Помош - сакам да градам!

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.000
Поени од реакции
3.089
Прва работа е дали покривот е стандарден (да штрчи) или скриен (со ѕидче околу него), потоа дали да го правиш со лим, со сендвич панели или можеби ќерамиди, во сите варијанти си треба олуци, со ќерамиди и лим се троши повеќе граѓа, мора гредите да бидат погусто и одозгора пак да биде покриено со даски и се става изолација, а некој ставаат и вуна на плочата за подобра изолација, кај сендвич панелот гредите се поретки и трошиш даски само на линијата каде ги шрафиш панелите, поретко ставаат вуна оти во панелот имаш некаква изолација.

Кај скриениот покрив дали ќе биде со лим или сендвич мора со плех/лим да се покрие и ѕидчето, ќерамиди никој не става на скриен покрив, кај стандардниот покрив пак мора да се стави и ветробран (или како и да се викаше заборавив), односно од работ на покривот до ѕидот на куќата мора да биде затворено за да не мораш да се сеќираш дали ќе ти летне покривот, ако не влегува ветер одоздола нема шанси да летне ако се е затворено.

Опциите отприлика се тие, цените, дигитронот и сметај што ти е поисплатливо, но сметај и што ти е поубаво и кое полесно ќе се направи, ако ти го прави мајстор сметај дека секако ќе те одере која и варијанта да ја одбереш, толку многу е исчистена конкуренцијата во тој сектор што изборот ти е да немаш избор, многу избегаа во странство, а и многу се откажаа и работат ако ептен мораат (некој како мене).
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
4
Поени од реакции
1
Здраво,
сакам да го израмнам дворот и на едниот крај мора да се направи потпорен зид. Дали е потребна некаква дозвола за истото, се работи за плац во маврово. И дали некој знае колку чини рамнење на плац, како пресметуваат по метар квадратен или кубен…
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.440
Поени од реакции
5.417

Ne veruvam deka nekoj moze da ti dade cena bez da vidi na lice mesto. Obicno za rabota na bager naplakaat od cas. Jas pred 4-5 godini, ako pamtam dobro, plativ 2500 denari/saat
 
Член од
14 август 2018
Мислења
3.789
Поени од реакции
8.252
Здраво,
сакам да го израмнам дворот и на едниот крај мора да се направи потпорен зид. Дали е потребна некаква дозвола за истото, се работи за плац во маврово. И дали некој знае колку чини рамнење на плац, како пресметуваат по метар квадратен или кубен…
За потпорен ѕид не треба дозвола, тоа сигурно!
За пополнување и рамнење не сум сигурен, но мислам дека не треба и за тоа…

Е сега колку кошта рамнење, на лице место ќе ти направат предрачун. Ама багер/комбинирка испод 80€ саат нема! На ова рачунај и одвоз на материјал.
Тоа сам ќе си видиш..
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.713
Поени од реакции
1.489
Здраво ми треба една информација, сигурно е некој запознаен,
Имам плац во близина на Охрид и ме интересира како се движат цениве моментално за изградба на куќа 9 на 9 на еден спрат со една плоча клуч на рака ?
фала
Шо напрај,најде изведувач?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom