Преквалификација за возрасни во Куманово?

Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338
UPISITE SE VO TEK

http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/prekvalifikacija-za-vozrasni-vo-kumanovo.html

http://www.mchamber.mk/(S(lssm1mi4p5ke1n455jf3ucik))/default.aspx?mId=210&lId=1
Акредитирани програми од
Министерството за образование и наука на Република Македонија

Образование на возрасните е дел од системот на образование кој обезбедува доусовршување, оспособување, добивање дополнителна квалификација или преквалификување по програми и на начин прилагоден за возрасните лица. Системот за образование на возрасните е акредитиран, јавно признат сертификационен систем од Република Македонија со кој се добиваат национално признати сертификати кои ги докажуваат добиените стручни компетенции од одредена област. Сите програми се состојат од теоретски и практичен дел. Предавањата се следат во посебно опремени простории во Стопанската комора на Македонија во Скопје, а праксата на учесниците во програмите се одржува во реномирани компании во зависност од струката. По завршувањето на обуката
учесниците полагаат завршен испит со што се стекнуваат со Сертификат акредитиран од страна на Министерството за образование на Република Македонија.
Програми кои можете да ги следите:
Гипсер - монтер
Фасадер
Аргон заварувач

Дополнителни информации:
• Обуката трае околу три месеци, од понеделник до петок;
• Предавањата и праксата се одвиваат по договор со учесниците;
• Работа во групи од 8 до максимум 14 учесници.

Програмата за доживотно учење нуди обуки за оние занимања кои се дефицитарни и за кои постои побарувачка на пазарот на труд. Можноста да се добијат нови квалификации или едноставно да се потврди веќе стекнатото искуство со акредитиран Сертификат е начин за огромен број на лица да го решат проблемот со невработеноста.
Стопанска комора заедно со најреномираните фирми во Македонија е местото каде што невработените лица ќе можат да стекнат теоретско и практично знаење за потребната квалификација.

Контактлице: СимонаРистоска
Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088
Call
Центар : (02) 15015 е-адреса: simona@mchamber.mk
Контактлице:БорисТримчев
моб: +38972207091 Факс:++ 389 2 3244088
Call
Центар : (02) 15015е-адреса: boris@mchamber.mk
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338
“Секаде каде што аплицирав за работа ме одбија со образложение дека сум стар. Имам 50 години и големо работно искуство во ИТ технологијата......„

http://forum.kajgana.com/threads/Вработување-на-„постари“-лица.69608/

Pozdrav najde nesto rabota ??? Ova e dobro za site prekvalifikacija koga ne ide edno ce ide drugo ( reklama od zemjodelie) ...
 

ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836
Pozdrav najde nesto rabota ??? Ova e dobro za site prekvalifikacija koga ne ide edno ce ide drugo ( reklama od zemjodelie) ...
Ме помеша со некој друг :)
Постот го цитирав за да се види дека овде во МК за тие “повозрасните“ најчест проблем за наоѓање работа не е струката туку годините што ги имаат.
--- надополнето: 17 септември 2013 во 09:49 ---
Инаку единствена добра работа во проектов е што заинтересираните не плаќаатт ништо за разлика од тоа сами да се запишат во Работничкиот Универзитет “Кочо Рацин“ (y)
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338
--- надополнето: 17 септември 2013 во 09:49 ---
Инаку единствена добра работа во проектов е што заинтересираните не плаќаатт ништо за разлика од тоа сами да се запишат во Работничкиот Универзитет “Кочо Рацин“ (y)[/quote]

UUUU pa zar i ova ne cini sega da se prekvalifikuvas
 

Kajgana Shop

На врв Bottom