Постапка за царинење на стока за физичко лице

Член од
12 август 2009
Мислења
26
Поени од реакции
2
Здраво момци,
Се надевам дека ќе добијам совет и објаснување од вас во врска со царинската постапка.

Сакам да нарачам e-book reader од САД кој чини 289$, а тоа значи дека ќе треба да се царини.

Е сега ме интересира постапката за царинење на стоката во различни начини на испорака. Имам две опции:

1. Да ми стигне преку регуларна пошта и царина да одам да си платам во царинска пошта која е кај Железничка. Меѓутоа ме интересира како оди тоа царинење таму. Дали носам кеш, им го давам на цариниците, они мене ливче и јас со ливчето кај поштенскиот работник и e-book-от со мене?

2. UPS испорака е вториот начин кој е поскап, побрз ама и посигурен. Разликата е некои минорни 20$, ама мислам дека постапката е покомплицирана, зашто некој ми спомна дека треба да плаќам лежарини на царината на аеродром, па уплати на средствата, изјави и сл.

Според тоа што јас го знам треба да платам 15% царина и 18% ДДВ (зашто сигурен сум дека нема да го окарактеризираат како компјутерски дел, што и не е всушност).

Дали овие мои претпоставки и шпекулации се точни? Споделети ги вашите искуства.

Ви благодарам

Ок, дознав дека доколку пратката оди преку UPS или Fedex ќе треба да се ангажира шпедиција или преку нив да иде цела постапка, а услугата би ме чинела 2000 денари + ДДВ.
Најверојатно преку Македонска пошта постапката би била полесна, ама од нив еве чекам ПЕС 2010 да ми стигне веќе 14 дена и абер нема да се појави, па веќе и се откажав од нејзе. Катастрофа!

Sony - Macedonia #fail big time!!!
Mакедонска пошта #fail even bigger!!!
 
Член од
5 јуни 2007
Мислења
890
Поени од реакции
9
www.customs.gov.mk најверојатно ти е веќе објавена постапката, али ако те мрзи да бараш пиши им меил, ревносни се ќе добиеш веднаш одговор.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom