Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    672
Член од
21 септември 2010
Мислења
349
Поени од реакции
181
More lugje sekoja cest na site za diskusijata i za site informacii, mene me interesira dali ovie slucuvanja vo Ukraina se sledat na nasite mediumi vo MK, mnogu me intereseira dali i kako se otslikuva sostojbata od strana na nasata novinarska fela vo MK? Znam deka moze da se sledat online nekoi TV kanali, makedonski no ete jas ne sum vo moznost, zatoa prasuvam. pozzz
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.694
Поени од реакции
12.101
Стварно овие западниве "демократии" не се нормални. Палат живи луѓе, силуваат бремени жени, убиваат по улици, пукаат на избори...

Киевската војска почнала да пука во гласачите во Красноармејск, има мртви и ранети цивили (ВИДЕО)
Вооружените сили на Киев влегле во Красноармејск и зазеле четири училишни згради каде што жителите гласале на референдумот. Гласањето било прекинато и нема да продолжи, пренесува Раша тудеј. Медиумот јави дека има и мртви и повредени откако Националната гарда почнала да пука.
400 елитни американски командоси „оперираат“ по Украина
Според информациите врз основа на радиокомуникациите меѓу командните центри на руската армија, кои ги открила американската Национална агенција за безбедност (НСА), а потоа ѝ ги проследила на германската тајна служба (БНД), американските платеници ги координираат и ги спроведуваат герилските операции против проруските активисти околу Славјанск во источна Украина.
Овие платеници работат за американската компанија Академи, попозната по старото име Блеквотер, вели весникот.
Весникот потсетува дека Русија пред неколку недели го осуди присуството на американските платеници на страната на безбедносните сили на украинската влада, но американскиот амбасадор во Киев, Џефри Пајат, тоа го демантираше кон средината на март.

Германскиот весник минатата недела откри дека украинската влада ја советуваат десетици експерти од американското Федерално биро за истраги (ФБИ) и Централната разузнавачка агенција (ЦИА).

Повикувајќи се на неименувани извори од германските безбедносни служби, весникот вели дека ЦИА и ФБИ му помагаат на Киев во пресметката со бунтовниците во источниот дел на Украина.
 
Член од
9 јуни 2009
Мислења
187
Поени од реакции
71
Вечер, понеделник, 12 мај 2014

ПОНЕДЕЛНИЧКИ


Неофашизам


Фашизмот се враќа во Европа, изјави угледната француска аналитичарка и политиколог Сузан Жорж, за загрепски Глобус, во јануари годинава.

Во декември, минатата година, едно од најславните мислечки имиња на Европа денес, Умберто Еко, објави 10 точки за препознавање на Фашизмот како зло кое е пред нашиот двор. Премногу внимание на оваа тема во последно време, за да биде случајно.

Овие денови се обележуваше 9 Мај, денот кога во 1945 година официјално е победен фашизмот, пред се во Европа. Обележуваше, тешко дека може да се каже дека се прославуваше. Бидејќи, победниците Русија, САД, Британија и Франција се во кавга и годинава не ја славеа победата заедно... а Германија, како воен губитник, денес е мудриот во украинската криза, и држава со најголема перспектива во секој поглед.

Скарани се победниците заради кризата во Украина. Криза во која, без никаква задршка и двоумење, е активен фашизмот. Десниот сектор, како себе се нарекуваат денешните украински фашисти, запали 46 граѓани, невооружени цивили, во Домот на синдикатите во Одеса, само затоа што мирно собирале потписи за референдум кој е спротивен на нивните политички убедувања.

Фашизмот не признава референдум. Тој почитува наредба и сила потребна за да се натера граѓанинот на извршување. Се помеѓу наредбата и извршувањето е нивна акција.

Истите фашисти, неколку дена потоа, во петокот на 9 Мај, Денот на победата над фашизмот, го повторија истото сценарио. Овојпат во Мариупол, јужна Украина. Полицајците кои ја одбиле наредбата од Киев да пукаат врз граѓаните определени за федерализација, беа набиени во полициската станица врз која нацистите од Десниот сектор фрлија бензин, и ја запалија. Како и со Домот на синдикатите во Одеса. Полицајците, вежбани и организирани, се покажаа поотпорни од граѓаните во Одеса. Само двајца од нив настрадаа во пожарот, а останатите пукаа врз неонацистите и ги разбија пред да изгорат и самите.

Тоа е фашизам во најлошата форма, форма на вооружено насилство врз граѓаните со масовни смртни последици. Притоа, сторителите не се ни кријат, ниту се оградуваат од својата фашистичка идеологија: до облеката, симболите, изјавите, повикување на идеологии од луѓе кои биле лидери на фашизмот во, и по Втората светска војна.

Нивните ликови, акции, изјави... нивните убиства, пожари и бесења направени последниве недели не се осудуваат од Европа и САД, а Си-Ен-Ен, Ен-Би-Си, Би-Би-Си... и водечките глобални телевизии настаните ги игнорираат. Како да не постоеле.

А постојат. Тука се. Не се само телевизиите на Европа и САД единствените медиуми преку кои веста може да се пренесе. Денес секој граѓанин со мобилен е фото репортер.
Се молчи во Брисел и Вашингтон, и премолчува бруталниот фашизам, и вооружениот нацизам во Европа, затоа што се има заеднички непријател. Русија.

ОК. Видно е дека Брисел и Вашингтон ги покриваат и разводнуваат делата на украинските нацисти, за тие да вршат и завршат работа за нивните интереси. Како што беа покривани и заднински поддржувани исламските терористи од Ал Каеда за да го урнат и убијат Гадафи. И не само Гадафи, ги видовме во Јемен, Египет, Алжир... на иста задача.
Тоа е исто. Исто, ама нешто поинакво.

Ова, во Украина, е фашизам во Европа. Наш фашизам. Оној за кој пишуваат спомнатите на почетокот од текстов: Сузан Жорж и Умберто Еко. А и други слични на нив.
Има две можности: Вашингтон и Брисел, со попатно користење на украински нацисти и нивниот фашизам, да ја победат Москва во ова. Или, да загубат.

Ако ја победат, како учесници од првите редови, најактивни и најжестоки... се по масовни, вооружени и се по богати од рекетот и воениот плен... нацистите ќе побараат награда за своите воени заслуги во победата. И политичка, и секаква друга награда. Ако им ја дадат, тогаш и самите промовираат фашизам во Европа. Ако победат, а не ги наградат - ризикуваат нацистите да се свртат и против нив, особено против обичните граѓани и политичари, поддржувачи на Брисел и Вашингтон. Ако некој мисли: нека завршат сега работа, а после лесно ќе се справиме со нив, има погрешна математика. Со толку многу вооружени луѓе, склони на акција и злосторства, никој не се справил лесно.

Ако Брисел и Вашингтон, сепак, ја загубат битката во проектот, и за нивниот концепт на Украина, што ќе прават со нацистите потоа. Гневни, поразени и жртвувани се уште поопасни од занесот по, евентуалната, победа.

Затоа, она што се случува во Украина не е само нивна приказна. И наша е. Од исходот на нивните битки зависат и идните односи во Европа. Најпосле, поразот на Брисел во Украина без сомневање ќе донесе до сериозни, можеби и фатални разидувања и поделби во Европа. Победата на Брисел над Москва, исто така, ќе донесе сериозни проблеми, како промоција на фашизмот и смртоносниот нацизам.

Фашистите ги има и околу нас. Во Европа. Во Франција, не така одамна, фашистите се судрија со црнечкото население. Имаше и жртви. Се јавуваат во Австрија, Германија, Унгарија, Италија, Бугарија... силно десничарските политички партии и движења последниве десетина години добиваат се повеќе гласови на избори во земјите на Европската унија. Тоа е тенденција. Им фали победа во Украина.

Фашизмот, по дефиниција, се темели на исклучивост, насилно наметнување на сопствените вредности и критериуми, создавање и гонење предавници за сите кои имаат поинакви ставови и мислења, присвојување на државниот интерес како свој и наметнување дека само нивниот став е национален интерес, а сите други се предавнички. Фашизмот секогаш се крие зад групата: ние сме против тој. Ние сме сите, тој е сам.

Препознавате ли такви појави во Европа. Препознавате ли и кај нас.
Слушнете, и видете, што се случува на стадионите. Погледнете ги селата и етничките чистења по војната од 2001 година кај нас, или претходните кај соседите.

Никогаш не сум сакал да чујам, а сум чул, од мои колеги дека сите кои мислат поинаку се предавници на Македонија. Небаре, тие се кардиналите на евангелието, а сите други се неписмени неверници, кои треба или да се покрстат, или уништат. Без оглед дали авторите на таквите ставови се мои пријатели, или душмани... не се согласувам со тоа. Никој, ниту партија ниту новинар, ни граѓанин ни свештеник... нема тапија да кажува што е национален интерес, при што себе си доделува улога на заштитник на нацијата и државата, а на сите други улога на предавник кој треба да се изолира, и елиминира.

Живеевме во лоши времиња последниве децении. Војни, кризи, насилства... видовме дека редовно, зад самонаречените автори и бранители на националниот интерес на крај останува само - личниот интерес, и национализмот како професија и функција.

Во десетте точки на Умберто Еко, како да го препознаете фашизмот стои: прва точка е агресивното наметнување на традицијата како основна вредност. Нема дозволени промени. Третата точка е ирационалниот отпор кон учените, интелектуалците и мислечките луѓе кои одбираат пат на убедување, а не на присилување.

Четвртата точка е поставување на различниот став и мислење како предавство.
Во седмата точка Умберто Еко упатува дека фашизмот инсистира на постоење завери против нивната група, каква и да е таа: партија, нација, социјална класа...

Фашистите се во постојана борба против некого, и нешто. Непријателот лесно се пронаоѓа, а борбата е обврзувачка. Кај фашистите не постои борба за живот, пишува Умберто Еко во деветтата точка. Напротив, вели тој, за нив борбата е живот. Масата народ не може да создаде заедничка воља и акција, затоа тука е лидерот да ги постави целите, а неговите соработници и следбеници од тие цели да направат народно движење.

Препознавате ли колку, од ова, е околу вас. Тука е. Можеби ви требал некој Умберто Еко да го артикулира, формулира во препознатливи дефиниции...

Во слободните, либерални општества, човек работи и соработува со државата. Во фашизмот тој работи за неа. Соработката е привилегија за елитата. А елитата е држава.
Не е толку сложено како што изгледа на прв поглед. Размисли...

Пишува: Драган П. ЛАТАС
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Ден 1 - Русија сеуште официјално ја нема признато Донецката Република. Многу битен фактор е дали тоа ќе се случи во наредните денови. Останува да видиме.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.400
Поени од реакции
20.154
Ден 1 - Русија сеуште официјално ја нема признато Донецката Република. Многу битен фактор е дали тоа ќе се случи во наредните денови. Останува да видиме.
http://rt.com/politics/158412-russia-duma-ukraine-referendum/?utm_source=browser&utm_medium=aplication_chrome&utm_campaign=chrome

Не знам дали ова е официјано признавање али во најмала рака изгледа како прифаќање.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.526
Поени од реакции
11.598
http://rt.com/politics/158412-russia-duma-ukraine-referendum/?utm_source=browser&utm_medium=aplication_chrome&utm_campaign=chrome

Не знам дали ова е официјано признавање али во најмала рака изгледа како прифаќање.
Следуваат насловите на СиЕнЕн, БиБиСи и останатите од нивниот калибар, кои ќе гласаат:

" Путин не успеа да издејствува едногласно целосно мнозинство во Думата за анексија на територии од источна Украина " .

Истиот наслов кој го искористија за да објават дека Путин не успеал да обезбеди консензус од Думата за да може да и нареди на Руската Армија да интервенира во Украина кога започна оваа лага наречена украинска револуција.

А тоа што сепак успеал да издејствува потребно мнозинство и не е толку важно нели. :tapp:
 
Последно уредено:
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.400
Поени од реакции
20.154
Следуваат насловите на СиЕнЕн, БиБиСи и останатите од нивниот калибар, кои ќе гласат:

" Путин не успеа да издејствува едногласно целосно мнозинство во Думата за анексија на територии од источна Украина " .

Истиот наслов кој го искористија за да објават дека Путин не успеал да обезбеди консензус од Думата за да може да и нареди на Руската Армија да интервенира во Украина кога започна оваа лага наречена украинска револуција.

А тоа што сепак успеал да издејствува потребно мнозинство и не е толку важно нели. :tapp:
Уффф ќути баш гледав CNN кога го интервјуираа типот што беше единствен пратеник кој гласаше против употребата на армијата. Абе мислиш маченик, борец за слобода, единствен разумен ум во цела држава го направија типот. Очекував ништо помалку.
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
http://rt.com/politics/158412-russia-duma-ukraine-referendum/?utm_source=browser&utm_medium=aplication_chrome&utm_campaign=chrome

Не знам дали ова е официјано признавање али во најмала рака изгледа како прифаќање.
Баш тоа "прифаќање" ги загрижува и про-русите по форумите денес. Официјална Москва излезе со изјава дека Украина треба да ја почитува волјата на народот, но никаде не се спомна официјално признавање.

Ако Русија ја признае Донецката Република, тоа решение е донекаде неповратно. Состојбата ќе ескалира дополнително и ќе сигнализира дека планот на Путин е дефинитивна поделба на Украина во блиска иднина.

Ако Русија не ја признае, тоа ќе е добра вест за територијалниот интегритет на Украина и можеби ќе значи дека Путин планира да ја користи Донецката Република како џокер во преговорите со Киев. Целта би била потпишување на договор за неутралност на Украина, федерализација или поголеми права за истокот и утврдување на кримската анексија како завршена работа или што би се рекло по нашки - fait accompli.
 
Последно уредено:
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.400
Поени од реакции
20.154
M

Mario Gómez

Гостин
Целиот референтум е фарса и не легитимен. Нели се водеше референдум за независност или федерализацијата на Донетцк и Луганс а не за припојување кон Русија? Путин изјави дека треба да се почитува желбата за самоопределување а има у РФ еден куп републики шо сакаат да се осамостојат, ама неможат ништо да направат пошо ќе ги сравни со земја. Мада сигурен сум дека нејќе да ги прими туку повеќе на овие им е скурчено да живеат во банана држава како Украина посебно сега што ја водат фашисти, се надеваат барем на малце повисок стандард и можност да добијат руски пасоши. Многу прашалници а само едно е јасно, ситуацијава нема да запре у скоро време.

За поупатените прашање, зашо у Донетцк како поголем град нема некои офанзивни на демек украинскава војска туку се на помали градчиња удираат а овие први прогласија независност.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.350
Поени од реакции
29.825
Киевската војска почнала да пука во гласачите во Красноармејск, има мртви и ранети цивили (ВИДЕО)
Вооружените сили на Киев влегле во Красноармејск и зазеле четири училишни згради каде што жителите гласале на референдумот. Гласањето било прекинато и нема да продолжи, пренесува Раша тудеј. Медиумот јави дека има и мртви и повредени откако Националната гарда почнала да пука.
400 елитни американски командоси „оперираат“ по Украина
http://www.infowars.com/cia-fbi-and-now-academi-mercenaries-on-the-ground-in-ukraine/
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=PKHFgYCbgvI
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.786
Поени од реакции
4.432
навистина ли мислите дека чичко Путин ќе се истрча напред пред да го започне истиот процес во другите региони кои се на ред?
погледнете

за два толку мали региони не се покажуваат картите, сега на ред се други региони кои треба да прогласат самостојност и да одржат референдум, украинците ќе добијат ветер во грб дека путин не им помага и ќе го спуштат гардот, дури после тоа следи завршниот удар, со само две провинции ништо не правиме
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Ден 1 - Русија сеуште официјално ја нема признато Донецката Република. Многу битен фактор е дали тоа ќе се случи во наредните денови. Останува да видиме.
Имаше вчера изјава од Песков дека одлуката на Путин тешко е да се предвиди :) Мислам дека сега, откако ги имаат резултатите ќе вршат притисок зад затворени врати кај Западот и Украина за некои нивни барања, дека ќе има пазар е очигледно.
Ако Путин сакаше да го анексира југозападниот дел можеше одамна тоа да го стори, мислам дека е во прашање издејствување официјално признавање на Крим во замена за останатиот дел од Украина, кој секако ќе мора да добие поширока автономија и на долги патеки, за 10 - 20 години сигурно ќе се одделат и тие, но се во свое време.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Он сака да го анексира ама се плаши од сериозните последици кои би настанале после. Економски последици, блокирања и други срања. Самата помисла од поголем воен судир е страшна, лесно е да водиш војна илјадници километри од границата како ЈуЕсЕј ама нека пробаат они со Мексико да војуваат, секако ќе има големи последици. Едноставно прашањето е тука pros and cons. Шо може да добие со анексирање на источна Украина, а што ќе изгуби. За Крим јасно беше, предвидени беа некопку санкции ама доби многу работи со Крим. Тука е сосема друго.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom