Помош при избор на велосипед и останата опрема (цени, совети, споредби...)

Член од
22 октомври 2020
Мислења
48
Поени од реакции
70
Zdravo jas sum pocetnik me interesira do 30 000 den predlog na velosiped da mozi i na povisoki mesta da se vozi t.e.planina fala
 
enzo8

ファックユー
Член од
1 октомври 2023
Мислења
433
Поени од реакции
1.447
Zdravo jas sum pocetnik me interesira do 30 000 den predlog na velosiped da mozi i na povisoki mesta da se vozi t.e.planina fala
Јас земав TRINX M1000 PRO ама не успеав многу да го возам, само една година го возев и сум презадоволен, сега за жал ми скапува во подрум во МК али како и да е, у тој ценовен ранг ти е и за мене е топ избор за тие пари.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.299
Поени од реакции
5.036
Zdravo jas sum pocetnik me interesira do 30 000 den predlog na velosiped da mozi i na povisoki mesta da se vozi t.e.planina fala
Ако си почетник прво треба да научиш како правилно се вози точак на асфалт со сите останати перипетии околу техниката на возење па откако ќе направиш неколку тури до 100,150км да почнеш да возиш по планини.
 
Член од
22 октомври 2020
Мислења
48
Поени од реакции
70
Ако си почетник прво треба да научиш како правилно се вози точак на асфалт со сите останати перипетии околу техниката на возење па откако ќе направиш неколку тури до 100,150км да почнеш да возиш по планини.
Mislenje za velosiped do 30 000.Koga rekov pocetnik mislev za velosipedi ne gi razbiram mnogu inace aktiven sum so sport 15 god. pozdrav.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.052
Поени од реакции
7.104
Mislenje za velosiped do 30 000.Koga rekov pocetnik mislev za velosipedi ne gi razbiram mnogu inace aktiven sum so sport 15 god. pozdrav.
Trinx m1000 pro што ти го препорачаа (а ценовно е под 500 евра).

Одличен е за сите терени. Единствен недостаток му се кочниците, иако му се хидраулика. Ако те навлече велосипедизмот, планирај +150 евра инвестиција во Shimano MT200 кочници.

Ако сакаш "бренд", ќе треба да инвестираш повеќе од 50 000 денари за солидна опрема.
 
enzo8

ファックユー
Член од
1 октомври 2023
Мислења
433
Поени од реакции
1.447
Кога сум веќе тука, колку би можел да го продадам сега истиот точак? Една година возен и од октомври скапува во подрум. Не си одам за МК веќе со кола инаку би си го качил.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.052
Поени од реакции
7.104
Кога сум веќе тука, колку би можел да го продадам сега истиот точак? Една година возен и од октомври скапува во подрум. Не си одам за МК веќе со кола инаку би си го качил.
Пробај прво со 20 000, па спушти до 18 000 ако нема интерес. Под 300 евра не вреди да го даваш, макар ти скапува во подрум.

Да можеш да присобереш уште 9000 и да не му ја мислиш дали ќе апгрејтнуваш кочници би ти го препорачал овај
Хибридот е најлошата одлука за некој што не знае каков терен ќе вози. За офроуд е катастрофа, а спуст на сува земја ризик по живот.

Ако намената е возење по кеј и/или одење на работа, единствено тогаш е правилен избор.
 
Член од
22 октомври 2020
Мислења
48
Поени од реакции
70
Polar Mirage pro ili Trinx max pro 1000 koja e podobra opcija
 
Член од
20 мај 2023
Мислења
533
Поени од реакции
2.327
Сакам да го купам точаков, за низ град, за по кеј. Не ми е јасно и ме интересира ова тркалово, 26" или 28". Како точно да знам колкаво треба, дали има значајна разлика у возењето?

Screenshot_20240429-162129.jpg
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.299
Поени од реакции
5.036
Сакам да го купам точаков, за низ град, за по кеј. Не ми е јасно и ме интересира ова тркалово, 26" или 28". Како точно да знам колкаво треба, дали има значајна разлика у возењето?

Прегледај го приврзокот 414814
За низ град не ти треба 28 тркало туку 26 бидејки е помало и полесно се управува при вртење.Предноста на 28 е нешто поголема удобност ради поголемиот дијаметар бидејки малку подобра удобност што е предност на подолга релација и возење претежно на право како што е кеј на пример но затоа за маневрирање е нешто потешко од 26 тркало.Побитно ти е кога ќе застанеш позади точакот тркалата да се поклопуваат едно позади друго во права линија без отстапување отколку таа големина што не ти е јасна.
 
Член од
6 јуни 2013
Мислења
14
Поени од реакции
1
Здраво, купив road со 95 campagnolo record 8 speed опрема. Левиот менувач не работи. Сакам и да му направам сервис: касета, ланец, лагери и се тоа ќе се снајдам сам имам работено механика ама не со велосипеди. Ме интересира што е најпаметно. Дали да купувам Campy делови кои што тешко се наоѓаат тука и се доста скапи. Или да правам комбинации со Shimano. Исто некој мајстор што знаете да ги разбира овие комбинации и што поправа шифтери итн. да е со нормални цени. Не може работна рака за сет квачило на дизел возило и комплетен сервис за велосипед исто да ме кошта...
 
Ај побарај го Мартин Младеновски еден од најдобрите сервисери кој моментално работи во една продавница за турски велосипеди во Злокуќани кај Канал 5 телевизија спроти ромското маало:
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
186
Поени од реакции
238
Дилема во избор :

Нов велосипед ми треба за
1) секојдневно возење низ град, кој има бајги џомби и дупки по улици и тротоари
2) пар пати во седмица одење во тура од 15-20 километри, што вклучува брдски предел, некои земјени терени, повеќето асфалт
За ова второво, стариот точак, еден стар ефтин МТБ-хибрид, е лош.

Уште некои работи да се земат во обзир:

2) Овој здравствен експерт со добро реноме предупредува против кардио вежби од умерен интензитет, и предупредува дека високо-интензивни кардио вежби тешко се прават правилно без физиотерапевт, и тоа го земам сериозно.
ИЧ НЕ ме интересира точак за атлетски достигања, сакам само за шетање и уживање.

2) Буџетски, НЕ ми се троши повеќе од ~25000МКД, а и толку може е премногу.

3) Височина 180см.

Се мислам кој и каков точак да изберам.
Некои очигледни кандидати

POLAR https://www.bikemarket.mk/?route=product/product&product_id=857
TRINX M1000 https://trinxbike.ru/product/m1000-pro/
TRINX M700 http://www.trinx.com/index.php?ac=article&at=read&did=1802

Што би рекле?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom