cYb3rc0re
~ место за реклама
- Член од
- 3 мај 2005
- Мислења
- 914
- Поени од реакции
- 170
Или имејл-адреса или 1.500 евра казна
Според Законот, околу 60.000 компании од земјава имаат уште десетина дена да пријават имејл-адреса за да не заработат казна
Компаниите што до крајот на месецов нема да пријават имејл-адреса во Централниот регистар може да заработат казна од најмногу 1.500 евра. Оваа новина произлезе од измените во Законот за едношалтерскиот систем, кој неодамна стапи во сила.
Голем број фирми во земјава прв пат слушаат за оваа новина. Според Законот, околу 60.000 компании во земјава имаат уште десетина дена да пријават имејл-адреса за да не заработат казна. Тоа, наместо електронски, мора да се изврши на шалтерите на Централниот регистар. Компаниите реагираат дека не се информирани и дека повеќето од нив не комуницираат електронски.
- Ова ми го испрати сметководителот и се вчудовидев. За 10 дена треба да пријавам електронска адреса за да не ме казнат. Ова го има само во луда држава. Секој ден се менуваат закони, се тресат казни од ракав, со цел побрзо да се полни државната каса. Никој од моите колеги не е информиран, па морам јас да ги известувам за да не бидат казнети. Смешно е што меѓу нив има и постари лица кои не знаат да користат тастатура, а не пак интернет. Ова можеше посуптилно да се изведе, без постојано да ни се закануваат со казни - вели еден стопанственик кој инсистираше да остане анонимен.
Има и такви што воопшто не знаат дека ваква законска новина е донесена.
- Прв пат слушам. Ќе се јавам кај мојот сметководител дали тој знае нешто за тоа - е почестиот одговор што го добивме од фирмите со кои контактиравме.
Интересно е што и поголем број од сметководствените бироа во земјава не се информирани за ова.
- Па ова не е фер. Не можеме ние постојано да следиме што се менува. Законите се менуваат секојдневно и ова не е издржливо, с` нешто ново се бара од компаниите, а во спротивно се закануваат со казни - велат од сметководственото биро со кое контактиравме.
За законските новини компаниите се известени само со едно соопштение на интернет-страницата на Централниот регистар.
„Се известуваат сите субјекти запишани во трговскиот регистар и регистарот на други правни лица дека согласно Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, кој стапи во сила на 25 февруари 2011 година, субјектите запишани во трговскиот регистар и регистарот на други правни лица имаат обврска најдоцна до 1 април 2011 година да поднесат пријава за упис на адреса на електронско сандаче (е-маил адреса) за достава на писмена и други податоци кои се донесуваат во електронска форма преку едношалтерски систем“, стои во известувањето.
Целта на ваквото решение е да се намалат трошоците за достава на известувањата и на документите од Централниот регистар. Оттаму информираат дека пријавата на имејл-адресите се врши со пополнување едноставен образец и додаваат дека до 1 април пријавувањето е бесплатно, а дека подоцна ќе чини 500 денари.
Инаку, Законот предвидува глоба од 500 до 1.000 евра за компанијата и глоба од 250 до 500 евра за управителите на фирмите што нема да ја исполнат оваа законска обврска.
ИЗВОР: дневник.
други линкови: како да пријавите емаил адреса (во 100 чекори)
Мој коментар:
Уау, човече, во земјата на информатичари, каде секое дете има компјутер, каде сите проблеми на избор на тендери, станови за социјални случаи, кој ќе добие стипендија и кој ќе добие студентски смештај во дом се избира преку компјутерски системи, централниот регистар реши да не почести на Гоод Ол Фешн Веј да мораме да внесеме емаил адреса (важи за сите правни субјекти). Казната е 1500 евра, а после први април, кошта 500 денари. До први април, е бесплатно.
Епа благодарам, ЦРМ, на едноставната, бесплатна и брза процедура. Сега ќе спијам подобро знаејќи дека ќе треба да потрошам уште еден мој работен ден да удоволам на вашите потреби. За после како на господин да ми праќате по емаил и други вакви „прости“ процедури.