Помош при купување на облека онлајн

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.658
Голем дел од нас кога ќе слушнат за порачување на облека од интернет строго негираат и не сакаат да ризикуваат, и сосема се во право, да ја погодиш точната големина која што ќе ти одговара тебе е тешко доколку не си упатен во таа работа. Темава ќе биде за помош при одбирање на облека, како да препознаеме добар од лош квалитет, како да ја дознаеме величината која ја носиме на фармерки, маици, јакни, патики итн.

1. Се што треба да знаете при купување на патики, чевли итн.
Купувањето на овие производи на интернет е лесно и едноставно.
- Како да ја дознаете големината на вашите обувки.
Се што треба да направите е да ја измерите вашата нога во (cm).
Универзалната табела на величини е на сликата.

Пр. доколку вашата нога е 40cm тогаш според американската величина вие треба да гледате за патики со големина од 7.5 па нагоре.
*При порачување преку интернет секогаш гледајте дали во описот на производот се наоѓа некоја табела со овие величини, доколку се наоѓа внимателно одберете ја вашата величина. Доколку нема слободно контактирајте го продавачот.

2. Се што треба да знаете при купување на маици.
Купувањето на маици е тешко и потребно е поголемо искуство.
- Како да ја дознаете големината на вашите маици.
Пресметувањето на големината на вашата маица се основа на следниве мерки:
- Length
- Chest
- Shoulder
- Sleeve
- Neck
- Како да ги измерите горе наведените делови од вашата маица:
Едноставно е и лесно, се е објаснето на сликата.


*Кога сакате да порачате од интернет секогаш барајте во описот табела со величини, и да знаете дека секоја фирма што произведува маици си има свои величини, во голем број величните не се исти.

3. Се што треба да знаете при купување на кратки пантолони.
- Како да ја дознаете големината на вашите кратки пантолони.
Пресметувањето се врши така што се пресметуваат следниве мерки:
- Waist
- Hip
- Length
Само следете ја сликата:

2. Waist
3. Hips
Length мерката се мери исто како и на маиците, се мери одозгора па надоле.

*Исто и при оваа облека треба да се внимава на табелите кај продавачите, секој производ си има различни мерки.

4. Се што треба да знаете при купување на фармерки.
- Како да ја дознаете големината на вашите фармерки.
Мерењето на вашите фармерки се основа на овие мерки:
- Waist
- Thigh
- Hips
- Open
- Crotch
- Length


*Исто и тука величините не се исти кај сите производи, затоа внимавајте.

5. Се што треба да знаете при купување на јакни.
- Како да ја дознаете големината на вашата јакна.
Големината на вашата јакна се мери со следниве мерки:
- Chest
- Neck
- Waist
- Sleeves


Како и сите други производи така и овој, величините варираат кај различни произведувачи на облека.


На оваа тема можат да се водат дискусии за порачување преку интернет, совети, препораки итн. Доколку имате нешто нејасно слободно прашајте, се надевам дека некој што порачувал од интернет ќе објасни подетално.

Додека порано беше три пати мери еднаш сечи, сега е три пати мери еднаш порачуј. :icon_lol:
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.849
Поени од реакции
10.443
имам зимано само од Алиекспрес и до сеа неам утка направено.
секој продавач има вакви објаснувања па сеа ако си толку дудук да не разгледаш тоа е друго.
доста помага фидбекот, обавезно читам коментари, дали е сигурен, за што квалитет се работи итн.
доколу ми се свиѓа некоја маичка, гледам колку парчиња најпрво продал па понтаму размислувам за тоа дали ке ја порачам или не :P
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
А бе друго е на слика друго кога ќе стаса тука, не е само бројот ајде можи да го погодиш, ама како се чувствуваш ти во нејзе капиш?

Кај нас овде жените купуваат за мажите :icon_lol:, и тоа е факт а факт е затоа што не гледаат на облеката како парче крпа за да не ти студи во зима :icon_lol:.

Ајдеееее исто како педер креатор сега се чувствувам :icon_lol:....
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
:eek: наука е овоа бе!
 

PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
... и треба да знаете дека од 01.06.2013 царинава засилено со раширени раце чека онлајн купени производи :) Поготово за патичиња и брендирана облека :)
 
Член од
9 септември 2008
Мислења
769
Поени од реакции
322
... и треба да знаете дека од 01.06.2013 царинава засилено со раширени раце чека онлајн купени производи :) Поготово за патичиња и брендирана облека :)

Зошто ? може да објасниш подетално ?
 

PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Зошто ? може да објасниш подетално ?
Не е проблем, ке ти објаснам :) Од 01.06.2013 година македонската ни царина ги зајакна мерките за проверка на порачани производи преку пошта бидејки последно време многу зачести увозот на телефончиња, патичина, облека..., та сакаш од aliexpress, ebay, dx, brando и еден мал милион други онлајн продавничиња... До посочениот датум не беше проблем да си порачаш добра марка на кошулче, панталонче, па и патиче во вредност над 45 евра (утврден лимит за интернет купување т.е пратка по пошта кадешто секое физичко лице е ослободено од дополнителни трошоци) од 10 порачки 2-3 ке беа царинети останатите со добро познатиот печат ОСЛОБОДЕНО ОД ЦАРИНА или НЕ ПОДЛЕЖИ НА ЦАРИНСКИ ПРЕГЛЕД... И за телефон не беше проблем, саати, парфеми стигаа без царина... Ама од 01.06 господата почнаа да праќаат писма на домашни адреси на тематика донеси ми фактура од прозиводот (во царинска испостава пошта 2 Скопје) т.е. извештај од банка за трансакција, фактура на email итн итн, без разлика колку е напишано на пратката и дали стои добро познатиот GIFT :) Од лично искуство пред 5-6 месеци си порачав патики и пантолони без проблем, пред месец дека си порачав повторно патики и оп дома писменце со тематиката опишана погоре... Бидејки не бев во државата отиде еден другар да ги земе итн небитно, пред 15 дена пак си порачав една добра пантолонка (55 евра) пак истото писменце и пак истите шетања... Кога прашав од кога со писменца ми го кажаа датумот и причините... Иако царината води двојни аршини, не дека сите плакаат царини, но добро е да се знае дека требаат пари за у буџет и да не се залетуваме премногу за парчиња над 45 евра... Инаку кога спомнав патики, добро е да се напомене дека без разлика на цената патиките се царинат со 25% царинска стапка и 18% ДДВ, па макар чинеле и 5$ и нормално поштата малце да заработи + 70-150 ден поштенска лежарина :) (Oсвен ако не си во перфектни односи со поштарот па да ти ги донесе до пред врата :) )

Најново што го добив од нив е следниов меил :

Почитувани,

Царинската основица на која се засметува пропишаната царинска стапка освен царинската вредност на самата стока ги опфаќа и сите други важни елементи кои влијаат на царинската вредност а се платени за да се изврши увозот на предметната стока. Најчест елемент кој влегува во царинската вредност е трошокот за транспорт.

Со почит,

Царинска управа на Република Македонија

Значи треба да се внимава и на поштарината, ако производот заедно со поштарината надмине 45 евра оп дополнителни торшоци :) Исто така треба да се одбегнуваат скапи парчиња облека преку DHL, ке си имате работа со шпедитери и трошоци кои започнуваат од 2500 ден па нагоре.

Не е лошо да се знае и ценовникот за царинење пред да се впуштиме во шопинг :)
 
Член од
9 септември 2008
Мислења
769
Поени од реакции
322
Фала многу за одговорот,иначе јас чекам пратка да ми стигне ја порачав пред 10 дена се работи за капа,и сега што ако ми стигне капата после 1-ви ? ќе треба дополнително да платам нешто така ? 23 долари ме кошташе се исто така имам во план понатаму да порачам патики само патиките ќе бидат 200 долари веројатно
 

PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Фала многу за одговорот,иначе јас чекам пратка да ми стигне ја порачав пред 10 дена се работи за капа,и сега што ако ми стигне капата после 1-ви ? ќе треба дополнително да платам нешто така ? 23 долари ме кошташе се исто така имам во план понатаму да порачам патики само патиките ќе бидат 200 долари веројатно
Не не за капата ништо нема да платиш 23$ не се проблем, патиките ке бидат ,,проблем" За нив ке платиш данок и цариснка стапка :)

Btw ако не е тајна прати ми линкче од капата и патичињата тука или по пп да ги видам :)
Јас лани си порчав капче исто 23 :$ :)

 
А

Атомската мравка

Гостин
Да не знае некој дали има шанса да се намали барем 1 конфекциски број.. Порачував од интернет ама испадна малце поголемо од тоа што планирав, читав нешто демек со врела вода имало шанси да се намали доколку има памук во составот ?
 
Член од
18 јануари 2013
Мислења
24
Поени од реакции
13
Да не знае некој дали има шанса да се намали барем 1 конфекциски број.. Порачував од интернет ама испадна малце поголемо од тоа што планирав, читав нешто демек со врела вода имало шанси да се намали доколку има памук во составот ?
Зависи за што станува збор.Јас лично имам намалувано неколку мајци на кратки и блуза ( памучни ) во сушара.Само ќе пазиш на колку степени ги ставаш да не ти излезат помали од очекуваното :)
 
Член од
31 мај 2012
Мислења
116
Поени од реакции
79
Дали може некој да ми помогне ми треба ваков елек хл или некој што се растегнува, може и сличен, за фотошут за еден ден, каде да најдам или да купам секое инфо е добродојдено :)
 

Attachments

Kajgana Shop

На врв Bottom