Правна помош и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Претпоставувам дека се работи за фактура од некој доверител како ЕСМ, Телеком, Водовод..... компании кои своевремено масовно поднесуваа предлози за извршување, платни налози, тужби.... и кога тоа одеше преку адвокат, тој адвокат имаше генерално полномошно кое го депонираше во судот и немаше потреба со секој предлог да приложува и полномошно.

,При увидот во предметот, не забележав ПОЛНОМОШНО кое дадено на Адвокат или има некакво овластување од доверителот ????
Едноставно поднесен е ПРЕДЛОГ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ .... нема никаква тужба ????
 
Освен ваш совет на темата, слободно предложете ми и адвокат кој работи на тоа поле.

Хипотетички, поседувам веб страна за чија содржина (слики / видеа) поседувам авторски права (ownership of copyright). И некој се дрзнал да ја стави таа содржина на некој торент сајт. Како оди постапката за copyright infringement ? Дали можам веднаш да тужам и да барам отштета или пак мора прво предупредување ? Слободно напишете се што знаете за таков хипотетички случај. Благодарам.
 
Здраво,

дали можи да ми кажите за процедурата за пријавување дивоградба.

Дали градежниот инспектор треба да ми даде некоја потврда дека е пријавено дивоградба?

Кои се следните чекори доколку инспекторот НЕ ја спречува дивоградбата. Фала
 
Последно уредено:
Не те разбирам... број на пресуда?

Паметно е да се бара број на пресуда и од кој датум, после во судот може да провери дали таква пресуда постои и дали е прогласен за виновен за сторен прекршок или е ослободен од одговорност.
 
Дали градежниот инспектор треба да ми даде некоја потврда дека е пријавено дивоградба?

Кои се следните чекори доколку инспекторот НЕ ја спречува дивоградбата. Фала
 
Дали градежниот инспектор треба да ми даде некоја потврда дека е пријавено дивоградба?

Кои се следните чекори доколку инспекторот НЕ ја спречува дивоградбата. Фала
Не разбирам како е пријавено. Ако е допис, добиваш заверка од архивата на инспекторот. По извршените проверки, должни се да те известат за резултатот. Ако не постапуваат, можеш да се жалиш во Државниот инспекторат за градежништво, Државниот управен инспекторат, а ако си засегнат можеш со времена мерка да започнеш судска постапка.
 
Здраво, фала на одговорот. Да засегнат сум. Не сум запознаен многу со процедурата за дивоградба. Пријавено е усно. Како сега да побарам запис? Дали писмено барање треба да доставам и каде да го доставам за да добијам црно-на бело дека е пријавено дивоградба ?
 
Тоа што е пријавено усно, како да не е пријавено . Пријавуваш во општината каде се гради објектот. Другото ти е пишано погоре
 
Тоа што е пријавено усно, како да не е пријавено . Пријавуваш во општината каде се гради објектот. Другото ти е пишано погоре

Што да кажам на инспекторот ? Сакам да дадам допис? Треба ли да испечатам или потполнам некое барање претходно и да му го врачам на рака?
 
Што да кажам на инспекторот ? Сакам да дадам допис? Треба ли да испечатам или потполнам некое барање претходно и да му го врачам на рака?
А да си побараш ти помош од адвокат?
 
Јас па си мислев дека пишува правна помош затоа прашав за помош.
а ти што мислиш дека ке најдеш некој овде што ке ти направи поднесок ке ти го прати на меил ти ке потпишеш и ке го пратиш до надлежен инспекторат, фати си адвокат додека не ти е доцна убаво ти кажал членот погоре.
 
Јас па си мислев дека пишува правна помош затоа прашав за помош.
Овде прашуваш за совет. Ќе добиеш можеби различни одговори, па сам ќе одлучиш што понатаму. Не очекувај дека некој ќе изгуби денови со твојот проблем. Башка, имам впечаток дека повеќе прашуваше и недоволно читаше што ти е одговорено. Затоа, што побрзо ангажирај си професионалец
 
"наполнил најмалку пет години стаж на осигурување или најмалку десет години пензиски стаж или..."

Дали некој знае која е разликата меѓу стаж на осигурување и пензиски стаж?

Да напоменам дека најверојатно не се работи за години поминати во пензија, затоа што во друг став подоле одделно се набројува тоа.

Станува збор за чл.58 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom