Прашања за Исламот I

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
Дали некој ќе ми одговри за тоа дали е дозволено тепање на жената во исламот.Дали има право мажот да ја удри жената?И зошто би ја удирал? дали навистина ние жените имаме помалку мозок од мажите и треба многу повеќе да направиме за да влеземе во рајот отколку мажите?
Кај си го слушнала ова Радица, кој те учи на вакви работи ?
Во Исламот е забрането и жигосувањето по лице (шлаканица).

Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, е запрашан од страна на некој човек дали треба повеќе да се почитува мајката или таткото: „Твојата мајка.“ одговорил. „Па потоа?“ – праша: „Твојата мајка.“ –рече. „Па потоа?“ „Твојата мајка.“ „Па потоа?“ „Твојот татко.“

Исламот и тоа како ја цени жената. Тој ја спасил и на поедини места во Куранот е споредена со мажот, на пр: „О луѓе Ние од еден човек и една жена ве создаваме.“ Значи овде ги изедначува.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Дали некој ќе ми одговри за тоа дали е дозволено тепање на жената во исламот.Дали има право мажот да ја удри жената?
"Мажите се појаки од жените според она што Аллах ги одликува еднинадруги и според имотот свој кој го трошат. Па, добри жени се оние кои се побожни и кои се чувари, во скришноста, на она што треба да се чува, и во што Аллах ги чува. А за оние за кои се плашите дека нема да ви бидат послушни - посоветувајте ги, одвојте ги во постелата и УДРЕТЕ ГИ! А ако, пак, ви се послушни не барајте начин зло да им нанесете. Аллах, навистина, е возвишен и голем!"
(Сура Ен-Ниса 4:34, Кyран)

И зошто би ја удирал?
Веројатно има повеќе причини, но јас ќе наведам една. Од горенаведениот ајет читаме дека ако мажите (муслимани) се плашат дека жените нема да им бидат послушни, прво да ги посоветуваат, а доколку тие совет не примат, тогаш мажот муслиман треба да ги одвои во постелата (значи да не спие со нив), и ако ни тоа не помогне, тогаш треба да ги удри своите жени.
Заклучок: Жената муслиманка мора да му биде послушна на мажот и да го слуша се што тој ќе и заповеда, иначе ќотекот ќе си го добие.

дали навистина ние жените имаме помалку мозок од мажите и треба многу повеќе да направиме за да влеземе во рајот отколку мажите?
Не знам околу мозокот, но знам дека дури и жената муслиманка да влезе во рајот (исламскиот џенет), таа таму ќе биде една од хуриите на мажот. Значи робинка тука, робинка и таму. Нема никаква надеж за жената муслиманка во исламот :(
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
Чорбаџија не ти е срам да извртуваш ајет ? Од овој момент си на игноре кај мене после ова што го напиша. Дај дообјасни го ајетот немој да го извртуваш.
 
Член од
3 мај 2010
Мислења
163
Поени од реакции
17
"Мажите се појаки од жените според она што Аллах ги одликува еднинадруги и според имотот свој кој го трошат. Па, добри жени се оние кои се побожни и кои се чувари, во скришноста, на она што треба да се чува, и во што Аллах ги чува. А за оние за кои се плашите дека нема да ви бидат послушни - посоветувајте ги, одвојте ги во постелата и УДРЕТЕ ГИ! А ако, пак, ви се послушни не барајте начин зло да им нанесете. Аллах, навистина, е возвишен и голем!"
(Сура Ен-Ниса 4:34, Кyран)

Веројатно има повеќе причини, но јас ќе наведам една. Од горенаведениот ајет читаме дека ако мажите (муслимани) се плашат дека жените нема да им бидат послушни, прво да ги посоветуваат, а доколку тие совет не примат, тогаш мажот муслиман треба да ги одвои во постелата (значи да не спие со нив), и ако ни тоа не помогне, тогаш треба да ги удри своите жени.
Заклучок: Жената муслиманка мора да му биде послушна на мажот и да го слуша се што тој ќе и заповеда, иначе ќотекот ќе си го добие.

Не знам околу мозокот, но знам дека дури и жената муслиманка да влезе во рајот (исламскиот џенет), таа таму ќе биде една од хуриите на мажот. Значи робинка тука, робинка и таму. Нема никаква надеж за жената муслиманка во исламот :(

Јас ќе испеам една молитва за тебе зошто очигледно си за жалење.
Како прво кој си ти да објаснуваш за Исламот ?
Имаш некое познавање ? Не !
Зошто тогаш објаснуваш се со цел да се подсмеваш на Исламот.
Зошто не си одговараш на твојата тема ?
Не ми е јасно зошто секогаш само се подсмеваш, без на културен начин да поставиш прашање ? Ќе постигнеш нешто со ова ? Жалам ама не !
Со ова само ќе ја дуплираш омразата на Христијаните кон Исламот, за кои не ни очекуваме да го сакаат !
Ама на Муслиманите не можеш ништо да им наметнеш!

Ако жените во Исламот се робинки зошто од конвертираните има најмногу жени ? :)
 
Член од
1 мај 2010
Мислења
128
Поени од реакции
4
Чорбаџија од бес дека Христијаните ја напуштаат таа вера и влегуваат во Ислам, го истура својот гнев врз тастатурата. Немој ќе ти треба.

Радица во врска со Ајетите од Светиот Куран, не можеш кога ќе прочиташ такво нешто истото да го практикуваш.
Си има објаснување за тоа. За кого е упатено, кога било упатено.
Бидејќи Куранот не е напишан на маса од големи умови, тој е пишуван на многу места па после Ајетите се спојувани, така да не се знае во кој момент Аллах му рекол на Мухаммед така да напише и за кого.
Ти посакувам пријатна вечер
 
radica

never mind
Член од
21 октомври 2007
Мислења
599
Поени од реакции
36
Кај си го слушнала ова Радица, кој те учи на вакви работи ?
Во Исламот е забрането и жигосувањето по лице (шлаканица).

Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, е запрашан од страна на некој човек дали треба повеќе да се почитува мајката или таткото: „Твојата мајка.“ одговорил. „Па потоа?“ – праша: „Твојата мајка.“ –рече. „Па потоа?“ „Твојата мајка.“ „Па потоа?“ „Твојот татко.“

Исламот и тоа како ја цени жената. Тој ја спасил и на поедини места во Куранот е споредена со мажот, на пр: „О луѓе Ние од еден човек и една жена ве создаваме.“ Значи овде ги изедначува.
Не бе, никој не ме учи! Тоа го прочитав на интернет, пишува дека се извадоци од Куранот.И те молам кажи ми како да го читам онлајн Куранот зошто го имам пдф фпрмат ама е скениран изгледа и не може да се копира текст тука.
Овие беа извадоците кои ги прочитав:
Muškarci su nadležni ženama, zato jer je Alah stvorio jedne od njih da nadmašuju druge, i zato jer troše iz svoje imovine (za uzdržavanje žena). Dakle dobre žene su poslušne, čuvajući u tajnosti ono što je Alah čuvao. A što se tiče onih od kojih se plašite pobune, upozorite ih i potjerajte ih u odvojene postelje, i išibajte ih. Ako vas tada budu slušale, ne tražite puta protiv njih. Zaista! Alah je uvijek Visoko Uzvišen, Velik.

"O žene! Davajte u milostinju, jer vidio sam da su većina stanovnika Vatre Pakla žene." Žene su pitale, "O Alahov Apostolu! Koji je tome razlog?" On je rekao: "O žene! Vi često psujete i nezahvalne ste svojim muževima. Nisam vidio nikog tako manjkavog u pameti i vjeri, kao što ste vi. O žene, neke od vas i opreznog muškarca mogu skrenuti s pravog puta."
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Ajdeeee...a be. A sto prajme so site onie unakazeni zeni vo islamot poradi pogresni tolkuvanja na kuranot??
Btw, diskriminirani se. Dzabe diskusija!
 
radica

never mind
Член од
21 октомври 2007
Мислења
599
Поени од реакции
36
Чорбаџија од бес дека Христијаните ја напуштаат таа вера и влегуваат во Ислам, го истура својот гнев врз тастатурата. Немој ќе ти треба.

Радица во врска со Ајетите од Светиот Куран, не можеш кога ќе прочиташ такво нешто истото да го практикуваш.
Си има објаснување за тоа. За кого е упатено, кога било упатено.
Бидејќи Куранот не е напишан на маса од големи умови, тој е пишуван на многу места па после Ајетите се спојувани, така да не се знае во кој момент Аллах му рекол на Мухаммед така да напише и за кого.
Ти посакувам пријатна вечер
Добро, разбирам!Но, Мухамед требало да напише за кого ги посветува ајетите, дека не се за сите во секое време!
вака само прај да се буниме :wink:
Ви посакувам пријатна вечер на сите вас!
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
FireFly, јас не ги извртувам ајетите, туку ги препишувам од Кyранот дословно како што се. Не додавам ни точка, ни запирка. Има места кои се граматички неправилни во македонскиот превод и каде сум искушуван да ја поправам граматиката, но дури и таму не си дозволувам, за да не бидам критикуван за извртување на ајети.

Но да се вратам на темата. Во Кyранот пишува дека мажот може да си ги заменува жените...

"А ако сакате да ја замените жената со друга жена и ако нејзе и дадовте многу богатство од тоа ништо не земајте"
(Сура ЕН-Ниса 4:20, Кyран)

Ме интересира под кои услови и заради кои причини мажот може да си ја замени некоја од жените со друга?
 
Тука пишува дека е дозволен разводот, не се мисли буквално на тоа заменување. А од тоа што и дарил не смее да зема назад ништо.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Кај си го слушнала ова Радица, кој те учи на вакви работи ?
Во Исламот е забрането и жигосувањето по лице (шлаканица).

Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, е запрашан од страна на некој човек дали треба повеќе да се почитува мајката или таткото: „Твојата мајка.“ одговорил. „Па потоа?“ – праша: „Твојата мајка.“ –рече. „Па потоа?“ „Твојата мајка.“ „Па потоа?“ „Твојот татко.“
Мала исправка: човекот не го прашал Мухамед дали повеќе да ја почитува мајката или таткото, туку "Кој од луѓето најмногу заслужува да му правам добродетелства?"
 
Член од
20 март 2010
Мислења
1.256
Поени од реакции
243
FireFly, јас не ги извртувам ајетите, туку ги препишувам од Кyранот дословно како што се. Не додавам ни точка, ни запирка. Има места кои се граматички неправилни во македонскиот превод и каде сум искушуван да ја поправам граматиката, но дури и таму не си дозволувам, за да не бидам критикуван за извртување на ајети.

Но да се вратам на темата. Во Кyранот пишува дека мажот може да си ги заменува жените...

"А ако сакате да ја замените жената со друга жена и ако нејзе и дадовте многу богатство од тоа ништо не земајте"
(Сура ЕН-Ниса 4:20, Кyран)
dzorbadzioo pozdravce do tebee znam koja tie poentaaa no ne sekirajse ke ti bide odgovorenoo,

tuka stanuva zbor za onie lica koi sakaat da se razvedat, od svojata soprugaai i ako saka da se ozeni so druga, na prvata soprugaa nee moze nisto da vraka od svadbeniot podarok kolku i da bilo toaa,, dali me razbiraas,, toaa celiot aet 4-20;
AKO SAKATE DA ZAMENITE EDNA ZENA SO DRUGA I AKO NA ONAA SO KOJA SAKATE DA SE RAZVEDETE I DADOVTE GOLEM IMOT, VENCALEN PODAROK, TOGAS NE VIE DOZVOLENO NISTO OD TOAA.

BIDIMI POZDRAVEN , se nadevam zadovolen si od odgovorot.
 
Musab

konekting pipl
Член од
26 јуни 2007
Мислења
244
Поени од реакции
20
Знам само дека Месечината ја разделил и ја споил повторно.
Се прашувам зошто никој тоа не го видел.:wink:
Радица ,читајки низ подфорумот видов твоите постови и си помислив дека конечно имаме еден кои можеме да дискутираме на најдобар можен начин ,но да ли пак се излажав не сум сигурен ,значи подсмевов не е во ред ,а дека никој не ја видел разделувањаето е само тоа што не си информирана.

Муџизе е чудо ,ама не е чудо како го разбираме ние ,или не е тоа што го прави коперфилд.Муџизе е случка што не може никој да се противи а е совршена случка,муџиза е случка која од страна на Севишниот им се дава на пратениците ,за да ја докажат својата праведна мисија и која содржат вонзаконски ,спротивни на природата и која никој друг освен пратениците не можат да ја прават.Тоа е хакк и никој не може да ја негира.

За да биде по јасно ситуацијата ке ја наречеме чудо.Како што знаете чуда праеле многу пратеници мегу нив Сулајман - Соломон,Давут-Давит-Јусуф-Јосиф-Ибрахим-Абрахам,Иса-Исус (алејхиселам) и др. Секој во својата средина .Мухаммед (саллалахуалејхивеселлем) има направено околу 1000 муџизи или чуда ,сите докажани и тоа ние пренесено преку неговите чесни другари (асхаби р.а).Но сигурно ,неверниците и припадници на другите религии ова го негираат ,ја негираат од едноставен разлог што тоа се случило пред 1400 години ,пред 2000 ,пред 5000, пред 50 000 илјади години можеби.Затоа ова е работа на вербата и ништо друго .Вие често се повикувате на тезата дека Иса (алејхиселам) има правено чуда а Мухаммед (саллалахуалејхивеселлем) не. Ова не е точно ,како што спомнав има направено околу 1000 чуда и се е запишано во хадисите.Ако не верувате ,иако немам таков пристап на дискусија и не подржувам но Барби е во право ,затоа што исто така бара докази ,кои вие не можете да ја донесете. Но ,работата е таква што ние апсолутно веруваме во чудата на Иса (алејхиселам) и никако не ја негираме ,ако не се лажам Радице во чудата на Иса (алејхиселам) само муслиманите веруваат, затоа кога ви велам дека вие подобри пријатели од муслиманите немате ,но ова не можете и не сакате да ја сватите (но ова е за друга тема) .Би додал дека и логички е Мухаммед (саллалахуалејхивеселлем) да има повеке чуда од разлог што објавата траела 23 години а на Иса (алејхиселам) три. Но би сакал да додавам нешто друго по мене многу важна работа ,а тоа дека спрема приликите и спрема образованоста на населението во тоа време ,имало потреба од вакви чуда ,но денеска во 21 век а и порано и која ние стално потенцираме дека најголемо чудо е чесниот Куран па и Хадисите. Значи, можеш да ги објаснуваш чудата но малце луге ке ти поверуваат ако тоа не се поткрепа со книгите ,со животот на пратеникот,дејствата, случувањата ,па ако има многу контрадикторности тогаш све пага во вода.

Едното чудо можеби и најголемото е разделување и спојување на месечината,која е докажана преку хадисите и со ајетите па и со некои историски и научни факти ,моето ебјаснување колку што знаме е вака ако грешам Аллах теала нека ми опрости сепак Тој најдобро знае.

Муџиза –месечината

Ово чудо се случило пред очите и кои ги виделе многу асхаби р.а и кои нам ни имаат пренесено до ден денеска, така што би потсетил зборовите на Мухаммед (саллалахуалејхивеселлем) дека кој ке пренесува нешто невистино а Тој самиот не рекол или не чинил ,нека го спреми местото во Џехеннемот,то ест во пеколот.

КАКО СЕ СЛУЧИ
Муџизата се случило 8 години од првата овјава.Една група идолопоклонци од племето Курејш,се собрале и од Аллаховиот пратеник ,за да го докаже пратеништвото побарале да направи некое чудо за да поверуваат.Сите заедно ,тргнале кон Мухаммед (саллалахуалејхивеселлем) кој Бил заедно со Хз.Али,Х.Јеман,А.Месуд,Енес ибни МаликА.Аббас,Џ бин Мут,им и Абуллах ибн Омер р.а. Овие кога стигнале ,веднаш инсистирале да направи некое чудо ,времето било преквечер ,станал од местото Мухаммед (саллалахуалејхивеселлем) ја дигнал мубарек раката спрема месецот ,месечината кој од своето прво создавање до тој ден кој беспрекорно ја вршил функцијата во тој момент со кревањето на раката на Аллаховиот пратеник одеднаш се раздвоил на два дела ,во која брдото наречена Мина останала измеџу две половинки.Нашиот Ефендија (саллалахуалејхивеселлем) на своите асхаби р.а другари рекол : “бидете сведоци“ ,“бидете сведоци“ два пати повторил. Курејшските кафири вчудовидени од глетката и без да се гледаат мегу себе почнале да речат “нас ни напраи магиа“ .
Еден друг “попаметен“ идолопоклон рекол Мухаммед (саллалахуалејхивеселлем) само нас ни има направено магија и сакал да се распрашал на околу поготово од каравани и групи луге кои биле на пат. Сакале или не предлогот бил прифатен и утредента караваните кои доагале од Јемен и други места биле прашувани ,кои сите до еден биле сведоци на разделување на месецот.И како што бивало и ке биде секогаш неверник си е неверник рекле “Сиротиот на Ебу Талиб ,и на небото ја покажа својата магија“така да инсистираа на својата тврдоглавост и одма беше објавено следниот ајет:
Сура Камер (месец)
1. Blizi se cas i Mjesec se raspolutio!
2. a oni, uvijek kada vide cudo, okrecu glave i govore: "carolija neprestana!"
3. Oni ne vjeruju i povode se za prohtjevima svojim, a sve je vec odredzeno.

ЗОШТО СИТЕ НЕ ВИДЕЛЕ?

Ако секој ја видеше чудото ,ке беше спротивно на Аллаховата волја на скриениот испит ,и сакале или не секој ке мораше да поверува.Поради ова расцепување на месечината на два дела се случило во време кога лугето биле дома или спиеле ,одеднаш и кратко траело.Во тој век ако земаме предвид дека многу малце луге се бавеле со наука на посматрање на небото,предвид се зема и дека пречките во некои места од облаците, пример во Англија и Шпанија во тоа време сонцето заогал,Кина и Јапонија било рано наутро,во Америка било пладне итн.Најдобри услови за гледање на месецот имало во арапскиот полуостров и во Индија.Така да,кралот на тогашниот град Дхар Раја Бјох целата случка ја видел ,од својата резиденција која се наогал до реката Чамаи и кога видел расцепувањето на месецот помислил дека е крај на светот,после кога слушал за ова го прака својот помошник во Арабија ,кој па овој имал чест да го види Мухаммед (саллалахуалејхивеселлем) и разбрал дека е Негова Муџиза одлучил и ја одбрал исламот за своја религија.Денеска ,внуците на овој голем крал и кои се нарекуваат како Бјохзадии живеат во денешна Индија до градот Дхар.

И ДРУГИТЕ ИМААТ ВИДЕНО

Исто така и целиот народ на Индија имаат видено ,така да времето на муџизата ,одма после е прогласено и разработено во некои творби и стои како “од времето на муџизата“ и како „разработено е после времето на расцепување на месецот“ исто така од страна на муфессирите многу често е споменувано и го гледаат како еден од поголемите докази.

НАУКАТА ШТО ВЕЛИ

Нормално поради слабиот развиток на астрономијата и комуникацијата пред 1400 год. Или многу малце луге ја гледале па и поради неможноста ако некој ја видел да пренесува на другите немаме некои точни информации од тоа време ,но затоа имаме нешто од поново време. 4 мај 1967 во флорида од капе кенеди е лансирана орбитер4 сателит и некои слики кои се пратени сакале или не пак ја доведува на дневен ред ова случка. Значи фотографијата е снимена површината на месецот која ја успела да фотографира 95% од месечината,фотографијата е заведан под број 67-1805 и е архивиран , и еден мал детал е запазен ,задната површина на месецот ,значи должината 240 а ширината на некои места спрема пресметките сочинува невероватни 8 км ова пукнатина.Центарот на ова пукнатина е лоцирана на 65 степени јужно и 105 степени исток.Сигурно може овие пукнатини да се од природен карактер но од природен карактер пукнатините се криви ,нерамномерни , но интересно ова пукнатина е во права линија кога се гледа од далеку,значи спрема сликата.

300 ГОД. СТАРА КАРТА

Куран ,Хадис и сведочењата кои ни укажуваат за ова случка ,значи со расцепување и пак соединување ,како што некој сака да се нашали заварување вероватно ,претпоставка е дека треба целиот месец да го заобиколи ова пукнатина или да се гледа како црта-линија.
Значи земјите кои работат за истражување на вселената до сега немаат спомнато за ваква пукнатина која треба нормално да за заобиколи целиот месец а не само на една страна,значи или немаат приметено или немаат видено или немаат стигнато до тој степен или нешто се крие. Научно ,имаме еден доказ ,а тоа е една карта која има цртано самиот научник италјански по име Кассини еве овде http://img189.imageshack.us/img189/7592/mesec.gif

Научници кои се бават со астрономија и во денешна модерна астрономија ,и кои се смета за
исклучително важна ,и поради која научно никогаш не е доведена во прашање научните работи на овој научник ,се користи и ден денеска како извор на астрономијата.како што имате прилика да видете на сликата каде целосно целиот месец е обиколен со црта која невозможно е да се каже дека е случајно настанат како Даникен за инат на ајетот.

