Прашања

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.303
Поени од реакции
78.988
1. Што се дешава со постарите апели за донирање. Сакам да знам дали телефоните си продолжуваат да работат и покрај тоа што, да речеме, пациентот отишол и се излечил. Дали пак, ги укинуваат кога акцијата, од било кои причини завршила.
Ме интересира, затоа што живеам во Македонија, па сакам да знам дали компаниите лапаат пари од неинформираните и после завршувањето на акцијата, пошто ние не можеме секогаш да знаеме до кај е работата, ниту пак имам намера да дознавам пред да донирам. Сакам да донирам и толку, не да изигрувам детектив. Значи, што се случува со броевите? Ги гаснат кога треба или вечно стојат, за компаниите да лапнат по нешто фира.

2. Второто прашање ми е помалку субјективно: Која е поентата на јавно објавување на сопствената донација. Тој што донира сигурно не го прави тоа за да ја рекламира својата хуманост и алтруизам, или има и такви?
Мене оваа пракса на Кајгана ми тотално без врска и не ја упражњавам. Се надевам дека има и други такви.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
За првото добро би било некако да се објави дека донација (или позив) повеќе не е потребна од икс причина затоа што и телефонските повици и парите (без разлика мали или големи, некому се и тие битни) одат, а не се знае во кој правец одат тие пари.
Имаше еден блог/сајт за донации, не знам дали таму се објавуваат дека донацијата е завршена за одредено лице
http://donacii.blog.mk/2009/02/
Али од друга страна од каде некој форумџија кој постира апел би имал таква информација кога ретко јавно се дознава до каде е работата со некоја од тие донации. Форумџијата е пропагатор, пренесува информација за што повеќе луѓе да помогнат, тој не е автор (во најголем број случаи) на таа донација. Едино во Македонија генерално начинот на апелирање за донации да се смени со одвреме навреме информација за состојбата (дали е завршена, дали да се интензивира и слично).
Едино нешто што може форумџија е обавезно оставање линк до објавата за донација.

За второто мислам дека последнава година објавата на форумџиите дека донирале е намалено на минимум...скоро и да ја нема. Значи тоа е веќе некое минато и надминато.
 
T

Tetro

Гостин
Мене ме интересира:


Дали има закон и дали по законот се определува колкав процент ќе зема огласувачот, Колкав процент се одделува на лицето за кого е организиран настанот, а колкав процент компанијата која го рента бројот (мислам дека го изнајмуваат на одредено време, или се лажам?)?
 
P

Princ

Гостин
За првото, мислам дека ги издаваат на одреден период и после го исклучуваат бројот. Се обидов да донирам за акција што знаев дека е завршена и добив порака "Почитувани, ве информираме дека целта на хуманитарната акција е исполнета, а со тоа и целта на хуманитарната акција е завршена".

За второто, го практикувам тоа понекогаш на некои теми на кои гледам дека нема интерес, за да ја држам темата активна, да се информираат оние што не знаат. Претпоставувам дека никој нема да рече "океј, имам вишак 100 денари па дај да влезам во подфорумот Хуманитарни акции за да ги донирам" туку гледаат дека има нов пост, па да видат што е работата, и тако даље. Еве, претпоставувам дека и тебе ти текнало да го видиш овој дел од форумот поради некој таков пост, па си ја отворил темава :)

@mettalhammer, мислам дека операторот не задржува ништо од донираниот износ. Барем се надевам дека е така.

Едит: или можеби задржуваат 18 денари... на синоќешната донација приметив дека не беше работата за 100 денари, туку ми земаа 118 денари од повик. Можеби 100 ги донираат, а 18 задржуваат...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom