Постојат ли искрени партнери?

C

Celsius

Гостин
Љубовта ја сваќам како спремност за себежртвување за партнерката која ја сакаш,едноставно таа е делот кој понекогаш ни фали.Така да ако зборуваме за ЉУБОВ тогаш постои искреност.

Истото важи и за жените и за мажите...едноставно имаат потреба од љубов,остајте мачоменовците кои пред другарите се фалат,па за потоа насамо пред девојката да плачат кукаат или да бараат сонца.
Апсолутно се сложувам. Доколку постои онаа вистинската љубов тогаш нема пречки за искреноста. Таа и да несакаш да ја дадеш несвесно ќе ти се лизне од раката.
 
С

Сатори

Гостин
Апсолутно се сложувам. Доколку постои онаа вистинската љубов тогаш нема пречки за искреноста. Таа и да несакаш да ја дадеш несвесно ќе ти се лизне од раката.
Илузиите се убава работа, спакувани се во мали слатки кутии, лесно се продаваат затоа што се барани на пазарот на трудот и да, сите ние ги употребуваме, е сега, разликата е во тоа дали делузивно ќе се лажеме самите дека постои искреност или ќе ги лажеме другите со како беше терминот, да, океан лаги. :)

Никој не би сакал да знае дека дечкото/девојката си замислува садо-мазо со некој на другата маса само затоа што изгледа како да има голем к*р или големи гради, или дека бившиот/ата му се јавила да му/и каже дека сака да се врати назад или дека најдобр(иот)ата пријател/ка ја сонува секоја вечер и изгледа му се појавуваат чувства за неа.Дека намерно го исклучил мобилниот затоа што сакал да помине една вечер со пријателите, дека му кажала дека ја боли глава а всушност била излезена со другарките во шопинг и не сакала баш да го види тој ден.Листата продолжува до бесконечност и е нешто со кое што сите живееме, затоа нема потреба од тоа дополнително да се лажеме дека можеме да бидеме искрени.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom