Dali nekoj sto zemal devojka od 12 god a sam imal 50 god mozhe da bide bozji poslanik.
Во сахих хадис од Бухари се кажува дека Ајша имала 6 години кога се склучил бракот помеѓу неа и Мухамед,а бракот бил конзумиран кога имала 9 години.Постојат повеќе хадиси кои кажуваат дека била помеѓу 9 и 14 години,но најверодостојни се оние кои кажуваат дека имала девет а тоа се сахих хадиси од Бухари и Муслим.
Во арапската култура во минатото а и денес постои традиција да се склучи брак и тој брак подоцна да се конзумира ако девојката телесно сеуште не е созреана односно додека не ја добие првата менструација и со тоа се смета за полнолетна според шеријатскиот закони подржани од сите 4 мезхеби.
Даваш слика за муслиманите,бидејќи исламот се заснова на афирмирање на вистината а не на прикривање.Постојат други причини и објаснувања за прифатливост на таков брак во старите култури и цивилизации,а не со извртуваер и со сокривање на факти.
Dali znaesh kolku pati e promenet biblijata?
Колку?И докажи,затоа што овде никој нема да ти верува на збор.Само со докази се дискутира.
Речено - сторено. Еве тема каде што ќе се обидам да одговорам на твоите прашања или нејаснотии кои ги имаш во врска со Исламот,нормално онолку колку што знам.За се што не знам ќе правиме прескок или ќе повикам пријател...
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
И не е лошо да поставуваш по едно прашање, па откако ќе го исцрпиме истото преминуваме на друго.
Rubyred повели со поставување прашања.
Треба да се засрамиш затоа што не си компетентен да даваш одговри на верски прашања,посебно кога е исламот во прашање.
Прво како верник,не би смеел да вреѓаш и пцуеш,не ја познаваш јасно тематиката за која говориш така што правиш грешки.
Не е срасмота да не се знае,ама е срамота и опасно да се збори за вера кој Бог ја објавил како вистина а начинот на кој што ти тоа го работиш прави луѓето да ги одведеш во заблуда.
Покажи малку понизност и држи се до она за што си 100%посто сигурен дека го знаеш,и не збори на памет работи кои не знаеш да ги објасниш.
П.С. Нема луѓето да ги повикаш во ислам ако зборуваш негативно за нивните верски убедувања или традиции,подбро ти е да говориш афирмативно за исламот и за тоа што е исламот и да избегнуваш конфронтации,затоа што никој не сака кога им се напаѓа културата,верата и традицијата.
Мораш да знаеш дека е Марија(Мерјем) една од четирите најпочитувани жени во исламот и дека е голем грев да збориш за неа со непочитување без разлика на кој му реплицираш.
Во Куранот еден од ајетите и една од причината поради која Бог ги проколнува евреите од времето на Исус е затоа што тврделе дека Марија е блудница.
Исламот исто тврди дека Марија го зачнала Исус со помош на Божјиот дух кој Габриел го вдахнал во неа.Така да секое исмевање на концептот на безгрешното зачнување е исмејување не само на христијанската туку и на исламската доктрина)без тразлика што исламот не смета дека Исус е Бог или Божји син,исламот не го негира извонредниот начин на неговото зачнување)така да исмејувањето на светиот дух е грев кој е доволно голем за да излезеш од вера ако не се покаеш.
Генерално треба да знаеш дека треба со почитување да збориш за Библијата,бидејки и Куранот тврди дека е тоа Божји збор,изменет или не,исламот забранува исмејување на Библијата.
Треба посебно да бидеш внимателен кога говориш за Библијата затоа што можеш да тврдиш дека е нешто лажно а да испадне дека е вистина а ти не знаеш.