Зошто потенцираш „во времето на Мухамед“ ? зар сега не е така ? или ..
Потенцирам, затоа што не сум сигурен дали во некои земји се почитува Шеријатот онаков каков го остави Мухаммед с.а.в.с, или тие поради некои свои одредени причини, политички, какви и да се си работат по свое,вовеле некои нови норми а за тоа народот не е свесен или можеби не знае.
--- надополнето ---
И комунизмот првобитната цел му била да создаде еднаквост помеѓу сите луѓе, но се покажа колку е тоа возможно! Луѓето не се исти, и затоа е неприродно, нелогично и неинтелигентно да се прават напори да се приморуваат да бидат исти! Секој треба да добие еднаква шанса, но не по секоја цена секој да биде на исто ниво (финансиски, интелектуално, социјално....итн)! Секој систем на уредување кој се прогласува за ЕДИНСТВЕНО исправен и ги наметнува своите норми, не е ништо друго освен форма на робство! Ако основното право - правото на слободна воља, не е загарантирано тогаш таа религија или општествено уредување е закана за човечктата слобода!
Еве бидејќи темава гласи прашања за исламот, ќе го поставам следново прашање во контекст на коментаров!
Дали во општество каде владее шеријатот некој кој се родил како муслиман, може да се одкаже од исламот и еве на пример да се декларира како сатанист, кој не повредува никого без причина и не нанесува никаква штета?! Само ги почитува принципите на Сатанизмот на Lavey, да бидам поконкретен! Дали таква личност ќе може слободно да си практикува тоа што сака, ненаметнувајќи никому ништо?
Муслиманот може да има повеќе од другиот, никој не му брани, но не треба да дозволи.
Мухаммед с.а.в.с рекол
Тешко тој Муслиман кој легнува сит, а комшијата му легнува гладен.
Како може Муслиманот да дозволи другиот Муслиман да остане речеме без работа и скапа во долгови а од друга страна пак овој да се луксузира? Не, погрешно.
Треба да подели тоа што има со него.
Или според тебе подобро е вака ?
Некој живее овде
Прегледај го приврзокот 33451
Ја вози оваа кола
Прегледај го приврзокот 33452
А се што му треба на ова дете е трошка леб, трошка леб.
Прегледај го приврзокот 33453
Зарем е подобро во ваков свет да живееме ?
--- надополнето ---
Зарем не би било подобро да живее во поефтина куќа, а да го нахрани детево ?
--- надополнето ---
Ти лижеш каде што плукаш, ако јас не заслужувам одговор зошто не напиша да ме игнорираат мене? Ти многу убаво си напиша да го игнорираат прашањето, очигледно ти смета некако. Прочитај уште еднаш што напиша па ќе ти текне не што мислам.
Реков да го игнорираат зашто е поставено од тебе. Но јас не им наредив, нека ти одговорат бе аман.
--- надополнето ---
Kolku sto znam Kuranot kazuva deka lugjeto uste od nivnotot sozdavanje bile muslimani.......Adem bil prviot musliman. Me interesira dali vo Kuranot ima opisano kako Islamot se izgubil od toj pocetok, t.e. kako lugjeto podocna se odlucile za drugite veri pa duri i za paganstvo, bidejki toa e logicno ako se zemi denesnata situacija koga osven Islam imame i mnogu drugi religii so ogromen broj na sledbenici. I ako stvarno Adem bil prviot musliman, togas najverojatno site naredni pokolenija svesno go otfrlile Islamot. Dali e toa taka, ako moze nekoj da posoci link i da kaze sto e opisano vo Kuranot.
Муслиман значи верник во Бога. Адем а.с верувал во Аллах џ.ш и со тоа тој е Муслиман. Ислам значи Вера во Бога.
Во претходните цитати од Куран ти извадив и каде Аллах џ.ш вика дека на секој народ му испратил пратеник.
Зошто Исламот се изгубил ? КОга пејгамберите ќе ја доставеле објавата, која е една да се обожава само Еден Бог, луѓето кои тоа го верувале биле Муслимани, но после заминувањето на тие пејгамбери од овој свет, луѓето како по обичај се извртувале во своја корист, затоа доаѓале и други пратеници. Да поправат тоа што народот згрешил.
Последно големо искривување на Исламот е кога Иса а.с беше вознесен, а неговите следбеници од него направија Бог.
Ете тогаш дојде Мухаммед с.а.в.с повторно и за последен пат да каже дека
Бог е Еден, без син, никаков здруженик, прв и последен.
Како што гледаме оваа објава не е искривена и така ќе остане до судниот ден.
Исламот не треба да го поврзуваме со појавата на Мухаммед с.а.в.с, тој постоел од кога е создаден првиот човек Адем а.с.
Затоа Бог на пејгамберите им доставувал книги, каде после смртта на пејгамберите луѓето можат да читаат и да го следат тој пат.
Ако се останело на усмено, тие приказни ќе доживееле милион верзии.
--- надополнето ---
Во темата религиска промоција последните 3 видеа, говорат за тоа зошто Мухаммед с.а.в.с мораше да дојде како последен пратеник.
За луѓето да престанат да го обожаваат Месих, синот на Марија, кој е креација на Креаторот.