Почетоци на монотеизмот и корените на христијанството

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Корените на монотеизмот кои Евреите преку Јудаизмот му го пренесоа на Христијанството лежат многу веројатно во Египет и египетската религија. За време на ропството Евреите во Египет биле многубошци, дури Мојсие подоцна станал нивен водач, реформатор, и законодавец и ги пренасолчил во монотеизам. Историјата на Мојсеј, легендите кои го опкружуваат се типични за тој период и воопштени за слични “богови“ јунаци на антиката. Обично се тоа кралевски деца, чие раѓање доаѓа по период на потешкотии глад, неплодност, апстиненција, раѓането обично е проследено со предсказание или знаци кои го предодредуваат за големи дела, често детето бива напуштено или предодредено да биди убиено, но бива спасено од други луѓе обично со ниско порекло (некралевско) или од животни каде растат доживуваат авантури и на крајот биваат признаени нивната величина и слава. Таков мит меѓу првите беше за Саргон о Агада некои 2800 години ПНЕ, за понатаму да се пренеси во сличен облик на Мојсеје, Кир, Ромул, Едип, Карна, Телеф, Персеј, Херкул, Гилгамеш, Амфион, Зет.... и во сите овие митови во помала или поголема мера е присутен судирот и победата над таткото, кој е најчесто директно угрозен од своето чедо и делата кои треба да ги направи. Кај Мојсеј таа прикаска е малку изменета и тој е дете на сиромашни евреи кој бива прифатен и одгледан од кралско семејство. Мојсие е египетско име у ствари поточно кажано тоа е многу вообичаена египетска додавка на името и значи дете (МОСЕ), додека на еврејски Мојсие е (МОШЕ). Таа додавка ја среќаваме секаде :Амон-мосе - Амон дете, Птах-мосе - Птах дете, или по значение детето кое ми го поклони Амон или Птах... со тек на време долгиот предзнак се изгубил и останаал само додатокот МОСЕ или МОШЕ на еврејски а Мојсеј кај нас доаѓа од грчкиот превод каде е преведен како МОСЕС. Колку беше популарно и раширено се гледа и од имињата на египетските фараони Ах-Мосе, Тут-Мосе (Тутмес), Ра-Мосе (кај нас одомаќен како Рамзес). Дали ова значи дека Мојсеј беше египќанец ?? Ед Маер претпоставува дека е поверојатно да фараонот предупреден од некое пророштво го става синот во кошничка и го пушта низ Нил каде го спасува некоја Еврејска фамилија и одгледува, (затоа и очебијниот преокрет во легендите за да се претвори угледниот египќанец во евреин) Можда но не и сигурно и тука историјата фрла црн превез и не ни дава подетални информаци. Но да ја погледаме Египетската религија. Сите знаиме дека таа обилува со многу богови, како и огромниот култ и почитување на мртвите. Озирис, господарот на подземјето беше најпопуларен и најнеоспорен бог од сите, а имаше секакви богови со различно порекло и достоинство па дури и персонификации на природните појави и сили како земјата, сонцето, месечината а имаме и апстракции како МААТ вистината или џуџето БЕСОТ. Дополнително во таа гунгула од божества се и спојувања на боговите како Амон-РА кој е спој на Тебанскиот бого Амон со овновска глава и Ра богот на сонцето со глава на сокол секако тука се и едночудо магии, вражања, правења на глинени, камени, метални....идоли, прореквања, . Од друга страна го имаме Мојсевиот бог, еден и единствен, семожен кај кој човек не издржува ниту да му го види ликот ниту да му го слушни гласот, нема ни збор за задгробен живот каков го гледаа египќаните, нема идоли, магии, прореквања. Значи две диајаметрално спротивни религии. Но малкумина знаат дека египет еден краток период бил монотеистички! За време на 18стата династија, околу 1375 години ПНЕ, фараонот Аменхотеп 4ти, воведува вера во еден бог. Тој процес го почнал уште неговиот татко Аменхотеп 3ти кој го воведе култот на сонцето каков го практиковаа во храмот во Ону, но синот оди подалеку, сонцето го заменува со бог (Атон со Нутер Бог наместо Сонце). Една од химните на тој еден бог гласи: “ О ти единствен Богу, покрај кој не постои ниту еден друг“, тој дури го менува и своето име во Иханатон што во превод значи “Бог е милостив“ или “Бог е задоволен“. Сите изреки за демони, духови, чудовишта, дури и самиот Озирис беа фрлени во оган. Овој период траеше 17 години и по смртта на Иханатон, се враќаат на позиции старите богови. Но ова е интересно што периодот на владеењето на Иханатон е блиску до излезот на Евреите под водство на Мојсеј од Египет кој се случил околу 1300 ПНЕ. дали можат да се доведат во врска Иханатон и Египетскиот монотеизам , со Мојсеј, мистериозниот оснивач на новата вера, законодавец и водач со Египетско име и Јудаизмот кој настанал како огледало на Иханатоновата вера во еден бог, страшен и неумолив, вера која за малку предизвика граѓанска војна во Египет, и вера која беше збришана по смртта на Иханатон, и која вера можеби Евреите вратени од Егопет на чело со некој протеран или избеган египетски великодојственик (МОШЕ) ја донеле во Израел, од каде се изроди Јудаизмот па Христијанството.
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Во контекстот на настанување на јудаизмот од египетската религија и кон прилог на претпоставката дека Мојсеј бил египќанец се и две мошне битни одлики на јудаизмот, а тоа се обрежувањето и нејадење на свинско. Имено египќаните го практикувале обрежувањето и тој обичај ни го споменува Херодот како и одбојноста кон свињата поврзана со тоа што Сет како црна свиња го ранил Хорус. Зошто Евреите по излезоот од египет би ги усвоиле овие два обичаи на своите бивши господари и угнетувачи. Тоа не би имало никаква смисла доколку оној што ги водел и ја втемелил нивната религија и самиот не бил обрежан египќанец со одбојност кон јадење на свинско.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom