Правна помош и совети

Член од
25 март 2014
Мислења
717
Поени од реакции
733
Дечки ме интересира кои се условите на вработување со новиот закон за вработување, имам мака сакам да се вработам(но не на повеќе од година дена) , нешто начув во агенцијата за пријавување на невработени, дека сега работодавците земале како некој си стимул за вработување на работниците, од работник по 15000 ден. + трошоци за пензиско, тоа го земал работодавецот, за секој работник но под услов да го задржи работникот на раб, место 3 години,. Е сега ако на пример работникот го раскине договорот за вработување пред истекот на 3 години е должен да ги врати сите тие парични средства што работодавецот ги примил како субвенција од државата за вработувањето на државата, а доколку пак договорот за вработување го прекине работодавецот, истиот е должен да ги исплати тие средства, значи испаѓа да се утврди по чија вина се прекинал договорот за вработување, дали по вина на работодавецот или работникот, (пред истекот на 3 год)и кога ќе се утврди, таа страна да ги исплати тие средства , т.е стимулот од државата. се надевам нема да збунам некој поупатен да ми објасни како е сега со новиве вработувања и газдиве, што земаат стимули за тоа.?
 
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704
Темава ептен се задлабочи. Да се изјаснам "прекрдашија" , да не изгледа дека од кејф нешто ми е идеја да се расправам по судови, не ми е ни најмалку. Само во кратки црти пробав да ја објаснам ситуацијата. Со делби и поделби до неќна бевме, да ми извините ако сте адвокати, ама парите си ги заработувате во некој случаи на дојди и плукни во судница пријатно. Значи, не ми е цел да одам и се тужам од кејф. Не, односите се нарушени и со поделбата едната во случајов родниниве бараа нешто невозможно до крај , бараа од заедничкиот дел глупости, а го заборавија кровот за кој никој не им беше побарал пари. значи ние сме на горниот спрат и нас ни беше потреба го направивме, меѓутоа тоа не значи дека кровот е од небо паднат.
Во секој случај се консултиравме со адвокат , и пак ќе кажам не сме во план во блиска и далечна иднина да ме манкаме по судови. Ќе одиме со опомена пред тужба, и ценкање меѓу адвокати да не влегуваме во суд, ако евентуално сакаат да дадат. Ако не живи здрави, пари секако не планиравме да зимаме.
И тоа е тоа.
Ако сметате дека адвокатите си ги заработувале парите на "дојди и плукни" зошто тогаш повторно сте се обраќале до адвокати и молите за помош (која патем речено на форумов ја добивате бесплатно и тоа од професионалци, колку што знам има неколку адвокати и извршители кои коментираат). Како што рече Триптико сте можеле и сами да се застапувате ако веќе толку имате знаење, зошто да ангажирате воопшто професионалец. Зарем очекувате дека адвокат со задоволство и бесплатно ќе ги слуша и ќе се труди да ви ги решава вашите семејни и фамилијарни проблеми кои очигледно самите не сте способни да ги решите??? Дури и ви смета што темава ептен се задлабочила со правни мислења од добронамерници кои се трудат БЕСПЛАТНО да ви помогнат. Не се сите адвокати "крвопијци", а исто така некои членови на форумот и не заслужуваат одговор!
Да не го копирам цело.

1. Барале "невозможно" (според вас) при поделба на имот. Неважно!
2. Вие сте имале потреба (така е напишано) и сигурно не сте се консултирале со "комшиите, туку на своја рака сте граделе. Плус, сама наведуваш дека "никој не им побара пари", така?
3. Зошто е чекано 3 години? Или сега се "спукавте", па дај да бараме надомест на штета (која НЕ ПОСТОИ)!
4. Ако немате намера "во блиска или далечна иднина" да тужите, не си ги трошете парите по адвокати. Ќе ве влечкаат и трошоците ќе излезат поголеми од самото реновирање.
5. Што очекувате адвокат да прави во судница? Да дојде со пиштол или да го натепа судијата и др. страна? Ако не ви чини како работат адвокатите во целост, застапувајте се сами. Не е ова убиство, па да мора да има адвокат.
 
Член од
29 ноември 2014
Мислења
118
Поени од реакции
157
Ако сметате дека адвокатите си ги заработувале парите на "дојди и плукни" зошто тогаш повторно сте се обраќале до адвокати и молите за помош (која патем речено на форумов ја добивате бесплатно и тоа од професионалци, колку што знам има неколку адвокати и извршители кои коментираат). Како што рече Триптико сте можеле и сами да се застапувате ако веќе толку имате знаење, зошто да ангажирате воопшто професионалец. Зарем очекувате дека адвокат со задоволство и бесплатно ќе ги слуша и ќе се труди да ви ги решава вашите семејни и фамилијарни проблеми кои очигледно самите не сте способни да ги решите??? Дури и ви смета што темава ептен се задлабочила со правни мислења од добронамерници кои се трудат БЕСПЛАТНО да ви помогнат. Не се сите адвокати "крвопијци", а исто така некои членови на форумот и не заслужуваат одговор!
Прво реков во некои случаи (тоа не се однесуваше за тебе или било кој тука, сепак зависи и до адвокатот нели? Мајка ми работи во суд и знам како одат и како работат некои адвокати на кој принцип и неможеш да ме убедиш поинаку) али небитно. Искрено се надевам дека ако си адвокат си одличен во тоа.
Ок, побарав мислење и ако можеш да видиш одговорив само еднаш понатаму, никој не го негираше тоа што го одговоривте и фала ви за тоа. А за односите какви ни се, тоа ти најмалку треба да го коментираш. Какви се такви се наши се (нели).
И да, не се сите адвокати крвопијци (да не се повторувам реков некој), а ако мислиш дека не заслужувам одговор немораш да одговориш. Извини на прашање. Поздрав и мислам дека е доволно, помогни на други во темава ако сметаш дека заслужуваат одговор.
 
Последно уредено:
Член од
29 октомври 2015
Мислења
6
Поени од реакции
2
Кровот е заедничка просторија која станарите заеднички се должни да ја одржуваат. НЕСПОРНО е дека и комшиите од долниот кат се должни да платат дел од платениот износ за поправка. Не е воопшто битно дали двата стана се посебни единки (како што велиш), а најверојатно тоа и се, со посебен влез секој стан, битно е што се наоѓаат во иста зграда, односно под ист кров. Сега прашањето кое се јавува е рокот на застаурување на евентуалното побарување. Според мене ова е класичен пример на надомест на штета, а кај надомест на штета, за жал рокот за застарување изнесува точно 3 години. Евентуално може да постои и стекнување без основ (комшиите се стекнале без основ-неосновано се збогатиле за износот кој не го платиле за поправка на кровот, а тие неосновано го платиле целиот износ иако биле должни да платат само дел од тој износ со што неосновано осиромашиле). Ова го пишувам бидејќи по овој основ би можеле евентуално да поведете спор со успех пред надлежниот суд со оглед на тоа што рокот за засатарување на побарувањата кај стекнувањето без основ изнесува 5 години.[DOUBLEPOST=1446413716][/DOUBLEPOST]
Со купување на нов стан од фирма (она што го нарекуваш прв промет) се плаќа само повластен ддв кој изнесува 5%. Инаку ддв-то паѓа на терет на купувачот, а го уплатува во УЈП продавачот, исто како и за секој друг производ кој се купува во самополсуга или ресторан.[DOUBLEPOST=1446413987][/DOUBLEPOST]
Дали имаш примено решение за престанок на работниот однос? Кога истото го имаш примено? Ако имаш дали имаш поднесено приговор против тоа решение? Ако немаш поднесено приговор дали е изминат рокот за поднесување на таков приговор? Ова е важно за да понатаму можеш да поднесеш тужба пред надлеѓен суд со која ќе го поништиш решението за незаконитиот престанок на твојот работен однос и ќе бараш враќање на работа и исплата на платите и придонесите за периодот додека незаконито не си била на работа.[DOUBLEPOST=1446414290][/DOUBLEPOST]
Не си доволно јасен, ама најверојатно дека извршителот исправно постапил. Мој совет е да да ги земеш сите документи - налогот за извршување од извршителот, како и извршната исправа (пресудата-решението) и правец кај адвокат кој доколку не е поминат рокот може да поднесе приговор против неправилности на налогот за извршување на извршителот, се разбира ако имаш докази дека извршителот со нешто ги пречекорил своите права (на пример си одредил превисока награда според нивниот трошковник, го повредил Законот за извршување и сл.)
Kratko i jasno kako mze dilgot od 48000 den za eden mesec da porasne na 59000 den ?
 
Т

Триптико

Гостин
Kratko i jasno kako mze dilgot od 48000 den za eden mesec da porasne na 59000 den ?
Дигитронот е неисправен. Што се чудиш толку? Награда за извршителот, за жена му, за швалерката, за оние квачки што куцкаат со нокти како нож остри... Трошоци се тоа, нема заебанција. А извршителска плата е толку мала. Се разбираме, нели? Жали се одма! Не чекај.
 
Член од
6 ноември 2015
Мислења
12
Поени од реакции
4
Здрво на сите. Имам неколку дилеми :
Живеам во зграда во Дебар мало со сопствен паркнг кој е затворен со рампа . Пред извесно време бевме на гости кај сестра ми и таму внуками (1год)падна и се здоби со крварење од аркадара . Нормално реакцијата беше -истрчување до клиника (навечер по 10часот) . По тој настан си тргнавме накај дома и возејки се му викам на сопругот "замисли да има некој паркирано пред рама" и ништо чудно имаше. Премногу се револтирав , зошто ?
Што ако се случеше тоа или било што кај нас дома ,што ако се случеше тоа на синот , на некој од нас ,на некој сосед др. Што треба да направиш во тој момент , пајак служба после 10 нема,(нема 24часа проверено) и да има се губи време додека да дојде ,полиција исто (викано доагат по поласаат и на страни државјанин и рентакар ништо не им можат),брза помош (додека се за доагање ти ке отидеш), такси може и да не те прими од кај да знам, да му ја искршиш колата па може да ги среди сите во паркингот (не е решение)... Несовесни луге кои иако гледаат толкава рампа пак блокираат влез -излес ,битно да ги изротираат сите кафани наоколу. До рампата има контејнери и колку што знам законски несмее да се паркира на некилку метри до нив .
Овој проблем ни е секојдневие. Слично како со пожарна што нема пристап од коли ......
До сега решение не најдов
Поздрав
 
Последно уредено:

Silvio

Strength And Honor
Член од
21 јануари 2009
Мислења
311
Поени од реакции
166
Хахахах брееј за еден кров очи си извадивме меѓу себе, правници, неправници, комшии, роднини, баџанаци :) Ако, малце динамика да се внесе, зошто да е едноставно кога може да биде комплицирано.
Инаку, не сум јас адвокат, магистер сум по казнено право, си ја печам уште струката. Али можам слободно да кажам дека многу работи што се направени а делуваат „плукни залепи“ од страна на правници (конкретно адвокати) така делуваат пошто за да се стекне знаењето и вештината многу се плукало за да се залепи низ текот на годините, па тоа делува така лесно после извесно време за обичните луѓе, лаици во правото. Во секоја професија постојат и хоштаплери и недоволно стручни и вешти луѓе, па така и во правото. Али квалитетот се покажува. Така да внимателно со ангажирањето на помош од било која област, но за тој што си работи чесно и ја разбира работата секоја чест. Овде се нуди правна помош кој колку може, знае, умее и што е најважно САКА, се тоа бесплатно. Не може никој член да очекува дека ке добие тука правно застапување од А до Ш и целосно решен комплициран случај преку пораки и бесплатно, тоа е чисто плукање на професијата.[DOUBLEPOST=1446813824][/DOUBLEPOST]
Здрво на сите. Имам неколку дилеми :
Живеам во зграда во Дебар мало со сопствен паркнг кој е затворен со рампа . Пред извесно време бевме на гости кај сестра ми и таму внуками (1год)падна и се здоби со крварење од аркадара . Нормално реакцијата беше -истрчување до клиника (навечер по 10часот) . По тој настан си тргнавме накај дома и возејки се му викам на сопругот "замисли да има некој паркирано пред рама" и ништо чудно имаше. Премногу се револтирав , зошто ?
Што ако се случеше тоа или било што кај нас дома ,што ако се случеше тоа на синот , на некој од нас ,на некој сосед др. Што треба да направиш во тој момент , пајак служба после 10 нема,(нема 24часа проверено) и да има се губи време додека да дојде ,полиција исто (викано доагат по поласаат и на страни државјанин и рентакар ништо не им можат),брза помош (додека се за доагање ти ке отидеш), такси може и да не те прими од кај да знам, да му ја искршиш колата па може да ги среди сите во паркингот (не е решение)... Несовесни луге кои иако гледаат толкава рампа пак блокираат влез -излес ,битно да ги изротираат сите кафани наоколу. До рампата има контејнери и колку што знам законски несмее да се паркира на некилку метри до нив .
Овој проблем ни е секојдневие. Слично како со пожарна што нема пристап од коли ......
До сега решение не најдов
Поздрав
Овој аспект не им влага во празните глави на „боемите“ што дремат по Дебар Маало у кафани по цели денови. Се паркираат кај им душа сака, само да се поблиску до кафана. Свест не доаѓа така лесно, некој размислува на тоа дека блокира пат и не се паркира таму, али друг не, си ја остава колата на сред улица. Кај нас јасно е дека треба да се деси нешто лошо, човек да настрада па да се покрене акција, да се реагира на некој начин. Превенцијата е непознат поим, иако нормативно е предвиден. Паркинзи на Општина Центар предвидуваат можност да се јавите да викнете пајак, така да во секоја можна прилика каде што има блокирање на улица, влез, пат по кој не може да помине Брза Помош, Пожарна и слично - викајте пајак. Нека ги креваат и казнуваат, па веројатно нема пак да се паркираат на лошо место. Пак ако се паркираат пак ке бидат одстранети. Од властиве наши повеќе тешко да ке добиеме за подобрување на сообраќајот, а уште помалце за подигање на свеста на надлежните и на возачите и на сите учесници во сообраќај општо.
 
Последно уредено:
Член од
29 октомври 2015
Мислења
6
Поени од реакции
2
Дигитронот е неисправен. Што се чудиш толку? Награда за извршителот, за жена му, за швалерката, за оние квачки што куцкаат со нокти како нож остри... Трошоци се тоа, нема заебанција. А извршителска плата е толку мала. Се разбираме, нели? Жали се одма! Не чекај.
Bratce ama pred toa e izracunata nagradata dva naloga dobiv ja da znaes kako mi idat na zivci nemam ni pojma kade da se zalam ni nisto pomagaj brat ili gi ubiv
 
Член од
11 август 2011
Мислења
83
Поени од реакции
34
Здраво. Имам прашање... Започнав да работам во школо за странски јазици, со 20 часа неделно, но ниту имам потпишано договор ни ништо. Ме водат ко хонорарец, но дали и за тоа треба да се потпише некој договор? Кога ги прашав за пријавување, ми рекоа сега оваа година прво да се докажеш, а тоа претпоставувам значи, ние ќе заработуваме на твој грб, за тебе нема да плаќаме ни придонеси ни осигурување, а ти ќе ни носиш пари, а при тоа платата, според усниот договор треба да биде 270 ден. од час, а последниот пат ми даваат 250 ден. од час. Демек хонорарците толку ги плаќаат бла бла. Ме интересира дали и ако работам ко хонорарец треба да потпишам некој мини договор бар и дали доколку им дојде инспекција јас можам да настрадам, бидејќи никаде не фигурирам како вработена, а веќе 1 година држам часови под капа на школово што е доста прочуено во Скопје, а од пријавување абер нема?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.695
Поени од реакции
12.108

не сум правник само сум работел по основ на разни договори (за работа, за дело, преку задруги...дури и за помалку од 1 месец) па од лично искуство- дали е договор за дело (како што читам го има во законот за облигациони односи), волонтерство или друг облик, дали ќе го наречеш хонорарец, треба да се има договор. Во секој од тие договори се назначени права, обврски и исплата на лицето. Без договор со редовни обврски работиш веројатно непријавен "на црно", освен ако нема некои измени (што не верувам) со закониве како се менуваат. Ама цела година :confused:
Овде има теркови од договорите (ако не се изменети) од 2014
http://www.kaunt.mk/Home/Page/12
 
Благодарам на одговорот. Тоа значи дека ова „еминентно“ школо за странски јазици заработува на грбот на млади дипломирани што со елан и желба работат да се докажат, а не ги ценат. Бидејќи знам дека не сум единствена. Очигледно потребно е јавно да се посочи за кое школо станува збор, бидејќи иако сум тазе дипломирана, верувам дека мојот труд (а и 10ките на факултет) треба да се ценат. Моја вина, но ќе знам за во иднина.
 
Член од
15 мај 2015
Мислења
13
Поени од реакции
1
Ми треба помош... Дали е дозволено странска фирма да ангажира работници државјани од Македонија, според македонското право. како хонорарци, за изработка на софтвер или слични работи??
 
Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.546
Поени од реакции
3.845
Што ми е потребно за возење на службена кола, и дали ќе ми прават проблем на граница? Колата е на име на фирмата на татко ми. И дали ми е потребна меѓународна возачка за до Грција?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom