- Член од
- 6 февруари 2005
- Мислења
- 9.722
- Поени од реакции
- 248
Napisov kojsto denes go procitav vo utrinski me ostavi bez zdiv, so solzi vo ocite i mi stavi kapak na site losi raboti vo 2005 godina. Eve - ovaa e realnosta vo Makedonija. Ne vi treba politika nitu matematiki, statistiki ili nesto drugo za da se vidi kako zivee narodot. Posakuvam da nema takvi raboti i lugeto da ziveat kako sto treba vo narednata godina. Ova e poveke od zalno - ova e CPAMOTA!!!! Na takvi lugje treba da im se pomogne a ne na kriminalci kako Gruevski, Crvenkovski, Buckovski, Georgievski, Tarculovski i ne znam uste koj ne koisto ne zasluzuvaat da go trujat sekojdnevieto so tolkava medijatizacija. Turete im pepel - ne vredat!!! Eve do sto go dovedoa narodot :
Да не се добрите луѓе, досега ќе умревме од глад и од студ
Не сакам да имам многу, само покрив над глава и каква-таква работичка за да можам да им дадам на децата да јадат секој ден, вели Тања
Единствените приходи на Димчевски се 2.300 денари социјална помош. Тие се без сопствен покрив над глава и привремено живеат во една соба во викендичка во скопско Визбегово
МАЈА ТОМИЌ
Таа сонувала дека еден ден ќе биде позната балерина. Си замислувала како со трчање ќе лебди со ситното тело над подиумот, како изведува некаков прекрасен танц, како публиката се восхитува на нејзината игра, ја опсипува со цвеќиња и Ј аплаудира, а таа ќе биде среќна и насмеана, бидејќи се исполнил нејзиниот животен сон - да биде балерина.
Тој сон веќе одамна е избришан од нејзината меморија и нема никогаш да се врати. Поминале многу години, се пролеале многу солзи. Животот ја втурнал во сосема поинаква, сурова стварност. Наместо со балетски чевлиња да гази по театарскиот подиум, нејзините ситни ножиња секој ден чекорат по долгата, крива, каллива, селска патека. Наутро итаат по некаква работа, доцна попладне итаат назад, дома, во скромната собичка. Нејзината публика денес се очињата на двете деца, кои се радуваат на доаѓањето на мајка си, во нестрпливо исчекување дека таа ќе им донесе нешто убаво за јадење во малата, бела, кесичка што ја носи со себе. Тука е и сопругот, кој поради болест, не може да оди секој ден да моли за работа. Нејзина најголема желба е тие детски очи еден ден да бидат весели, да се тргне од нив стравот и исчекувањето и да остане само детската радост и љубопитност, како кај сите детски очиња.
Тоа се Тања, Павле, Драгица и Тијана Димчевски од Скопје. Тие се едно од 60.000 семејства во државава кое живее со 2.300 денари социјална помош и едно од неколкуте илјади бездомници. Моментално живеат во едно сопче од викендичка во скопското село Визбегово, Качанички пат. "Еден добар човек се сожали на нас кога пред извесно време останавме на улица и без покрив над глава. Ни понуди да живееме тука, а до кога не знаеме", почна да раскажува Тања, поканувајќи нў да влеземе во сопчето и извинувајќи ни се што нема со што да нў почести.
Сопчето е тесно, со трошен мебел. Има еден креденец, полн со куклички, два кревета, една масичка и шпорет на дрва. На него има тепсија со печени компири. Тоа е ручекот за тој ден. На прозорецот виси ветво перде. "Креденецот е наш, купен по свадбата, велат Тања и Павле, а другите работи се подароци од добри луѓе, кои ни дадоа и телевизор. Чешмата е надвор во дворот. Тоа сопче е и кујна, и бања, и спална, и детска соба". Тоа е целиот нивни свет во кој ги поминуваат деновите и ноќите, без пријатели, без другарчиња. Неколкуте телевизиски канали се нивниот прозорец кон светот. Соседните понекогаш без пари им даваат дрва, компири или грав, но некогаш им ги продаваат поевтино.
"Не помнам од кога сум без работа, со години. Бев работничка во "Газела" . Како технолошки вишок земав по некој денар од Агенцијата за вработување. Веќе одамна сме на социјална помош. Ништо не можеме да сториме со тие пари од социјално. Нешто ќе купам за јадење, но за неколку дена, пак, немаме што да јадеме. Преживуваме благодарение на добри луѓе кои ни даваат повремено храна и облека. Да не се тие, досега ќе умревме од глад и од студ. Сите тие што ми помогнале досега ги доживувам како многу блиски, како сестри и браќа. Една од нив неодамна ми најде привремено работа, да чистам во зграда за 3.000 денари месечно. Сега треба да ги земам првите пари. Со душа ги чекам", вели Тања.
Павле лани работел неколку месеци со договор на дело, како градинар во Стоматолошката клиника. Го одржувал паркот околу клиниката, но тоа траело кусо време. Сега е на списокот на невработените. Има 45 години и знае да бојосува автомобили. "Работа нема. Многу пати сум побарал, повремено и работев кај еден газда за малку пари, но неколку месеци не можам да барам работа, бидејќи имав сообраќајна незгода. Фала му на господа, лесно се извлеков со неколку скршени ребра", вели тој.
Тања завршила средно балетско училиште. Сакала да продолжи да учи, но мајка Ј починала и морала да почне да работи. Го наследила нејзиното место - зад шивачката машина во "Газела". Нема ниту татко. Мајка му на Павле, пак, е жива.
"Имам жива мајка, ама не знам што човек беше. Не сака да ме види, а има можност и да ми помогне. Повеќе ни помагаат други луѓе отстрана, отколку моите роднини", вели Павле. Тања додава: "Да беа живи моите родители, немаше вака да завршам. Ми остана само една сестра. Таа сега живее во семејната куќа од татко ми. Во прво време кога се зедовме и ние живеевме таму, а потоа таа ме натера да потпишам нешто, ветувајќи дека ќе ми даде дел од имотот, но ме излажа и ме избрка", си спомнува Тања.
Семејството Димчевски донеодамна живеело во барака кај еден Албанец, кај кого Павле работел околу поправка на автомобили. Живееле во дел од трошна барака, без вода, но дошол денот кога газдата решил да ја урне бараката за да изгради друг објект. Така останале на улица. Неколку денови биле сместени кај сестрата на Тања, но откако таа им рекла да си одат, живееле малку време под кирија. Додека можеле да плаќаат, но спечалените пари за кусо време се потрошиле.
"Најважно ми е да најдам работа. Сў што ми помагаат луѓето е привремено. Многу сум им благодарна на сите, но храната брзо се троши и не знам што потоа. Имам здравствени проблеми, ама ако. Ќе работам додека можам. Само да можам да најдам постојана работа и да знам дека секој месец ќе примам некаква плата. Бидејќи ми е јасно дека денеска сме тука, но утре може пак ќе нў избркаат од овде и не знам што ќе правиме. Да има некој да нў поучи каде да побараме социјален стан, како да најдеме работа", прашува Тања.
Драгица и Тијана седат уплашено и стуткано на креветот до татка си и не сакаат да зборуваат. Можеби животот ги направи такви, се прашува мајка им. Иако тие имаат девет и пол и осум години и двете одат во второ одделение во основното училиште "Вера Циривири Трена" , во населбата Карпош. Не можат редовно да ги завршуваат годините, поради честите селидби. До скоро Тања ги носеше секој ден на училиште со селскиот автобус. Се разбира, без да платат билет. Сега не може да ги носи затоа што мора да оди на работа. Не може ниту татко им Павле, кој сў уште ги чувствува последиците од сообраќајката. Директорката на училиштето досега покажала многу големо разбирање за нивната ситуација и лани им подарила бесплатни книги. Но, годинава немаат книги за учење. Од септември досега и многу малку биле на училиште, а сега веќе две недели не посетуваат настава, бидејќи се болни. И покрај тоа, не пијат лекови. Здравствените картони од социјално не ги покриваат трошоците за оние лекови што им се потребни.
"Јас се шверцувам во автобус. Некогаш ќе дојде контрола, ме брка, но некогаш ме оставаат. Ќе почнам несвесно да плачам и ќе се сожалат", вели Тања.
Таа со искра светлина во очите вели дека секогаш кога може оди на часови по богослужба, но многу Ј е жал што нема време за тоа. "Многу ми е убаво на душата кога сум во црква. Два-трипати сум била и со девојчињата. Сакам почесто да одам, ама немам време и можност. Не сакам да имам многу, само секој ден да имам што да им дадам на децата за јадење. Се молам да ги изведам на прав пат и да имаат сигурен покрив над глава", посакува Тања. Нејзиниот глас трепери несигурно. Таа се прашува кога и дали воопшто ќе се случи тоа. Одговорот е непознат. Одамна не може да го најде ниту одговорот на прашањето зошто токму ним им се случуваат толку сурови нешта и каде е излезот од маѓепсаниот круг наречен живот.
Kolegi - izvinete za latinicata : smenete oti pisuvam od linuksot a seuste ne sum instaliral kirilica na nego...