Не знам со сигурност за маслото за јадење и шеќерот, но мислам дека се тоа увозни производи
Колку што знам шеќераната во Битола одамна не работи
Маслодајна во Велес, колку знам само рафинира увозно масло, односно не преработува сончоглед
Други фабрики колку што знам немаме
Се чини на светските берзи поскапеле маслото и шеќерот
Кон тоа се надоврзува падот на еврото во однос на доларот
Мислам дека за тоа се работи
Очекувам твое мислење бидејќи ти си многу подобро упатена од мене.
Колку што знам, единствена шеќерана имаме во
Брилијант е штипска фабрика. Шеќерана немаме увезуваме од Србија. Ние во Македонија немаме готов Македонски производ, значи буквално се увезуваме или како готов или како суровини. Брилијант увезува и преработува, го пакува и го продава. Плус увезуваме дополнително масло за јадење од Србија и од Грција.
Проблемот е што неможеме да ги контролираме трошоците, владата притиска со години да останат истите цени, се со цел мир у куќа, али едноставно не се издржува. Не е работата да се поскапе јагнешко и јајца пред Велигден или зејтин пред зимници, работата е што овие 3/4 години сите продукти се поскапени, од млечни, месни, козментика, бебешки производи дури и тоалет. Првиот судир е помеѓу секторите во реален сектор. Оној што носи тегли ги покачува цените, оној што ги откупува се буни за цената оти помалку му купуваат, а оној што ги вози покачува оти нафтата е поскапена. Тој што ги произведува му се покачила струјата. И сите меѓу себе се караат оти едноставно ем нема пари, ем народот е сиромашен и нема со што да купи. Ова како пример, али буквално сите се за врат фатени меѓу себе. И круна на се најголем работодавец и неплаќач е владата. Епа иди издржи да те видам, нема веќе пари под перница да се внесуваат со години тоа зборат од комора, нема пари во оптек правете нешто приберете се.