178. О верници, пропишана ви е одмазда за убиените: слободен за слободен, роб за роб, жена за жена. Па, на оној што ќе му биде простено од брат му, нека постапи пристојно и нека му возврати со доброчинство. Ете, тоа е и олеснение и милост од Господарот ваш. Па оној кој ќе возврати со насилство по тоа –та казна болна ќе има.
190. На Аллаховиот пат убивајте ги оние кои вас ве убиваат. Но, не преминувајте ги границите; Аллах, навистина, не ги љуби претерувачите!
191. На таквите кои ве напаѓаат и вие напаѓајте ги каде било да ги сретнете, и истерувајте ги отаде од каде тие ве истеруваат… Сплеткарењето е поголем грев од убиството. И не убивајте ги доколку тие не ве убиваат, при Месџидул Харам. А, ако пак, ве убиваат… па, убивајте ги и вие! Ете, така Аллах ги наградува неверниците!
193. И борете се против се’ додека не исчезне сплеткарењето и додека верата Аллахова не биде слободна, а ако престанат, па престанува и непријателството, освен кон зулумќарите.
216. Ви се пропишува борба. А вие ја презирате. Во она што го презирате можеби има нешто добро за вас, а во она што го сакате, можеби има нешто лошо за вас. Аллах знае, а вие не знаете!