако не биле милионери, не џначи дека се неспособни.
Точно така, не мора да си милионер, но по некоја случајност, сите што ќе почнат политичар од кариера стануваат милионери. Дошле со скинати опинци а станале милионери. Притоа државна работа нели не е профитна.
Затоа те молам поштеди ме од левичарско-десничарски теории.
Многу убав збор си употребил, нешто што во пракса е неизводливо, ама народ веќе 60години се залажува т.е. надева.

П.С. не може да викаш еднаквост, а да имаш 3 куќи, којзнае колку кеш и фамилијата со колкав имот располага. Притоа најголеми финансиери се токму Голдман Сакс и слични :P
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.749
Поени од реакции
12.765

леле бе бафра чуму пропагандава. Сигурно нема тука гласачи во уса, ниту пак ти имаш некаква корист ако нафрлаш лажни податоци.
Изгуглав сега и берни има вредност од скоро 2 милиони долари, од кои 70% му се заработени во последните две години преку продажба на книгата. Значи не ги добил преку тендери, не ги добил преку донации од банки, туку ги добил преку интелектуален труд, преку продажба на автоско дело. Не знам што е тука спорно? И немој да ми одговараш со една од најглупите десничарски (економски десничар си не знам зш негираш) тези: ако е социјалист зошто продава книги за профит?
Втора работа ајде цитирај ми еден релевантен извор дека голдман сакс и слични му се најголеми донатори. Те молам ајде најде ми податоци и ќе признаам дека си во право.
Трето, секоја пракса се ослонува на теорија. Не е возможно да имплементираш било какви политики без да се ослониш на теорија.

Ти мислиш дека тоа му е предност?
Да. by default пензионерите гласаат за идиоти.
 
леле бе Вардаре оти ја вртиш водата накај небитните работи ...
Вистина ли е дека секој штом стане политичар од кариера имотната состојба му се зголемува минимум бар за х10 ??
Ако е вистина, кажи дали е тоа нормално, од каде му е богатството и последиците ?? Ова важи и за демократи и за републиканци и за сдс и за дпне.

За Барни дека имал заработено само од продажба на книги :aplauz: Сигурно имаш повеќе информации и од нивните ИРС и пристап до нивните офшор сметки :cool:
На Хилари од кога изгуби и побараа ревизија каде потрошила 1.5 милијарда донации.
Ако на демократите не си знаел дека дел од донаторите им се Голдман Сакс и слични на нив тогаш јасно е дека се палиш (даваж важност) на теоретски и утописки работи. Во реалност во ниедна држава не успеале тие утописки бајки.... ако ти сметаш дека ќе успеат, а си над 30 години, тогаш не го користиш мозокот. До 30 год е дозволено да веруваш во тие бајки, ама после :neetaka:
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
17.999
Ако на демократите не си знаел дека дел од донаторите им се Голдман Сакс и слични на нив тогаш јасно е дека се палиш (даваж важност) на теоретски и утописки работи.
Ама не и на Барни :D

Затоа и не им должи ништо за да им еби мајката за се што направија и да ги стави во колосек да си ја бркаат банкарската работа и да не се мешаат во политка многу многу ...

Барни е против ... big money in politics ...

Само во првиот ден собра 20 милиони долари преку интернет од обични луѓе ...
 
Да да, секако, не и Барни, тој не е таков, тој се кандидира сам, без демократите позади него :D
И че им скрши кичмата, ма дааај. Политичар од кариера се знае како функционира, ама ако ви е убаво да верувате во утопии, немам ништо против. Како што немам против и САД да пробаат од лекот социјализам = еднаквост, време е да си платат кармата :D
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.749
Поени од реакции
12.765
Леле бе @Bafra сам се насанка. Берни е индепендент, всушност е индепендент со најдолг мандат во историјата на сад. Никогаш не земал пари од днц, сите му се индивидуални донации. тоа му е една од темелните политики.
Не знам зошто уопште ги спомињаш останатите демократи и републиканци кога берни е антипод на истите. На крај може и ќе ти се засвиѓа. Прочитај нешто повеќе за него и неговите политики наадвор од естаблишмент пропагандата.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.155
Поени од реакции
25.638
Да. by default пензионерите гласаат за идиоти.
А младите за лузери. И во 90% драстично ги менуваат своите политички ставови откако ќе созреат. Особено во западниот свет.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
17.999
А младите за лузери. И во 90% драстично ги менуваат своите политички ставови откако ќе созреат. Особено во западниот свет.
Се разбира и тука ги менуваат ставовите јас од конзерва како млад, станав либерал ко постар.
 
B

Bafra

Гостин
Леле бе @Bafra сам се насанка. Берни е индепендент, всушност е индепендент со најдолг мандат во историјата на сад. Никогаш не земал пари од днц, сите му се индивидуални донации. тоа му е една од темелните политики.
Не знам зошто уопште ги спомињаш останатите демократи и републиканци кога берни е антипод на истите. На крај може и ќе ти се засвиѓа. Прочитај нешто повеќе за него и неговите политики наадвор од естаблишмент пропагандата.
Леле бе па, ти па ти... Зар сеуште веруваш во Дедо Мраз.... бил независен и ќе успеел да ја спроведе својата политика против естаблишментот :facepalm:

И Грујо ти текнува, сами си пополнуваа налози и пуштаа донации, божем народ им плаќал.
А за против естаблишментот, колку што успеа Трамп да го испразни мочуриштето, колку што успеа Хилари да ја казни за криминалите претходно, или ко што Грујо ја казни Шеќеринска или олигарсите ради приватизацијата, или па Зајко ко што ги казни Фамилијата и нивните послушници / извршители.
А да не збориме па какви му се намерите, дел од програмата, колку реални и последици од тоа.

Надеж без да мислиш не е убо, да си знајш. :anco:
 
Limbo

maybe an alien
Член од
26 декември 2007
Мислења
831
Поени од реакции
1.457
Некако врескањето социјализам и Венецуела имаше спротивен ефект, но и суптилната пропаганда не проаѓа веќе, сите знаат кој ги контролира медиумите и зошто, people are smelling the bullshit. Hints: comments and dislikes
00
#FeeltheBern CNN :)
 
Не му се допаѓа на CNN ама од друга страна неможат да го маргинализираат повеќе :D

И најбитно е, БЕРНИ ПОБЕДИ, уште пред да победи, 90% од неговите политики кои пред 4 години беа утопија за САД сега ги поддржуваат барем 50% гласачи, а некој дури 75%.

И не само тоа туку 45% републиканци поддржуваат Medicare For All.

Сите демократски кандидати во моментов ги имаат во најголем дел политиките на Берни :)
 
Limbo

maybe an alien
Член од
26 декември 2007
Мислења
831
Поени од реакции
1.457
И најбитно е, БЕРНИ ПОБЕДИ, уште пред да победи, 90% од неговите политики кои пред 4 години беа утопија за САД сега ги поддржуваат барем 50% гласачи, а некој дури 75%.

И не само тоа туку 45% републиканци поддржуваат Medicare For All.

Сите демократски кандидати во моментов ги имаат во најголем дел политиките на Берни :)
CNN сакаат да спинуваат дека тоа не му иде во прилог, демек сега кога има толку многу што ги презеле неговите идеи, зошто луѓето би гласале пак за Берни, не бил "вистински" демократ :LOL:
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
17.999
https://www.mkd.mk/svet/vesti/koen-go-napadna-tramp-za-vikiliks-go-nareche-rasist-izmamnik-i-lazhlivec

На сослушувањето пред Конгресот
Коен го нападна Трамп за Викиликс, го нарече „расист“, „измамник“ и „лажливец“

Поранешниот личен адвокат на Доналд Трамп, Мајкл Коен денес пред Конгресот на САД изјави дека Трамп е „расист" „лажливец" и „измамник" кој однапред знаел за објавувањето на е-маил пораките од сајтот на Викиликс со цел повредување на неговиот демократски претседателски ривал во 2016 година.

Коен изјави дека Трамп водел преговори за проект со недвижнини во Москва за време на трката за Белата куќа, иако Трамп јавно изјавил дека нема бизнис интереси во Русија, според подготвеното сведочење на Коен.

„Се срамам бидејќи знам каков е Трамп. Тој е расист. Тој е измамник. Тој е лажливец“, рече Коен во воведната изјава пред комитетот на Претставничкиот дом.

„Доналд Трамп е човек кој се кандидираше за функцијата за да го направи својот бренд поголем, а не да ја направи нашата земја голема“, рече Коен. „Тој нема желба нити намера да ја предводи оваа нација - само себе си да се продаде и да го изгради своето богатство и моќ“.

Демократот Купер му забележа на Коен дека иако наброил доста недостатоци на Трамп, во неколку наврати рекол:

„А сепак, продолжив да работам за него“.

Купер го праша зошто толку долго му требало на Коен да престане да работи за Трамп.

Коен потоа даде извонредно предупредување до републиканците во комитетот за тоа што се случува со оние кои го бранат Трамп.

„Го правев истото што го правите вие сега десет години. Го штитив Трамп десет години“, рече Коен.

„Видете што ми се случи на мене“.

Коен додаде: „Колку повеќе луѓето го трпат Доналд Трамп, како што правев јас на слепо, ќе ги трпат истите последици како мене“.
 
Член од
25 мај 2016
Мислења
419
Поени од реакции
663
Ова со Коен е лудило. И покрај тоа што е осуден, меѓу другото и за лажење пред Конгрес, има доста документи кои го поддржуваат тоа што го кажува и може да преставува голем проблем за Трамп. Плус, се чека и Мулер што ќе има во својот репорт. Се на се, не верувам дека Трамп е среќен во моментот имајќи во предвид дека се очекуваше овие неколку дена да направи шоу со Ким во Виетнам. Изгледа дека Коен му го зема спотлајтот. И да, Оказио-Кортез is yet to поставува прашања :D
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Не му се допаѓа на CNN ама од друга страна неможат да го маргинализираат повеќе :D

И најбитно е, БЕРНИ ПОБЕДИ, уште пред да победи, 90% од неговите политики кои пред 4 години беа утопија за САД сега ги поддржуваат барем 50% гласачи, а некој дури 75%.

И не само тоа туку 45% републиканци поддржуваат Medicare For All.

Сите демократски кандидати во моментов ги имаат во најголем дел политиките на Берни :)
Со тие политички во пракса САД има три избори или да стане позади Кина и Русија воено или да банкротира или сама да си предизвика рецесија и отпуштања од работа. И во трите случаи САД губи многу...Берни и компанија може да бираат како ќе ја платат цената за тоа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom