Аххх првата љубов...треперам кога ќе се сетам на него....
Се викаше Влатко. Учеше во Моша, имаше пирс на веѓа, 30 неоправдани, укор пред исклучување
и пушеше вест црвено. Со еден збор беше се` што би можела да посака една шеснаесетгодишна девојка. Не ми беше прв дечко, имав ја дечковци и пред него, али ниеден од нив не ми значеше ништо. Пошо ниеден не беше како Влатко. Учеше заедно со еден другар од маало и тој не запозна.
Седевме у дворот на градинката, пиевме некое евтино вино помешано со степ од боровница, тегневме цигари и вртевме некои високоинтелектуални муабети. Се топев од среќа додека ми раскажуваше како ја опцул наставничката по македонски , како му ги дупнал гумите на комшијата и како ја крадел колата на татко му. Цртав срценца со нашите иницијали по тетратките, се замислував со неговото презиме, сонував како ќе имаме три деца и златен ретривер.
But it wasn`t meant to be.
Бев втора смена у школо и пред да тргнам сакав да се слушнам со љубовта на мојот живот.
Свртев кај него дома, го побарав и се шокирав. Татко му ми рече дека Влатко седи со девојка му.
Хммм....што ли би можело да значи ова?! Није ваљда могуче дека ме вара? Не, тоа едноставно не е можно, па сите знаеме дека машките не изневеруваат. Никогаш!
Оваа наизглед нерешлива мистерија ме измачуваше цел ден. Некаде на петти час, додека наставничката по географија дрвеше за бројот на мисирки у Тунгузија, доживеав епифанија. Еурека!
Според Авогадровиот закон и Клапејрон-Менделеевата равенка, едно тело не може да биде на две места истовремено. Така што јас сигурно не бев со Влатко сабајлето, од причина што бев во мојот топол дом. Дали тоа значи дека бил со некоја друга?! Сепак, трошка надеж се`уште тлееше во мене.
Се вратив од школо и му се јавив на другарот што не` запозна. На мое големо изннадување, ми кажа дека Влатко, дечкото од моите соништа, у исто време идел и со Бети од трговачко, Марија од ветерина и Ивана од Карев. Како и да е, немав намера да му се препуштам на очајот и решив да преземам радикални мерки.
Наредниот ден, станав рано, отидов на бувљи пазар, купив некоја стара униформа и војнички чизми од ЈНА, како и два ловечки ножа, а вечерта тркнав до Џон Кенеди и набавив чешка зброевка на црно.
Се вратив дома, ја облеков униформата, ги обув чизмите, го ставив пиштолот на појас, ножевите у чизми, врзав марама на чело као Рамбо, се прекрстив пред иконата на Клара Цеткин и се заколнав дека ќе го посветам мојот живот на истребување на најголемото зло во светот - мажите.
Се заебаам бе, си ги сакам ја мажите, само ми беше малце досадно.