Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    660
Член од
22 декември 2018
Мислења
344
Поени од реакции
443
Мора прво да бидат целосно скршени завземени Вугледар, Маринка, Авдиивка, Бахмут... за да се тера даље... Уште минимум 40ина проценти од Доњецката област е под Украинска власт, а тука имаш позиции и градови и далеку поголеми и подобро обезбедени и утврдени и од Бахмут и од Соледар и од Авдиивка, Вухледар и.т.н.
Да тоа е точно, Авдиивка и Бахмут скоро ќе бидат како прстен и доколку не направат офанзива Украинците ќе изгубат многу војници во тој дел. Има секако уште Краматорск, Славјанск Константиновка и уште многу други помали градови.. Но како гледаме по Бахмут секоја чест на Украинците до последна улица се борат...
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.391
Снимките кај што бегаат од Русија се два дена пред почетокот на мобилизацијата. Кога почна мобилизацијата имаше многу ригорозни и строги проверки на сите што излегуваат од државата дали ги има на списокот за мобилизација.

Инаку, имаш милион клипови за ред на границите не е само оваа.
Oстај ти видеа од ред на граници, тоа и овде на Богородица преминот можеш да го видиш за летните викенди. Има ли снимки од Русија каде идните регрути ги сокршуваат од ќутек и со лисици на раце ги бутаат во комбиња? Пошто од Украина малтене секој ден има нови такви снимки. Па ако сакаш да правиме споредби и паралели, ајде ќе ги направиме како што треба. Со аргументи и со факти. Не со жута штампа и со толкувања на фаците на воени лица.

Обиди се да реплицираш без релативизирање и избегнување на конкретно поставеното прашање.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.719
Поени од реакции
9.829

Не ви е лесно окупатори,јбг..У погрешна држава сте родени. Ќе си страдате за жал.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.518
Поени од реакции
26.009
Ќе го побарам, и на ТАСС го имаше, дека за состанокот на Путин со Шојгу и Герасимов пред камери, не знаел ама баш никој освен Путин за тој чекор, затоа беше Шојгу онаков што не можеше да ги скрие емоциите. Не е западна пропаганда, не треба да си доктор на науки да ја процениш фацијалната експресија на Шојгу кога Путин рече да ги стават во борбена готовност сите постројки.
Јас незнам како ја замислуваш ти Русија и Путин. Путин не е суперхерој на којшто првиот човек на армијата и сите други му се плашат и мораат да одат како што ќе каже тој. Едноставно е Путин и неговата екипа се 100% уиграни и како такви имаат подршка од над 75% од народот во тоа што го прават, вклучително и војната која ја водат во Украина. Уште повеќе, Путин, од сите околу него е најумерен.

Иначе ништо посебно спотов, али вулгарчето на крај, вреди да се гледа.. BTW, каде е роден?
 
Последно уредено:
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.187
Поени од реакции
19.265
На Украина и фали артилерија, изгледа руските напорди за нејзино уништување со Лансет има ефект. Веројатно НАТО ќе им даде ново вундервафе.

 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.612
Поени од реакции
5.279
Oстај ти видеа од ред на граници, тоа и овде на Богородица преминот можеш да го видиш за летните викенди. Има ли снимки од Русија каде идните регрути ги сокршуваат од ќутек и со лисици на раце ги бутаат во комбиња? Пошто од Украина малтене секој ден има нови такви снимки. Па ако сакаш да правиме споредби и паралели, ајде ќе ги направиме како што треба. Со аргументи и со факти. Не со жута штампа и со толкувања на фаците на воени лица.

Обиди се да реплицираш без релативизирање и избегнување на конкретно поставеното прашање.
Јас не релативизирам, јас го потврдувам тоа што го велиш ти за Украинските регрути, ама кажувам и општопознат факт, ти си тој што почнува да релативизира за нешто општопознато, на Богородица имало гужви итн? Еве уште еднаш ќе ти пишам со болд Украинците се понашаат како КУЧИЊА кон својот народ, ги собираат по улици за да војуваат. Тоа јас немам проблем да го кажам...Никаде не реков дека Русите се понашаат лошо, туку кажав дека имаше редици по Руските граници кога се објави дека ќе има мобилизација, нешто што не верувам дека не го знаеш.

Ти велиш:

Украинците се тепаат, апсат среде улица, за да глумат топовско месо, итн.

Јас на тоа ти одговарам:

ВО ПРАВО СИ, Украинците се понашаат како кон кучиња со својот народ.....

Ти одговараш:

Релативизираш....


И кога се согласувам со тебе, не чини а? :)

Значи, ништо не прифаќате вие за факт и аргумент, ако не се согласува со вашите светогледи на вашата хвалоспевана Русија. Се што не чини се е пропаганда на Западот, се е нешто контра, ништо од тоа не е вистина. Имаш и на Тасс, го прашуваат Песков дали ќе се затворат одредени граници поради гужвата, тој одговара „Нема гужви, бегање нема, тоа е пропаганда....“

Другиот ден, и цела следна недела, за да излезиш од Русија ти требаше крштениче од прадедоти и твоја слика со Винстон Черчил..Имаш мал милион изјави и видеа од луѓе кои ти потврдуваат за Руските контроли на границите после гужвите...Зошто такви контроли ако нема бегање?

Еве ти видео, од обичен авантурист и човек кој со мотор го шета цел свет, кој ја затекнал гужвата на руско-грузиската граница:




 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.391
Релативизираш....
Релативизирањето се состои во споредбата. Тоа дали се согласуваш со моите констатации за регрутацијата во Украина нема врска, релтивизирањето е споредбата која ја правиш.

- кај едниве еднократно се десил егзодус на петтоколонашите, повеќето веројатно од работа во НВО отишле да бидат измеќари и келнери (или полошо) на запад. Наводно (искрено не знам, гужви на граници имаш и кај нас, без регрутација).
- во контраст, кај другиве ловат луѓе по улици, со сачекуши, ги тепаат за да можат да им стават лисици, за да можат да ги стрпаат во комбе. И тоа не еднократно туку секојдневно има нови и нови снимки со неспорна локација затоа што се гледаат улиците и имаат геолокација на видеата. Стотици такви видеа има досега.

Епа споредување на тие двете целосно различни ситуации е релативизирање.

Ти релативизираш, не различно од тоа како шарениве што релативизираат на темиве.

Од петни жили се трудиш да ги ставиш во ист кош постапките двете држави. Демек „ете и двете се лоши“. Невозможно е да ги ставиш во исто кош и не знам зошто би го правел тоа освен ако:
- не си скроз отиден со расудувањето затоа што премногу гледаш западна пропаганда
- си ја работиш работата дадена во НВО
- и двете претходни


Да разграничиме. Ова не ти го кажувам затоа што мислам дека работиш во НВО. Ова ти го кажувам затоа што не мислам дека работиш во НВО.



П.С. Нема потреба мене да ме анализираш, фокусирај се на анализирање на пораката што ти ја праќам.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.612
Поени од реакции
5.279
Јас незнам како ја замислуваш ти Русија и Путин. Путин не е суперхерој на којшто првиот човек на армијата и сите други му се плашат и мораат да одат како што ќе каже тој. Едноставно е Путин и неговата екипа се 100% уиграни и како такви имаат подршка од над 75% од народот во тоа што го прават, вклучително и војната која ја водат во Украина. Уште повеќе, Путин, од сите околу него е најумерен.
Toa e твое мислење. Мое мислење е дека секој си се плаши за кожичката своја и не смеј да зуцни, макар каква и да е одлука да донел Путин.
Релативизирањето се состои во споредбата. Тоа дали се согласуваш со моите констатации за регрутацијата во Украина нема врска, релтивизирањето е споредбата која ја правиш.

- кај едниве еднократно се десил егзодус на петтоколонашите, повеќето веројатно од работа во НВО отишле да бидат измеќари и келнери (или полошо) на запад. Наводно (искрено не знам, гужви на граници имаш и кај нас, без регрутација).
- во контраст, кај другиве ловат луѓе по улици, со сачекуши, ги тепаат за да можат да им стават лисици, за да можат да ги стрпаат во комбе. И тоа не еднократно туку секојдневно има нови и нови снимки со неспорна локација затоа што се гледаат улиците и имаат геолокација на видеата. Стотици такви видеа има досега.

Епа споредување на тие двете целосно различни ситуации е релативизирање.
Ванлок, јас не релативизирам, не знам зошто не ме сфаќаш. Јас ги пуштам видеава од гужвите на граници за да покажам дека и кај Русите има случаеви кај што не сакаат да војуваат и затоа пробуваат да киднат. Јас не ги поистоветив постапките кон дезертерите меѓу Русија и Украина. И ти ако гледаме така релативизираш кога велиш дека гужви на граница и на лето има кај нас, но овие гужви беа со 10-20км колони само од возила, ете имаш на видеото каде на човекот му нудат пари за да му го купат моторот за да не поминуваат граница пеш. И тоа гужвата се дешава БАШ кога Путин објави дека ќе има мобилизација? Абе ајде..

  • Велиш, кај едните се десил егзодус на петтоколонашите? Нели така гужви имаше, онака луѓето на одмор си оделе? Од кај знаеш дека се петтоколонаши? И дали аналогно на тоа, во Украина па овие што одбиваат да војуваат од нивна гледна точка се сметаат за петтоколонаши, па затоа и брутално се однесуваат кон нив? Едноставно, можеби не сакаат да учествуваат во окупаторски акции.
  • Инаку се согласувам со тебе за украинските брутали регрутации, ниту ги оспорив ниту пак се сложувам со нив.
Ти релативизираш, не различно од тоа како шарениве што релативизираат на темиве.

Од петни жили се трудиш да ги ставиш во ист кош постапките двете држави. Демек „ете и двете се лоши“. Невозможно е да ги ставиш во исто кош и не знам зошто би го правел тоа освен ако:
- не си скроз отиден со расудувањето затоа што премногу гледаш западна пропаганда
- си ја работиш работата дадена во НВО
- и двете претходни


Да разграничиме. Ова не ти го кажувам затоа што мислам дека работиш во НВО. Ова ти го кажувам затоа што не мислам дека работиш во НВО.



П.С. Нема потреба мене да ме анализираш, фокусирај се на анализирање на пораката што ти ја праќам.
Не ставам во ист кош.

Сакам да повлечам паралела дека и во едниот и во другиот табор има луѓе кои одбиваат да војуваат.

Русија за волја на вистината, не е брутална во своите регрутации како Украина. Како што не може да се оспори ни фактот што после гужвите на граница, Русите вршеа ригорозна контрола на тоа кој ја напушта земјата. Тие што се затекнати на граница уредно им е доставена покана дека се дел од мобилизираните, и им е даван рок до кој ден да се пријават за служба, другите се пропуштаат слободно да си ја поминат границата.

Зарем немаше да бидат апсени (со право) ако не се пријавеа на уредната покана Руските мобилизирани трупи?

Јас го имам милион пати кажано својот став, Русија, колку и да е во право, сепак со војната се доведе во улога на окупатор, колку сакаш негирај го тоа, колку сакаш суди. Русија дефакто дејуре и секако е окупатор во случајов. Се доведе во улогата на САД во Ирак. Би ги сфатил донекаде ако нивната операција граничеше во Донбас, макар што и тоа ми е тешко да го сварам и да го одобрам, но би поминал со оглед дека се ваѓаат дека било малтретирано населението таму. Но со тенкови на Киев во 21-ви век? Бомбардирање на електрична мрежа да оставиш 3 милионски град без струја во најладните месеци во зима? Немој ти се молам...

п.с. Тоа што сте навикнати дека некој ако не размислува како вас, одма е нво мво, дека е платен, дека е ова дека е она, тоа не сум јас крив, тоа си е ваш наратив за да се покажете дека вашата заземена страна е таа вистинската. Уосталом, што сакаш мисли си ти за мене, јас немам проблем да ги искритикувам ниту Русија ниту Украина, САД, В.Британија, Франција итн...Не правам никој светец, и не се согласувам со секој чекор на поединец или држава, каков и да бил тој.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.391

Lt. Gen. Igor Kirillov, the head of the radiation, chemical and biological defense troops of the Russian armed forces, told a press briefing Friday that the weaponry will cause irreparable harm to all Ukrainians, whether civilian or military.

"Despite the fact that the use of such ammunition [with depleted uranium] will cause irreparable harm to the health of the Armed Forces of Ukraine and the civilian population, NATO countries, in particular the UK, express their readiness to supply this type of weapon to the Kiev regime," Kirillov said.




Автоматски споено мислење:

Јас ги пуштам видеава од гужвите на граници за да покажам дека и кај Русите има случаеви кај што не сакаат да војуваат и затоа пробуваат да киднат. Јас не ги поистоветив постапките кон дезертерите меѓу Русија и Украина.
Ако не ги споредуваш, или „поистоветуваш“ (како што кажуваш) тогаш кој таклабас ги спомнуваш во овој муабет?

Читај внимателно: Муабетот никогаш не беше за постоење на дезертери на било која страна (тоа е твоето релативизирање). Муабетот е дека во Украина ги ловат на улица, со тепање ги собираат. Тоа што ти го наметнуваш е споредување на постапките и односот на државите кон своите граѓани. Епа ајде спореди ги, постапките. Можеш да најдеш онакви видеа од Русија?

И не се дезертери додека не ги регрутираат. Правно гледано едноставно се раселени лица на кои во хаосот на војната не им бил доставен повик за регрутација. Такви веројатно има во Русија, ама таму не гледаш јавно тепање и трпање во комбиња. Штом правиш споредби, направи ги чесно. Не со некои релативизирања за гужви на граници, па ете „исто“ било и на другата страна.

Ај. Доста е... Глуп е муабетов.
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
1.124
Поени од реакции
1.705
Чекај бе Ванчо, па у Дагестан виде ли што се случи? Ццц неверојатно колку пари имаш дадено на опклада дека Русија ќе тепа што вака слепо ги браниш ко комуњар СДС.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Слободоборци, ако се крстите во уништувањето на Русија, максимално заложете се` ваквата идеја веднаш да се реализира на терен.

Лекот не за Украина, туку против Русија, се наоѓа во северенфиромистан.

https://off.net.mk/net-roulette/lokalno/kako-realno-da-i-pomogneme-na-ukraina

Како реално да ѝ помогнеме на Украина?

26 март 2023 - 10:21



Сепак ваквото решение би имало далеку поефикасно, поефективно и поуништувачко дејство против Русија во споредба со санкциите кои досега имаат само контра-ефекти против тие кои ги имаат воведено истите тие санкции.

https://off.net.mk/net-roulette/onaka/go-sotrea-putin-so-sankciite

Го сотреа Путин со санкциите

26 март 2023 - 09:21

 
Последно уредено:

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.612
Поени од реакции
5.279
Ако не ги споредуваш, или „поистоветуваш“ (како што кажуваш) тогаш кој таклабас ги спомнуваш во овој муабет?

Читај внимателно: Муабетот никогаш не беше за постоење на дезертери на било која страна (тоа е твоето релативизирање). Муабетот е дека во Украина ги ловат на улица, со тепање ги собираат. Тоа што ти го наметнуваш е споредување на постапките и односот на државите кон своите граѓани. Епа ајде спореди ги, постапките. Можеш да најдеш онакви видеа од Русија?

И не се дезертери додека не ги регрутираат. Правно гледано едноставно се раселени лица на кои во хаосот на војната не им бил доставен повик за регрутација. Такви веројатно има во Русија, ама таму не гледаш јавно тепање и трпање во комбиња. Штом правиш споредби, направи ги чесно. Не со некои релативизирања за гужви на граници, па ете „исто“ било и на другата страна.

Ај. Доста е... Глуп е муабетов.
Во меѓувреме во Украина регрутацијата се одвива непречено и со нескриен оптимизам на идните регрути.
Јас само ти реплицирав дека и во некои делови на Русија како се одвивала мобилизацијата де, ниту реков дека се исти, ниту реков дека Русија нешто грешава.

Има илјада видеа, да. Постапките на Украинците се доста брутални, и доста понижувачки за идните регрути, додека пак во Русија досега нема инфо дека се случуваат слични работи.

Во Украина имаме клипови за брутално соборување на мажи среде улица од страна на Воена полиција, што не е начин за да се прави, независно од тоа дали човекот одбивал да се јави на покани, бегал или слично.

Ова го кажав и во минатите постови, веројатно си го скокнал во читањето, но еве дека ми рече пак го повторувам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom