Колеги поздрав на сите, имам едно прашање, сакам да се пријавам за полагање на правосудниот испит, но наидувам на административни проблеми. Јас сум завршил правен факултет надвор од државата, 3- годишни студии во 2005 година, и кога ми ја нострифицира дипломата тогаш Министерството за образование и наука ме натера да дополагам уште 2 предмета за да ми ја дадат Решението за признавање на високообразовната квлаификација со титулата " дипломиран правник' бидејќи тогаш во Македонија не постоеше bachelor degree, јас ги положив тие двете предмета тогаш, но записниците ми ги зедоа и дипломата и ми кажаа дека сега дипломата се смета како шетиригодишна, и ми дадода Решение со звањето Дипломиран правник, и сега кога се распрашав во Министерство за правда ми прават проблеми таму, ми викат дека по новиот Закон треба уште 2 години мастер, за да се стекнат 300 кредити, а тогаш во 2005 немаше болоњска ниту кредит трансфер систем, меѓутоа ми кажаа дека треба да се состанува Комисијата таму за да завземат став што понатаму одбивање или одобрување на барањето за полагање на правосуден. Не знам кои се чекорите за понатаму и да излезам од ова административна кочница???