Потребни се Македонци кои ќе се приклучат на еден Online Song Contest

Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.448
Поени од реакции
38.554
Изборот се вика World Song Contest, постои веќе 7 години што го прави еден од најстарите online избори за најдобра песна. Изборот се одржува еднаш месечно - испраќаш песна која мора да ги почитува правилата на изборот, по што се гласа (гласаат сите членови) по евровизиски принцип. Неговиот администратор - Jonathan од Белгија успеа да го надгради и во еден од најмоќните и најуспешните вакви избори на интернет. Уште од самиот почеток на WSC јас бев единствениот претставник од Македонија, и долго време (до пред 5 месеци, кога одлучив да се натпреварувам со Финска) ја претставував Македонија таму. Имав дури и една победа, во септември 2009 со 120 (попозната како Везилка) - Фолтин. Сега Македонија ја претставува некојси (или некојаси) Danuse, и не му (и) оди баш најдобро. Многу држави се слободни во моментов, па затоа, кој ја сака музиката (препорачливо - алтернативни правци во неа), е добредојден да ни се приклучи. Од особена важност е фактот што многумина членови на WSC се дружиме и приватно, иако сме од различни држави од секаде во светот.

WebSite: www.world-song-contest.com
e-mail: grawees@yahoo.com (апликациите морате да ги пуштате на англиски јазик, зошто како што веќе споменав, администраторот на изборот е од Белгија)
Facebook Page (на изборот): http://www.facebook.com/pages/World-Song-Contest/25828786492
Facebook Page (моја страна, на Финска): http://www.facebook.com/pages/WSC-Finland/214139048639142

ЗА СИТЕ ПРАШАЊА, ТУКА СУМ!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom