Здраво дечки.
Баш пред некој ден му едитирав еден куп фајлови на PC на другар(имал некој проблем со истите). Кога ги средив сакав да им направам
мало реименување.
Rich (BB code):
C:\Users\djagula\BEG>dir
Directory of C:\Users\djagula\Desktop\sync-test
22.09.2021 21:22 <DIR> .
22.09.2021 21:22 <DIR> ..
12.03.2021 08:14 210,231 BEG_01.2021.pdf
12.03.2021 07:46 209,819 BEG_02.2021.pdf
27.06.2021 14:35 276,971 BEG_03.2021.PDF
27.06.2021 14:44 209,542 BEG_04.2021_05-2021.pdf
16.08.2021 22:37 149,320 BEG_07.2021.PDF
18.09.2020 02:16 70,116 BEG_08.2020.pdf
16.09.2021 23:59 148,846 BEG_08.2021.pdf
19.10.2020 07:56 225,468 BEG_09.2020.pdf
17.11.2020 21:14 209,747 BEG_10.2020.pdf
16.12.2020 22:33 209,303 BEG_11.2020.pdf
14.01.2021 20:08 209,590 BEG_12.2020.pdf
11 File(s) 2,128,953 bytes
Единствено што сакав
е со cmd да им реименувам само дел од името,
поточно пр. од BEG_01.2021.pdf во BEG_01-2021.pdf. (ова нормално за сите фајлови одеднаш „.“ кај датумот да се замени со „-“ бидејќи нели не е добра пракса во име на фајл да има точки). Сум реименувал и претходно голем бр. фајлови одеднаш, но ова никако не можев да го откријам, па затоа овој пат го изработив рачно.
Пробав вака али не ми успеа:
Код:
ren BEG_*.*.pdf BEG_*-*.pdf
Барав на нет. али нигде нема добро објаснување. Но сепак ме интересира дали има некој поефикасен начин за конкретниов случај ? (со cmd или fileExplorer)