Знaм декa пoстoи и тoa "непoзнaвaњетo нa прaвoтo штети" aмa нaс пo кривичнo не учеa декa вaжи другoтo, a не oвa зoштo oвoј принцип oстaвa прoстoр некoј непрaведнo дa биде oсуден. Кaкo пример ни беше дaденo "нaвивaч пaтувa нa утaкмицa вo стрaнствo и требa дa смени aвиoн вo некoјa oд муслимaнските земји кaде не е дoзвoленo пиење aлкoхoл нa јaвнo местo. Нaвивaчoв не е зaпoзнaен сo oвa прaвилo и зaтoa не мoже дa биде oсуден.". Мoже јa пoгрешнo пa сум сфaтил...
Вo секoј случaј фaлa нa oдгoвoрoт
Sent from my LG-D620 using Tapatalk
Постојат исклучоци али се баш исклучоци ретки и мора да бидат стварно оправдани и поткрепени со цврсти факти. Во таква ситуација ако се утврди дека сторителот не знаел, не бил во состојба да знае може да биде казнет поблаго, да биде опоменат или да биде ослободен од обвинение или казна.
Еден од исклучоците за овој принцип, што се однесуваат на околностите на делото а не на самото дело, е стварната заблудачлен 16 од КЗ - Не е кривично одговорен сторителот кој во време на извршувањето на кривичното дело не бил свесен за некое негово обележје определено со закон или ако погрешно сметал дека постојат околности според кои, доколку тие навистииа постоеле, тоа дело би бидо дозволено..
А вистинскиот исклучок е правната заблуда, член 17 од КЗ -
(1) Не е кривично одговорен сторителот на кривично дело кој од оправдани причини не знаел и не можел да знае дека тоа дело е забрането.
(2) Ако сторителот на кривичното дело можел да знае дека делото е забрането, може да се казни поблаго.
Али ова не се однесува на примерот со навивачот што го спомна. Такви ситуации се случуваат секојдневно, и обично се толерираат и решаваат со опомени, инаку според принципот на територијалност секој оној кој влегува во територијата на една држава потпаѓа под нејзина јурисдикција, нејзино законодавство и е должен да ги познава и почитува законите на таа држава.
Нема проблем
Поздрав.