ДА ЛИ ПОВРШИНАТА НА МЕСЕЦОТ СЕ МЕНУВА

Разлог што картата на кассини е спомнат е во тоа што е најблиску со времето кога се случил муџизата, и разлогот што со тек на времето во површината на месецот можат и се дешаваат стални промени .Сите астрономи тврдат дека има промени и тоа со тек на времето ,и поради промена на топлината која е една од факторите може да достигне моментално -80 степени и +120 степени, и многу многу други фактори кои директно или индиректно ја менуваат површината на месечината.Значи ако сега не можеме да ја видиме таа пукнатина во месецот ,можеби е разлог ова ,а и со сигурност е кој сака нека провери и истражува за месецот,ке увиди дека се менува .

На крај многу важно ,све ова горе може да ја негирате да не ја признавате ,за нас кои имаме некои докази а и да немаме никави докази веруваме стопроцентно дека се случило. Значи преводот на ајетот е горе како што напишав ,и сега науката и тие кои не веруваат може само да ја наведнат главата ,а овие ајети за науката можат да бидат добра подлога за понапредно истражување .Месецот само со слики можеби денес не може да се објасни ,можеби некогаш кога се створат услови и геолошки истражувања да се вршат ке добие нова димензија сето ова што тврдиме ,стварно науката е пионир во овие работи но како кажав имаат јак основ со Куранските ајети да истражуваат ,за жал камо да имавме прилика да бевме сведоци на тоа ,но некои можеби и тие денови ке ги гледаат.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Значи земјите кои работат за истражување на вселената до сега немаат спомнато за ваква пукнатина која треба нормално да за заобиколи целиот месец а не само на една страна, значи или немаат приметено или немаат видено или немаат стигнато до тој степен или нешто се крие.
Повеќето од оние кои работат во вселенските обсерватории никогаш не го фатиле Кyранот во рака, а камо ли пак да го прочитале тој ајет, па потоа за инат на тој ајет да ги обработуваат фотографиите од Месечината со цел да ја цензурираат таа наводна "заварувачка линија" :)
Башка површината на Месечината се гледа супер (од ведри места каде што нема околни силни осветлувања) и со обичен аматерски телескоп, така што дури и децата можат да ја истражуваат Месечината и да ја откријат оваа евентуална злонамерна измама на НАСА и другите астрономски обсерватории кои ја "кријат" заварувачката линија на Месечината :)

Јас лично сум ја гледал Месечината пред 10 години со тогашниот најдобр телескоп во Македонија (во сопственост на институот по Физика на ПМФ) и никаде не видов заварувачка линија.

А, како што добро забележи, ниту големите астрономски опсерватории немаат приметено нешто такво, а тие поседуваат толку можни телескопи со кои што можат и камењата на Месечината да ги набљудуваат :) Особено со оние телескопи кои што се монтирани на вештачките сателити и на кои не им пречи Земјината атмосфера (бидејќи се наоѓаат над неа).

Така што прифатете ја вистината дека таква линија не постои на Месечината и дека никој во времето на Мухамед не видел такво нешто на небото - освен ако тоа не се десило во времетраење од 0.05 секунди, бидејќи тоа е временски интервал кој окото не може да го регистрира.
Еве ви уште еден изговор со кој што можете да го одбраните ова невидено "чудо" во Кyранот. Само кажете дека најверојатно тоа расцепување и заварување траело пократко од 0.05 секунди и целиот проблем е решен :)

Научно ,имаме еден доказ ,а тоа е една карта која има цртано самиот научник италјански по име Кассини еве овде http://img189.imageshack.us/img189/7592/mesec.gif
Мора да се зезаш? Од толку убави и детални фотографии на Месечината, ти ја одбра оваа сликичка?

На крај многу важно ,све ова горе може да ја негирате да не ја признавате ,за нас кои имаме некои докази а и да немаме никави докази веруваме стопроцентно дека се случило.
Тоа се нарекува слепа вера.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom