Поштувањето на родителите од денешниве деца.

Член од
2 јули 2014
Мислења
20
Поени од реакции
7
Темата ја пишувам да разменам и др. мислења,за да знам како да постапуваме натаму со децата.
Живеме сосема во др. време,каде никого не му е грижа за никого.
Многу малку ја има човечноста ,почита,и респектот према повозрасните.
Незнам дали ова е нормално,или мене така ми се чини.Како и секој родил кој го посакува најдоброто,така и јас давам се од себе да сум овде кога ќе затребам за моите деца.
Можеби и претерувам сп угодувањата,колку јас пружам не добивам ни третина почит од децата.
Се осејќам како еден предмет кој е тука само да се користи и остави.Така до сега беше,јас сум добра кога е потребна помош,во спротивна таткото е светец иако со прс не мрда.аА што најмногу ме боли е тоа кога највеќе ми е потребна помош тогаш си заминува од менеСамо кога е во прашање,некоја цел тогаш е тука.Сега кога сум оперирана во ногата и ми е најмногу потребана помош,ќерками реши одеднаш да си замине и ме остави.
Не сум сама силна како, и со што, понатаму да постапам за да ме поштува и мене??
Сте имале ли и вие некое такво искуство?

Благодарам
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Од старт грешиш. Децата нема да те почитуваат ако све шо праиш е играш како шо нив ќе им прдне.
Со оглед на тоа дека спомна дека ќерка ти си заминала очигледно е дека децата не се деца.
Не, неам деца и ќе зборам од аспект на син.
Мислам дека од старт треба на децата да им се воспостави кодекс на понашање. Али истовремено мора да му објасниш зошто воопшто го прави тоа што го прави, иначе ќе се осеќа ко да му го переш мозокот.
Мора детето само да разбере зошто тој кодекс на понашање му е потребен.
Ја не сметам дека секое дете треба безрезервно да ги почитува родителите. Постојат ужасни родители и постојат супер родители.
Со оглед на тоа како си поставена према децата очигледно е дека имаш најдобри намери за своите деца,
само ќе мора да поставиш граници колку лабаво они се понашаат према тебе.
Некои деца се осеќаат нелагодно кога станува збор за комуникација и блискост со родители па
така некогаш е можно да те почитуваат но да не знаат како да го искажат тоа.
Таквите врзувачки моменти треба да бидат уз муабет, а не да ги седнеш на маса и да им речеш седи сеа ќе збориме за тоа и тоа.
Мора да биде спонтано, пошо иначе ќе се осеќа ко загрозено.
Мислам дека проблемот е дека децата ти се премногу научени на твојата закрила и заборавиле како е да ја нема, и затоа заборавиле да
ја почитуваат.
А сите деца еволутивно се поврзани на емотивна база со своите родители.
Само треба повторно да ги потсетиш колку битен дел си од нивниот живот и што би значело да те изгубат.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Прво, се имаш лошо поставено.
Второ кажуваш дека се правиш за неа како тоа да е нешто за восхит, а реално тоа треба да биде дифолт. Секоја мајка има Обврска да прави Се за своето дете. И за тоа не треба да бараш ништо за возврат освен тој legacy да се пренесе понатака низ колената и твојата ќерка да прави се за своето дете и да не бара ништо за возврат.
Не велам дека не заслужуваш, не велам дека не треба да добиеш, само велам, конкретно на тој основ, немаш право да "бараш".
За да те почитува треба или да те гледа како возвишена личност, пример за све и свашта и почитта да и се јавува интуитивно, или да е Воспитана да Почитува.
Пошо ќерка ти не е ни едно од овие две, си го наебала, пошо више е возрасна и касно ти е за све осим за некој вид на сожалување и емпатија.
Во секој случај ти препорачувам да и се обратиш директно со зборовите "Mи треба твоја помош и подршка, те молам помогни ми".
Aко на тоа, како дете, одолее и не ти помогне, пиши пропало.
И ако во тој случај ти пак нешто се трипаш да и помагаш, оди утепај се.
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
друшке, децата не се тука за да им угодуваат на родителите. децата треба да имаат широко отворени крила и никогаш да не се очекува од нив ништо. само да имаме надеж дека на нив ќе им биде подобро и поубаво. се друго спаѓа во себичност. извини, но имам деца и ги оставам на раат. ако/кога мене ми е лошо, сам се справувам и не очекувам ни вода да ми донесат. треба да растат, да осознаат, да си го најдат своето место во светот, а не да дремат покрај мене заота што јас очекувам нешто од нив, ....................... респект и почит се добива и на поинакви начини, бар за мене
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.704
Поени од реакции
19.771
Od start koga ragjas deca, treba se da dades od sebe neochekuvajki za vozvrat nisto.. Tie ne pobarale od tebe da gi doneses na svet ti I partnerot ste odlucile za toa.
Si morala da trgas nastrana nekoj denar za teski denovi I nega.. zalno e ova ama moras da stisnes zabi I da razberes deka tie se tvoeto bogatstvo no ne I onie koj moraat da te pomagaat, a ti niv bez rezervno ke gi sakas I pomagas dodeka dises toa e toa.
Ti posakuvam brzo oporabuvanje.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Очигледно лошо си ги воспитала. Ако се им удоволуваш може само да ги разгалиш и после ќе сркаш тоа што си дробела. Доста зависи и од карактерот на детето некои ќе го ценат трудот некои си земаат здраво за готово.

И јас можам само од перспектива на син да зборувам пошто немам деца. Моиве дома на пример од кога памтам ги ставале моите потреби пред своите и со тоа ја заслужиле мојата почит ќерка ти очигледно твојата помош ја земала здраво за готово па би рекол сега веќе и не можеш многу да направиш. Теле се учи, вол не.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Жената никаде не пиша дека и е потреба парична помош од децата. Она кажува дека нема никакво внимание и почит од нив, а сигурно не бара да дремат до неа.

Само за споредба јас никогаш не сум дозволил мајка ми сама да оди на некој посериозен преглед, а не пак да ја оставам во случај на период после операција.
Тоа не е обврска туку човечност. Дури и сам сум и плаќал прегледи, само за да знам дека се е добро. И нешто силно што те тера да му помогнеш на родителот. ;)
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Жената никаде не пиша дека и е потреба парична помош од децата. Она кажува дека нема никакво внимание и почит од нив, а сигурно не бара да дремат до неа.

Само за споредба јас никогаш не сум дозволил мајка ми сама да оди на некој посериозен преглед, а не пак да ја оставам во случај на период после операција.
Тоа не е обврска туку човечност. Дури и сам сум и плаќал прегледи, само за да знам дека се е добро. И нешто силно што те тера да му помогнеш на родителот. ;)
убаво кажа, САМ си сакал (браво!). но во првиот пост она очекува. тука е проблемот. ко у стилу, јас те почешав, сега ти мене почешај ме. за дете НЕ важи тоа.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.696
Поени од реакции
12.109
.аА што најмногу ме боли е тоа кога највеќе ми е потребна помош тогаш си заминува од менеСамо кога е во прашање,некоја цел тогаш е тука.
како тоа си заминува од тебе? Не живеете заедно или нешто слично?
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
убаво кажа, САМ си сакал (браво!). но во првиот пост она очекува. тука е проблемот. ко у стилу, јас те почешав, сега ти мене почешај ме. за дете НЕ важи тоа.
Нормално е секој родител да очекува почит од децата и голема е болката кога децата ги игнорираат. А и она пиша дека таткото го почитуваат, а неа не. :eek:
 
Член од
2 јули 2014
Мислења
20
Поени од реакции
7
Така да појаснам керками и јас живеевме двете и тоа далеку од МКД .И таа секогаш беше против се,ете сега сака да замине од мене,се враќа кај таткои.Сега јас останувам сама иако ми треба нејзина помош.Мислев како дете да ми пружи малку внимание,љубов,...за се др имам јас од кого да чекам.А мојето прашање е како натаму за да не погрешам и со останати те мои дечиња.Благодарам
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Нормално е секој родител да очекува почит од децата и голема е болката кога децата ги игнорираат. А и она пиша дека таткото го почитуваат, а неа не. :eek:
од дете не треба да се очекува ништо друго освен да успее на некаков начин во животот, бар според мене:P
 
Член од
27 октомври 2009
Мислења
113
Поени од реакции
30
Читам мислења, и стварно незнам до кај е светов.
Работава е, родителите несмеат чаша вода да очекуваат од децата.

Како што родителот се грижел за детето, така треба и детето да се грижи за родителот. Да, детето треба да има слобода во животот, никој да не му се меша, но тоа не значи дека не треба да се грижи за родителот. Тоа е човечност, неможе да порасне детето и да не му е грижа за ништо и никого. Но и грижата неможе да подразбира 24-часовно присуство, па де ова, де она.
Но се тоа се сведува до родителот, како го воспитал и како се однесувал. Знам неколку лични примери комплетно спротивни. Детето доаѓа во рок од 12 часа од 2000 километри, да види што е проблемот со болниот родител. Но, и недоаѓањето на погреб на родителот после 20 годишна прекината секаква комуникација.

Во стабилно и нормално семејство каде детето е воспитано добро, се очекува и покрај дадена слобода во животот и без никакви пречки од родителите, на детето приоритет да му бидат родителите (секако после неговото семејство, доколку го има).
Но во семејство со проблеми, карања, разделувања, разводи, и детето го учи тоа што го прави родителот, така да, може се да се очекува.

во ова прашање, од членот на форумот, несакам ништо на нафрлам. Но по раскажаното, веројатно родителите се разведени, штом живеат на различни места, и по раскажувањето "таткото е светец итн...", не се во добри односи. Така да во поголема караница, секое дете би увидело кој е крив за расправиите, и се тоа би се сведело на различно однесување кон двата родитела. И се може да се очекува.

лично за мене. Зборувам од перспектива на син, пред кој предстои работна кариера. Мој сон е да го видам светот, не да патувам во светот, туку да живеам низ светот. Не за да ја напуштам родната земја и семејството, туку сакам да искусам живот во различни предели на земјата. Кога разговарав со родителите за тоа што го сакам јас, на мајка ми не и е сеедно. Таа сака да биде со семејството, и ми кажа дека нема да ми стои на патот доколку одам некаде, но таа би сакала да сме на блиско растојание т.е. Македонија. Јас мојата одлика не сум ја сменил, но мислам дека каде и да сум, кога мојте родители би имале некаков проблем, доколку сум во можност во најкраток можен рок би се нашол до нив.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Баба ми велеше: Една мајка ќе изгледа 100 деца, ама 100 деца неможат да изгледат ни една мајка.

Мислам дека оваа реченица доволно објаснува какви се повеќето денешни односи родител - дете.

Подлабоко во темата нема да навлегувам бидејќи сеуште немам мои деца па можам само да коментирам од друга гледна точка, односно како дете а не родител.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom