Помош, проблеми, прашања, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
Уште ли е оноа - нема графички, скупи се...
или се опраи работата?
може ли се да си купам компјутер или јок?
Поевтини се али не би купивал да сум на твое место освен ако мораш излегува 7 ген АМД.
Ако не ти се чека има добри делови ако имаш кој да ти склопи пребилдовите се претежно полни со ѓубре од делови што се најмалку продава.
 
Здраво, дали некој има користено ваков тип на држач за тв и каде најлесно/најбрзо можам да најдам/купам:

Дали е ова слично на тоа што го бараш?
Техномаркет - SBOX FST-305 37"-55" TV FLOOR STAND W/CABLE MANAGEMENT (tehnomarket.com.mk)
 
Здраво, дали некој има користено ваков тип на држач за тв и каде најлесно/најбрзо можам да најдам/купам:

Имаш и за монтажа на ѕид (wall stand), во таа варијанта имаш повеќе избор и поприфатливи цени.
 
Здраво, ми треба помош од некој кој се разбира од хардвер :)
Сакам да ја надоградам рам меморијата на веќе постоечката која е на сликата со уште една од 16GB но не сум сигурен на што треба да се внимава освен на брзината која во случајов е 2666MHz.

ram.jpg
 
Прегледај го приврзокот 345649
Освен брзината само ти е битно да е иста генерација, капацитетот и фирмата не се битни.
 
Имам монитор што го користам многу време веќе, постар е ама брка работа. Од пред некое време почна да прави проблем кога го конектирам со лаптоп, се поврзува нормално и дава слика една секунда и после црн екран, но останува конектиран.

За да се добие слика единствено решение сега ми е да го вадам и конектирам кабелот многу пати (десетина минимум) и добивам слика. После некое време ако се остави на sleep, пак се враќа црниот екран.

Сменив кабли, VGA и напојување, пак исто. Мислев прво да не е до тоа што користам VGA to HDMI адаптер за конекција, ама пробав и директно со VGA кабелот нема разлика.

Прашањето ми е сега дали да го фрлам и да си земам нов монитор или има некое решение за ова?
 
Ако не ти игра улога во работата т.е ако промената на нов монитор не ти значи, не вреди да трошиш време и да се заебаваш дефекти да наоѓаш на стара опрема. Види боље половен најди за мала сума или ако имаш опција купи си нов, ќе ти трае пак со години.
 
Пред 4 дена купив напојување Gigabyte B700H. Е сеа ко го уклучив многу зует ко струјно празнење некако. Го однесов кј тој шо ми го продаде таму не зуеше го вратив дома пак зует. Разгуглав малце многу луѓе се жалет на истово со овај модел. Некој совет нешо како да го решиме? Според HWMonitor све си е исправно доволно вати испорачвит нишо не прегреват све супер работит ама шуштит.
 
нека ти го замени со некое друго. Напојувањата на гигабајт не чинат баш. Прав гигашит се у други зборови.
 
Ај што нечинат ама гигабајт почна и бомби да прави. :pos:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom