Правилник за однесување кон новите членови | Подфорум Образование

Статус
Затворена за нови мислења.

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.146
Здраво дечки, ќе бидам краток и јасен.

На подфорумот за образование често доаѓаат млади лица, малолетни, средношколци, па дури и основци. Најчесто прават акаунти за да побараат некаква помош во врска со писмени, лектири, семинарски, матури и останато.

Сите сме свесни дека образованието не ни е во најдобра состојба моментално, и не гледам никаков проблем со тоа што од време на време се појавуваат ученици да побараат помош. Колку и да ви изгледаат смешни нивните барања, сетете се дека сите сме се снаоѓале на еден или друг начин, па ве молам воздржете се од завземање на некаква висока морална точка. Бидејќи во спротивно со оваа постапка само го докажувате спротивното. Наместо тоа, би ве охрабрил да излезете некому во пресрет, меѓутоа таа одлука ја оставам на вас како индивидуалци да си одлучите.

Забележав дека арогантниот однос кон овие лица преовладува на секоја тема, навистина е понижувачки, и воопшто не му доликува на едно возрасно (и судејќи според самите коментари, образовано) лице. Доколку не ви се допаѓа тоа што некој пробува на ваков начин да се снајде, културно избегнете ја темата наместо да оставате невкусни коментари. Истото важи и за спамање со „хаха“ или „тажно“ реакции. Како модератор, вреѓањето на деца ученици на овој подфорум од било кои причини го сметам за строго недозволиво, а како личност, за сосема одбивно и одвратно.

Очекувам после овој пост таквите коментари да престанат, а доколку продолжат ќе бидат бришани, ќе бидете предупредени, и/или ќе ви доделам казнени поени, во зависност од сериозноста на прекршокот.

Благодарам на разбирањето.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom