Со оглед на тоа што првиот запис на Албански е од 1462, воопшто не е познато хронологијата, т.е. кога разни влијанија се матерјализирале. Латините - во форма на Французи и Италијани се владари над делови од албански територији од почетокот на 13 век па се до почетокот на 16 век. Откаде знаеш колку од тие латински влијанија во албанскиот јазик доаѓаат токму за време од тие 3 века (значи тоа е како турцизмите кај нас), а колку од други извори?
Латинските зборови кај албанскиот влегле од романската империја, латинскиот им бил официален јазик.
Со падот на романската империја умира и латинскиот.
Тие французи и Италијани ниту зборувале латински, ниту латинскиот им бил официален.
Пак, тука ги заборавиш романците, кои имаат позајмено и албански зборови и латински.[DOUBLEPOST=1559153161][/DOUBLEPOST]
Темата преселба на словените упорно ја форсираш бидејќи имаш некоја премиса која изгледа вака; македонците се словени т.е. новодојденци, ние (албанците) не сме словени т.е. сме староседелци следствено на тоа тие и тие територии ни припаѓаат нам.
Прво, не е точно дека македонците се словени и дека албанците се староседелци. Сите се мешале со словените, тоа што останало секако, поради многуте војни па и бранови на чумата.
Второ, ниту Илирите (кои ги сметате за предци) ниту Албанците ги населувале овие територии.
Албанците и Власите се на еден начин во пакет, многу се слични а фондот на латински зборови или фрази незначи дека се староседелци.
Нема што јас да форсирам, тоа е завршена работа. Гледај во која тема сме, други членови форсираат дека словените се староседелци и се изворот на сите ИЕ јазици.
За болдот треба извор да дајш. Не постои историчар кој би се согласил со тебе, очигледно ти не си историчар.
Не знам зошто со мнозина ми се насочуваш, не викам јас дека сме потомци на илирите, јас вика сме староседелци, имаш безкрај историчари кои викаат така, а нема ниту еден кој е против тоа.
И што ти значи тоа тие територии ни припаѓаат нам? Кои територии?