Toma
Корона стронг
- Член од
- 22 април 2014
- Мислења
- 4.156
- Поени од реакции
- 3.388
Прва работа е дали покривот е стандарден (да штрчи) или скриен (со ѕидче околу него), потоа дали да го правиш со лим, со сендвич панели или можеби ќерамиди, во сите варијанти си треба олуци, со ќерамиди и лим се троши повеќе граѓа, мора гредите да бидат погусто и одозгора пак да биде покриено со даски и се става изолација, а некој ставаат и вуна на плочата за подобра изолација, кај сендвич панелот гредите се поретки и трошиш даски само на линијата каде ги шрафиш панелите, поретко ставаат вуна оти во панелот имаш некаква изолација.
Кај скриениот покрив дали ќе биде со лим или сендвич мора со плех/лим да се покрие и ѕидчето, ќерамиди никој не става на скриен покрив, кај стандардниот покрив пак мора да се стави и ветробран (или како и да се викаше заборавив), односно од работ на покривот до ѕидот на куќата мора да биде затворено за да не мораш да се сеќираш дали ќе ти летне покривот, ако не влегува ветер одоздола нема шанси да летне ако се е затворено.
Опциите отприлика се тие, цените, дигитронот и сметај што ти е поисплатливо, но сметај и што ти е поубаво и кое полесно ќе се направи, ако ти го прави мајстор сметај дека секако ќе те одере која и варијанта да ја одбереш, толку многу е исчистена конкуренцијата во тој сектор што изборот ти е да немаш избор, многу избегаа во странство, а и многу се откажаа и работат ако ептен мораат (некој како мене).