Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Ти изгледа не веруваш дека светот може да се спознае, па затоа не се замараш со никаква филозофија.
Јас ти кажав и претходно. Не верувам во ништо. А ти продолжи си да веруваш. Не те прави ништо поразличен од верник. Барем не се кажувај дека си нешто трето, НЕ си.
ЈАС знам (не треба да верувам) дека светот може да се спознае.

Е не може да ме ограничуваш со три одговори. Мојот одговор на прашењето дали постои бог е: Од постоењето или не посотењето на бог или мојата верба или не верба во него, не зависи мојата лична среќа и затоа тоа прашање за мене е ирелевантно и немам потреба да го истражувам.
А зошто мислиш дека на атеистот му е релевантно тоа прашање? Воопшто не му е. Нема потреба ни да го истражува.

Тоа е како компетенцијата на еден професот по англиски да ја утврдуваш преку неговото познавање или непознавање на, да речеме, германски.
Да бои постојат, но само ако телевизорот ти е во боја. Ако е црно-бел нема бои.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
znaci sepak koga ke stane gusto se vademe na pravila ? :D

sto stana so ona, da vidime koj e glup ovde i dali ima voopsto takvi ?
mislev deka ti ja pocna taa potraga, ili pak gresam i bese nekoj drug sto to go koristi pc-to koga ides na pauza :D

zasto ne kazes ednostavno temava mi nemase vrska, blagodaram sto mi pojasnivte deka ne postoi druga svest osven materijalnata.
Ало..... еве ти тема
http://forum.kajgana.com/showthread.php?53867-Супстанција-на-универзумот-Материја-или-свесност.
Оваа ти е за свеста или материјата, што е примарно.
http://forum.kajgana.com/showthread.php?56667-Четири-состојби-на-свеста/page2
А ова ти е за различните состојби на свеста.

Ајде сега поставуј прашања, ама прво прочитај си ги темите да не се повторувам по 10 пути.
 
Член од
11 февруари 2011
Мислења
20
Поени од реакции
3

lele ova stanuva zamorano.... uste koga vidov deka ednata tema e isto taka kreirana od tebe znaev sto da ocekuvam :D

cetiri sostojbi na svest ??? alooo do koga be so toa glupite knigi... ke pocita nekoj nekoja istocna kniga od nekoj samoproglasen filizof, i vednas strucnjak e za istoto...
ako svesta e tolku ednostavna kako sto tvdis ti, na budnost i son, pa togas sekoj gadzet so standby funkcija ili poveke svest od tebe.. poso neli: isklucen, uklucen i standby...:DDDD

za drugata tema za svest... nema potreba da idam na nea, poso ti veke ja donese taa tema tuka a ne jas, ili si begas od sopstvenite prasanja ?

i posledno, jas postavev nekolku prasanja, a ti ne odgovore ni edno od niv... nema da se povtoruvam sega.

ps. steta sto nema like tuka vovedeno pa da mavnam na nekolku postovi sto ti imaat vozvrateno niz temava, posledno sto procitav bese od star_dust mislam :D
 
Член од
31 август 2008
Мислења
1.853
Поени од реакции
815
Биди повеќе на темите филозофија и религија а помалку чек дис аут па може и ке дознаеш у што
верувам и дали верувам што знам и кој сум.
Вака да се убацуеш и да ми кажуеш што како врз база на еден пост нема логика.
Дали сум толерантен или не сум пробај да се стрпиш пред да носиш заклучоци.
Не сакав да кажам дека си нестрплив. Туку дека ми остави таков впечаток. Не беше тоа никаков заклучок за твојата личност затоа и напоменав дека впечатокот ми се темели на тоа како ги поставуваш прашањата. Се вклучив во дискусијава затоа што ми изгледаше дека ТИ имаш многу што да кажеш на темата која се дискутира, а не си тука само да поставуваш глупи прашања кои што не може да си ги одговори само 10 годишно дете.

Ако има потреба од извинување заради искажувањто на мојот прв впечаток, тогаш извини.

Добро е што си чул за свеста дека не е логаритамска, лошо е што немаш такво спознание од самиот живот,
да не речам од искуство, ама сигурно си уште мал па има време.
Кога ти одговорив на прашањето ти го дадов моето мислење според тоа што сум ги анализирал своите постапки и сум размислувал за свеста, а не тоа што сум го слушнал за свеста. „Аргументите“ што потоа ги дадов се тие што сум ги користел во процесот на размислување. Со ова сакам да кажам дека мислењето што го имам за свеста е лично мое, а не прочитано од друго место.

За тоа дека сум уште мал... Иако е малку релативна работа може дека се каже дека сум мал. Веројатно сум во споредба со тебе. Ама дали тоа значи дека немам право да размислувам или не сум ти на ниво за дискусија? Од тоа што гледам си влегувал во дискусија со многу, незнам како да ги наречам, ај да кажеме луѓе што според пишувањето изгледаат многу помали од мене.

Квантна поврзаност на честичките е од поодамна, а не е од вчера и од Церн.
Само дадов пример. Не викам дека не е од поодамна. Тоа беше последен пат што го слушнав.

Кој настанок ?
Мора да има настанок на нештата ?
Тоа што си кондициониран да мислиш дека се има настанок не значи дека е така.
И енергијата не е конечна(како што би рекол ти), законот за запазување е булшит.
Енергија у вакумот е од ред 10 на 99.
Јас не реков дека енергијата е конечна туку дека научниците сметаат така. Лично не сметам дека е конечна.

А ако нешто нема настанок што има? Отсекогаш и за секогаш е таму? Едноставно е? Да кажеме дека пред да настане материјата не постоело време затоа што времето е релативно. Како се нашла таа енергија во просторот и што е просторот?

П.С.

Ако сметаш дека не треба да одговараш на оваа тема те молам упати ме на која тема би ми одговорил или веќе си одговарал на вакви прашања за да прочитам. Точно е дека не сум редовен читател на подфорумите религија и филозофија.
 
L

Liberation

Гостин
ЈАС знам дека светот може да се спознае.
Ти некое вишо суштество ќе да си...

А зошто мислиш дека на атеистот му е релевантно тоа прашање? Воопшто не му е. Нема потреба ни да го истражува.
Па тогаш зошто се нарекуваш атеист? За да бидеш атеист, треба да тврдиш и докажуваш дека бог не постои, а така директно се занимаваш со идејата за бог.
Ќе излезе работата дека и ти си нерелигиозен. Како беше она: модерен, себевозљубен и нарцисоиден?
 
Член од
7 февруари 2011
Мислења
115
Поени од реакции
2
Сакам да поставам прашање до атеистите:
Како ги гледате масоните и што е тоа во нив што атеистите заради пари влегуваат во масонски организации? (за да влезеш во масонска организација потребно е да искажиш верување кон Бог)
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Toa што ти паѓа на памет нема блаѓе везе со твојата свест(уствари тебе) :smir:
Твојот памет и свеста(која си) ..... крава и козметика.
Пробај со медитација и контемплација па ќе правиме муабет за свеста, вака ти компир гледаш месо вадиш.
И никој не е ништо посебен, се потекнува од еден извор. Се е манифестација на тој извор.
Умот најубаво може да го свати ако го спореди со холограм.
.

Дмт,

Ти ја земаш за референца науката да ја објаснува свеста и бараш одговори од неа, па потоа да ја дискредитираш истата како неподобна за да ја дефинира свеста и се повикаш на филозофијата и некаков холистичкиот пристап за објаснување на истата.
Па уште со доза на арогатност го пишуваш тоа како твојот Окамов брич да е најоштар, ич не ми се дискутира со тебе и ова е последна реплика.

Поздрав пресветол Дмт
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
lele ova stanuva zamorano.... uste koga vidov deka ednata tema e isto taka kreirana od tebe znaev sto da ocekuvam :D

cetiri sostojbi na svest ??? alooo do koga be so toa glupite knigi... ke pocita nekoj nekoja istocna kniga od nekoj samoproglasen filizof, i vednas strucnjak e za istoto...
ako svesta e tolku ednostavna kako sto tvdis ti, na budnost i son, pa togas sekoj gadzet so standby funkcija ili poveke svest od tebe.. poso neli: isklucen, uklucen i standby...:DDDD

za drugata tema za svest... nema potreba da idam na nea, poso ti veke ja donese taa tema tuka a ne jas, ili si begas od sopstvenite prasanja ?

i posledno, jas postavev nekolku prasanja, a ti ne odgovore ni edno od niv... nema da se povtoruvam sega.

ps. steta sto nema like tuka vovedeno pa da mavnam na nekolku postovi sto ti imaat vozvrateno niz temava, posledno sto procitav bese od star_dust mislam :D
Два дена си на форумов и ти е заморно ?
Абе човек не тролувај по форумов, сигурно си имаш некоја попаметна работа од троловскава.
Толку од муабетот со тебе....барем на 2 месеци.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Па тогаш зошто се нарекуваш атеист? За да бидеш атеист, треба да тврдиш и докажуваш дека бог не постои, а така директно се занимаваш со идејата за бог.
Ќе излезе работата дека и ти си нерелигиозен. Како беше она: модерен, себевозљубен и нарцисоиден?
Зошто се нарекувам атеист? Затоа што не се срамам од тоа што сум. Не ме плаши анатемата на црквата врз атеистите. Не знам зошто ти сакаш да си нешто трето кога и ти си атеист. За да ми покажеш колку сме глупи а ти паметен? Не синко, тоа нема да ти успее.
А кој е модерен, себевозљубен и нарцисоиден.... повеќе од очигледно, дојде да ни солиш памет и на едните и на другите, а всушност си некаде измеѓу, а не ни тоа ни тоа.

За да бидам атеист треба да тврдам и докажувам дека бог не постои?? хахахахаха Goooooood Joke. Каде ли тоа го прочита? Еве ти како млад филозоф (така ми делуваш) треба да знаеш дека непостоење не се докажува, се докажува постоење, нормално ако постои.
 
L

Liberation

Гостин
Како ги гледате масоните и што е тоа во нив што атеистите заради пари влегуваат во масонски организации? (за да влезеш во масонска организација потребно е да искажиш верување кон Бог)
Не, за да влезеш во Масонските редови, не треба да искажеш верување во бог. Условот е верување дека постои виша сила, без да треба на таа виша сила да и’ дадеш облик или да интерпретираш каква е по природа.

И за да влезеш во Масонските редови, треба препорака од некој кој веќе е член. Во Хирамовиот клуч, пишувана од двајца Масони, убаво се објаснети процедурите. Така да не верувам дека прават исто како православните, кои за доларчичи одат во протестанти и други амерски пропаганди.

Едит:
И уште нешто: Христијаните имаат Библија, па сепак од двајцата кои одговараат на соодветната тема, двајцата даваат различни толкувања. Муслиманите имаат Куран, и тие се делат во ставовите. Каков унифициран став очекуваш од атеисти (поготово на муабет за масони), кои немаат ни книга, ниту се оригинална филозофија (се базираат на негирање на веќе постоечка филозофија).
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Дмт,

Ти ја земаш за референца науката да ја објаснува свеста и бапаш одговори од неа, па потоа да ја дискредитираш истата како неподобна за да ја дефинира свеста и се повикаш на филозофијата и некаков холистичкиот пристап за објаснување на истата.
Па уште со доза на арогатност го пишуваш тоа како твојот Окамов брич да е најоштар, ич не ми се дискутира со тебе и ова е последна реплика.

Поздрав пресветол Дмт
Ок, твое право и јас го почитувам тоа. Само што ова е тема конципирана како прашање до атеистите.
А мое право е да поставувам какви прашања сакам, а твое право е да не одговараш.
Уствари немора ни да ја погледнеш темава во иднина........твое право.
И ќе земам се у предвид, само не филозофија.
Филозофија и лично искуство немаат врска, а ти ги мешаш.
Холистички пристап е всушност и единствениот прав пристап.
Способноста за контемплација на човечкиот ум е правата чудесија на земјава.
Кога би се искомбинирало со медитација е страшно, ама останува да се види па да се знае.
И не сум арогантен....може на моменти така изгледа затоа што секогаш ја рефлектирам состојбата на соговорникот.
Моето лице е лицето на соговорникот, освен у ссслучај кога соговорникот нема лице.
 
Член од
11 февруари 2011
Мислења
20
Поени од реакции
3
Дмт,

Ти ја земаш за референца науката да ја објаснува свеста и бараш одговори од неа, па потоа да ја дискредитираш истата како неподобна за да ја дефинира свеста и се повикаш на филозофијата и некаков холистичкиот пристап за објаснување на истата.
Па уште со доза на арогатност го пишуваш тоа како твојот Окамов брич да е најоштар, ич не ми се дискутира со тебе и ова е последна реплика.

Поздрав пресветол Дмт
like :) haha

--- надополнето ---

Два дена си на форумов и ти е заморно ?
Абе човек не тролувај по форумов, сигурно си имаш некоја попаметна работа од троловскава.
Толку од муабетот со тебе....барем на 2 месеци.
si imam i toa kako.. se vika ignorirajki go Dmt :D
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
А ако нешто нема настанок што има? Отсекогаш и за секогаш е таму? Едноставно е? Да кажеме дека пред да настане материјата не постоело време затоа што времето е релативно. Како се нашла таа енергија во просторот и што е просторот?
Спореди го универзумов со сон.
Свеста е таа што ги менува работив во реалниов живот.
Се е манифестирано заради таа свест, затоа енергијата доаѓа од нигде(од вакумот) и тоа по барање на свеста.
Под барање не мислам буквално туку самото присуство(огледало ефект) ја менува реалноста.
А доколку од таа енергија се нема потреба тогаш може и да се изгуби во простор-времето.
Таа енергија се "кондензира" да речеме и преку таа кондензација го добиваме овој материјален свет.
Се е во перцепцијата.
Во сон умот глуми дека е свест хахахх затоа е болест сонот.
Ова нека биде нешто како концепт, испадна дека требало да дам мислење па еве нешто од прилика.
 
Член од
7 февруари 2011
Мислења
115
Поени од реакции
2
Не, за да влезеш во Масонските редови, не треба да искажеш верување во бог. Условот е верување дека постои виша сила, без да треба на таа виша сила да и’ дадеш облик или да интерпретираш каква е по природа.

И за да влезеш во Масонските редови, треба препорака од некој кој веќе е член. Во Хирамовиот клуч, пишувана од двајца Масони, убаво се објаснети процедурите. Така да не верувам дека прават исто како православните, кои за доларчичи одат во протестанти и други амерски пропаганди.

Едит:
И уште нешто: Христијаните имаат Библија, па сепак од двајцата кои одговараат на соодветната тема, двајцата даваат различни толкувања. Муслиманите имаат Куран, и тие се делат во ставовите. Каков унифициран став очекуваш од атеисти (поготово на муабет за масони), кои немаат ни книга, ниту се оригинална филозофија (се базираат на негирање на веќе постоечка филозофија).
Добро и ништо не очекував поконкретен одговор, а за тоа кој е Вистински Православен не преминува во друга религија за пари.
 
L

Liberation

Гостин
Зошто се нарекувам атеист? Затоа што не се срамам од тоа што сум. Не ме плаши анатемата на црквата врз атеистите. Не знам зошто ти сакаш да си нешто трето кога и ти си атеист. За да ми покажеш колку сме глупи а ти паметен? Не синко, тоа нема да ти успее.
А кој е модерен, себевозљубен и нарцисоиден.... повеќе од очигледно, дојде да ни солиш памет и на едните и на другите, а всушност си некаде измеѓу, а не ни тоа ни тоа.

За да бидам атеист треба да тврдам и докажувам дека бог не постои?? хахахахаха Goooooood Joke. Каде ли тоа го прочита? Еве ти како млад филозоф (така ми делуваш) треба да знаеш дека непостоење не се докажува, се докажува постоење, нормално ако постои.
Теистите веруваат во постоење на бог.
Атеистите имаат отсуство на верба дека бог постои (пошто викаш немаш присуство на верба). Какво е тоа имање отсуство на верба дека бог постои? Зошто потребата во твоето декларирање да стои и зборот бог/божество (theos), со се’ негацијата?

Ќе ти повторам дека не сум атеист. Не се занимавам со зборови како theos, ниту ме интересираат, ниту имаат влијание врз мојата добробит. Секуларен хуманист сум, судови донесувам врз основа на рационалноста, праведноста и етиката преиспитана емпириски и утилитаристички, и немам ништо против ниедна религија се додека таа религија не се меша во човечката етика и донесувањето одлуки од значење за повеќе од еден човек.

Штета што ти мислиш дека основната поделба на филозофските правци произлегува од поделбата теист - атеист.

--- надополнето ---

... кој е Вистински Православен не преминува во друга религија за пари.
Тоа не знам, вие најарно си знаете кој е вистински, кој е изворен, кој лажен. Вака да се делите, знаете само вие.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom