Преку агенција продавам стан. Претходно ме запознаа со тоа дека треба да потпишам преддоговор за да може купецот да подигне кредит во банка и да ми ги исплати сите пари со потпишувањето на договорот. Меѓутоа, сега, кога го добив текстот на преддоговорот, испаѓа дека всушност јас, како сегашен сопственик на станот, треба да го ставам под хипотека за да му се одобри кредит на купувачот. Се исплашив дека тоа е опасен преддоговор за мене. Ве молам некој да ми каже каков е ризикот и дали тоа е „нормална и стандардна постапка“, како што ме убедува агентот од агенцијата преку која одам. Го наведувам членот од договорот во кој се одредува начинот на исплатата:
Член 5
Договорните страни се договорија и согласни купопродажната цена да се исплати на следниов начин:
· на денот на потпишување на преддоговорот за купопродажба , купувачот да исплати дел од купопродажната цена во износ од ________ од вкупната цена , кои ги обезбедува од свои средства и истите од лична трансакциска сметка ќе ги уплати на трансакциска сметка на продавачот,
· Остатокот од купопродажната цена , купувачот ги обезбедува од станбен кредит од деловна банка за која цел ќе се заложи станот предмет на продажба на што продавачот е сложен да пристапи кон потпишување на заложното право-хипотека и се обврзува и му стои на располагање да ги обезбеди сите потребни документи поврзани со предметната недвижност а заради нејзино заложување.
Краен рок за потпишување на главниот договор-нотарски акт е 30.04.2017 годи
Би требало да е стандардна процедура,ако е договорено како треба и има волја за исполнување на обврските од договорот,
Ти и само ти како сегашен сопственик на станот можеш да го ставиш станот под хипотека,како основа за издавање на кредит,затоа тебе те бараат за кредитот,банката работи само со носител на имотен лист,не ја интересираат неа желби,намери,ветувања дека некој сака да купи стан и дека редовно ќе си ги плаќа ратите..
Па потоа откако ќе се добие кредитот новиот сопственик на станот ти ги исплаќа тебе парите кои ги бараш за продажба на станот.си ја средувате таа промена на сопственост на нотар и тоа е тоа..
Не би требало да има проблеми,
но внимавај во договорот со банката или пак во пред-договорот што агенцијата го направила со можниот купувач.
Зошто ти како носител на кредитот ќе стоиш како должник во банката,мора да се јасно прецизирани одредбите во договорот дека купувачот во твое име ги превзема целосно сите обврски за исплата на ратите за кредитот,ти да немаш повеќе никаква врска со банката,ова ти е тебе најважно,да си ја добиеш сумата која ја бараш,да немаш повеќе врска со кредитот кој во твое име го подигнал сопственикот и потоа секој по својот пат,да не испадни на крај ова да не е регулирано во договорот па потоа ако не плаќа новиот сопственик редовно рати во банка па тебе да ти тропнат на врата,иако по закон нема ти повеќе да имаш никаква врска со станот затоа што е хипотекарен кредит кој би требало да го покрие кредитот,но ако има камати за долг кои би надминале вредност на стан се бива,па да те бараат потоа ,инаку новиот газда без да префрли се во своја соптсвеност нема да може да заврши процедура,ниту кај нотар,ниту во Општина кога ќе го плаќа данокот на промет на имот..
Ако не стои ова во договорот инстистирај на нов договор во кој јасно ќе биде се прецизирано,КОЈ,КАКО,ШТО,сепак во Македонија живееме,да на излези на крај од играчка плачка