Јас незнам како ја замислуваш ти Русија и Путин. Путин не е суперхерој на којшто првиот човек на армијата и сите други му се плашат и мораат да одат како што ќе каже тој. Едноставно е Путин и неговата екипа се 100% уиграни и како такви имаат подршка од над 75% од народот во тоа што го прават, вклучително и војната која ја водат во Украина. Уште повеќе, Путин, од сите околу него е најумерен.
Toa e твое мислење. Мое мислење е дека секој си се плаши за кожичката своја и не смеј да зуцни, макар каква и да е одлука да донел Путин.
Релативизирањето се состои во споредбата. Тоа дали се согласуваш со моите констатации за регрутацијата во Украина нема врска, релтивизирањето е споредбата која ја правиш.
- кај едниве еднократно се десил егзодус на петтоколонашите, повеќето веројатно од работа во НВО отишле да бидат измеќари и келнери (или полошо) на запад. Наводно (искрено не знам, гужви на граници имаш и кај нас, без регрутација).
- во контраст, кај другиве ловат луѓе по улици, со сачекуши, ги тепаат за да можат да им стават лисици, за да можат да ги стрпаат во комбе. И тоа не еднократно туку секојдневно има нови и нови снимки со неспорна локација затоа што се гледаат улиците и имаат геолокација на видеата. Стотици такви видеа има досега.
Епа споредување на тие двете целосно различни ситуации е релативизирање.
Ванлок, јас не релативизирам, не знам зошто не ме сфаќаш. Јас ги пуштам видеава од гужвите на граници за да покажам дека и кај Русите има случаеви кај што не сакаат да војуваат и затоа пробуваат да киднат. Јас не ги поистоветив постапките кон дезертерите меѓу Русија и Украина. И ти ако гледаме така релативизираш кога велиш дека гужви на граница и на лето има кај нас, но овие гужви беа со 10-20км колони само од возила, ете имаш на видеото каде на човекот му нудат пари за да му го купат моторот за да не поминуваат граница пеш. И тоа гужвата се дешава БАШ кога Путин објави дека ќе има мобилизација? Абе ајде..
- Велиш, кај едните се десил егзодус на петтоколонашите? Нели така гужви имаше, онака луѓето на одмор си оделе? Од кај знаеш дека се петтоколонаши? И дали аналогно на тоа, во Украина па овие што одбиваат да војуваат од нивна гледна точка се сметаат за петтоколонаши, па затоа и брутално се однесуваат кон нив? Едноставно, можеби не сакаат да учествуваат во окупаторски акции.
- Инаку се согласувам со тебе за украинските брутали регрутации, ниту ги оспорив ниту пак се сложувам со нив.
Ти релативизираш, не различно од тоа како шарениве што релативизираат на темиве.
Од петни жили се трудиш да ги ставиш во ист кош постапките двете држави. Демек „ете и двете се лоши“. Невозможно е да ги ставиш во исто кош и не знам зошто би го правел тоа освен ако:
- не си скроз отиден со расудувањето затоа што премногу гледаш западна пропаганда
- си ја работиш работата дадена во НВО
- и двете претходни
Да разграничиме. Ова не ти го кажувам затоа што мислам дека работиш во НВО. Ова ти го кажувам затоа што не мислам дека работиш во НВО.
П.С. Нема потреба мене да ме анализираш, фокусирај се на анализирање на пораката што ти ја праќам.
Не ставам во ист кош.
Сакам да повлечам паралела дека и во едниот и во другиот табор има луѓе кои одбиваат да војуваат.
Русија за волја на вистината, не е брутална во своите регрутации како Украина. Како што не може да се оспори ни фактот што после гужвите на граница, Русите вршеа ригорозна контрола на тоа кој ја напушта земјата. Тие што се затекнати на граница уредно им е доставена покана дека се дел од мобилизираните, и им е даван рок до кој ден да се пријават за служба, другите се пропуштаат слободно да си ја поминат границата.
Зарем немаше да бидат апсени (со право) ако не се пријавеа на уредната покана Руските мобилизирани трупи?
Јас го имам милион пати кажано својот став, Русија, колку и да е во право, сепак со војната се доведе во улога на окупатор, колку сакаш негирај го тоа, колку сакаш суди. Русија дефакто дејуре и секако е окупатор во случајов. Се доведе во улогата на САД во Ирак. Би ги сфатил донекаде ако нивната операција граничеше во Донбас, макар што и тоа ми е тешко да го сварам и да го одобрам, но би поминал со оглед дека се ваѓаат дека било малтретирано населението таму. Но со тенкови на Киев во 21-ви век? Бомбардирање на електрична мрежа да оставиш 3 милионски град без струја во најладните месеци во зима? Немој ти се молам...
п.с. Тоа што сте навикнати дека некој ако не размислува како вас, одма е нво мво, дека е платен, дека е ова дека е она, тоа не сум јас крив, тоа си е ваш наратив за да се покажете дека вашата заземена страна е таа вистинската. Уосталом, што сакаш мисли си ти за мене, јас немам проблем да ги искритикувам ниту Русија ниту Украина, САД, В.Британија, Франција итн...Не правам никој светец, и не се согласувам со секој чекор на поединец или држава, каков и да бил тој.