По што ќе ја паметите 2014 година?

По свадби. Неколку свадби оваа година.
Башка ги посетив роднините во Србија.
Кога ќе поразмислам се осеќам многу поблиску до целата моја фамилија оваа година.
Освен со моите. Уште ме нервираат. :)
 
Ме потсети колегата од погоре, свадби, цела година свадби, кога бев на последната веќе ми беше преку глава од свадби.
 
По финансиските проблеми. Ама ајде можеби во 2015 ќе биде подобро. :свиркам:
 
Кога мислам на нешта кои ми се случиле во животот никогаш не ги делам по години. Сите ги собирам во „лошо“ и „добро“. Сепак темата ме натера да размислам за оваа година. Се на се едно нешто - не сум задоволна.
Цела година се посветив на работата, не ужував, не се дружев колку што треба, не шетав, се нервирав и се лутев за небитни работи. Дозволував луѓето да ми се качат на глава и да ми се посерат на истата, а потоа плачев ко пичка зошто луѓето се толку клети и не фер. Кога сега ќе се завртам назад и ќе ги реализирам работите, излегува дека сакајќи да погодиш на сите, на крај ти пак си крив, и што е најбитно незадоволен. Не ме прави веќе среќна тоа што посветувам време на клети и небитни луѓе, не ме прави среќна тоа што им се наоѓам на луѓето кога им е најтешко, зошто сфатив дека ништо не вреди. Искрено неколку пати бев решена да го завршам сето ова што се нарекува живот, но секогаш ме спречува фактот што се најавени ептен големи филмски остварувања за наредните години :) . Плус сите серии што ги следам ќе ми продолжат во 2015. (У пм, ми ги пореметија плановите!) Депресијата се уште е тука, иако си ветив дека ќе бидам посилна, се уште не сум почнала со медикаменти баш затоа што си ветив дека ќе бидам посилна (ако почнам да се служам со субстанци ќе се побијам сама себе си во тврдењето дека сум силна независна жена - знам глупо ми е размислувањето) Не сакам совети, поддршка, кога ќе кажам дека ми е тешко и ќе почнам да се жалам не значи дека сум attention whore и сакам луѓето да ме сожалуваат, едноставно сакам да ми се ослободи душата со разговор. Поради тоа што сите ме сфаќат погрешно, сакам да ме остават на мира. Од екстремен екстроверт, сега сум интроверт, благодарејќи на 2014.
И да овде е ситуацијава во земјава, убиства и крадење на слепо од страна на „врвот“. Пари колку да се помине месецот (како знаеш и умееш).
А да имаше свадби, свадби, свадби, бебиња, бебиња, бебињ..(умре 2 дена после раѓање), па имаше и растурени веридби зошто младожењата си ја напумпал швалерката и ја остава девојка му од 7 годишна врска за да се ожени со другата (x2)
Значи заклучок, грда година
Колку и да звучи иронично и сурово, најдобро е тоа што, тој што го сакам не беше во ист град со мене оваа година. Подобро што барем него го заштитив од сите овие срања кои ми се случија оваа година. Нека седи таму кај што е, за да ми имаат значање барем викендите поминати со него.
За малце ќе го заборавев, секое другарство стекнато оваа година се „искомплицира“ (се мисли на прекината комуникација и дружење), поради тоа што мажите размислуваат со своите пениси, а не со своите глави.
Фала пријатно

п.с. Не очекувам 2015 да е подобра. :)
 
Конечно една подобра година да не се подречам....
Бар ке ја памтам по убави работи
Нервози секако имаше али не беа како предходната година
Од трите највазни работи што ми беа приоритет 1 завршив другата е до пола а третата се надевам дека ке ја завршам во 2015 што е мозно побрзо
Бев на незаборавен одмор супер поминав преубаво запознав доста нови луге некои позитивн некои да те искористат повеке излегував полека полека почнувам да излегувам од криза и осекам дека работите се двизат во правиот правец ....
За следната 2015 година ке си зададам усште неколу тарфгети кои ке се потрудам да ги постигнам па ке видиме дали ке успеам
инаку оцена од 1 до 5 оваа година ми помина 3и полмозеше и подоборо ама задоволен сум и со волку наредната година болје валда ке биде
 
Годинава ќе ја паметам по сите патувања. 2014та патував како што патував во претходните 5 години заедно, така да не можам да се пожалам.
Хајлајт на 2014та ми беше што успеав да ги видат личностите што ненормално многу ги почитувам.
trrf.jpg.jpg
:backa:
2015 please be gentle with me. :pipi:
 
По тоа што ми се случија многу работи поради кои треба да сум пресреќен и донекаде да се гордеам со себеси и една работа која ми ги уништи сите радости од гореспоменатите настани :kuracc:
Ако ништо друго, барем од здравјето не се жалам :icon_mrgr:
Ќе ја паметам и по тоа што како ретко кога бев еден од кондициски најспремните во маало, по тоа што се симнав и под 60 килогрми, ама последниве месеци тоа се е минато веќе :boksix:
 
  • Крајот на врската со средношколската љубов
  • Спроведување во теорија ,подобро еден вистински другар отколку 10 лажни.Го сакам:love:(no homo)
  • Епик одмор со гореспомнатиот другар и остала екипа
  • ФА Куп 2014
  • Маршовите
 
Многу време е една помината година. Денови 365, часови 8760, минути...
Многу се случуваше, многу мисли, зборови, дела, многу слози, многу смеење, многу саати поминати во дознавње дека си вишок сам на себе, заработување и трошење, одбројување датуми (омилени 01 и 15 во месецот :) ) Се трошеше и телово и умот, нервите ( и тоа како се трошат со секој изминат ден, особено кога ти вриштат хормони во ПМС)
Што да паметам, а што да заборавам...
Нема да ја мислам како година во која нешто се слушуваше, туку ќе ја паметам по плановите кои не стигнав да ги реализирам. Можеби во наредната, 2015 е убава бројка.
И ако пак на крајот нема да сакам да издвојувам настани, сигурна сум дека ќе се потрудам барем тие што се покрај мене да ја запаметат.
Да им оставам моја слика на ѕидот од нивните убави спомени!
 
Хмм..грда година..многу грда, лоша година. Паднав милион пати, вриштев, плачев, кинев..и скоро па никој не примети, не праша како сум. Се затворија многу врати, се надевам нареднава година ќе отвориме многу повеќе. Пред точно 12 месеци едвај чекав да помина 2013 и се надевав дека 14кава ќе биде барем малце подобро..аман хел ноу, бетер!
Се скарав со блиска другарка ради нејзин инат, прекинав контакт со х луѓе од необјасниви причини, избегавав луѓе што е можно повеќе. Сфатив дека освен на најблиските и тој/таа со кој менуваш телесни течности на никој друг не му е гајле.. Како и да е, се во животов е искуство, од се учиме и идеме даље!
п.с се натерав летово прв пат после којзнае колку време самоиницијативно да вежбам! :D Уште ногава да ја средам и пак да почнам..:(
и така..
 
Oд мај 2014, борбата против хоштаплерите и организираните криминалци од Топлификација и Регулаторна се води во Основниот суд, Скопје 2
По тоа ќе ја паметам оваа година.
Се борев и уште се борам. Помагам на сите кои се борат заедно со мене. Помагав конкретно но и со збор, утеха, подршка, охрабрување.....
Голема е сила против нас... Здружени клептократи и апла криминалци...
 
Прилично добро. Олеснително е чуството кога на непотребните “пријатели“ ќе им кажеш збогум, а и оние кои ти се прави пријатели некад знаат само за корист да те повикаат. Најчесто да им помогнеш, да им правиш друштво кога ги читаат сами книгите. Посебно онаа странска литература за која е потребно неколку души да ја растумачат. :D И на факс е добро.. сите испити до сега ми се положени, што ми дава некаква надеж за ауфвидерзен. :jeeee: Тоа е..
А да, и нема да се заборави кога Бразил изгуби 7-1 :oleee::cool:
Но, во секое добро има и нешто лошо. Јебига.
:kajgana:
 
Последно уредено:
Многу лоша и неуспешна година за мене. Премногу пасивна, мрзлива и незаинтересирана бев речиси цела година. А и немам по што посебно да ја паметам годинава, што поскоро нека заврши па после нели нова година, нов почеток.:tapp:
 
Nothing special,још једна у низу...Онака тотално ништо интересно не ми се деси,како да сум ја преспал цела година...здравје догодина подобро
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom