Правила на подфорумот Навивачки групи

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.329
Поени од реакции
27.873
Вака прво да се разбереме за да не дојде до несакани ситуации. Сите знаеме колку сме нетпреливи и со краток фитил за било каков збор да ни каже навивач од друга навивачка група било да е навреда или не. Затоа кратко и јасно ве молам во афект на нервоза или при победа на вашиот тим (зголемен адреналин) да не провоцирате други членови.

Ако видите провокација едноставно пријавете ја и ќе се санкционира во најбрз можен рок, многу попаметно одколку да вратите на истата и да стане темата каша попара, па ќе треба темата да се затвара, банови и слично. Обидете се да не дојде до тоа. :)

Правила на подфорумот Навивачки групи:

- Забрането малтретирање, навредување и закани на членови од други навивачки групи.
- Забрането објавување на слики кои го откриваат идентитетот на навивачот (Само за Мак Тифо групи).
- Забрането пцуење на членовите и омаложување на истите, како и омаложување на навивачката група.
- Забрането е искажување на омраза насочена кон раса, боја, национална или етничка припадност или религија.

Сите коментари кои содржат навреди ќе бидат избришани, воздржете се од било какви провокации. И да доколку поставувате слики од Македонски навивачки групи, обидете се фаците да се заматени, доколку се сликани од блиску. Ова не е задолжително, но пожелно е.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom