Помош, ларви во пунчот

Член од
11 јуни 2012
Мислења
185
Поени од реакции
222
м’к како ќе каеш ти така нека биде.
Кој бе црни 90 целзиусови степени, од што спори ќе има во него од антракс ? Не се занасај,ако може на 54 степени да се пастеризира млеко во кое што може да се развие најопасната бактерија и да убие квасци во пиво и вино шо стануе за едни бели црви ?
Еве јас ти гарантирам дека и коњ да стаиш на 54 степени сат време дека ќе цркне коњот не па микро организам, кој што опстојува на собна температура, плус у замрзнувањето.
Збориме за пастеризирање не за стерилизација.
у секој случај ќе си каже чоекот де било успешно или не било успешно.
Има спори од бактерии кои остануваат и по термички третман (стерилизација) од температура и од 120 степени. прочепкај малку микробиологија че ти стани јасно.
Јас мислам дека е најдобро стерилизација, зошто штом се развиле ларви сигурно имало услови и да се развијат и други микроорганизми.
Во домашни услови можеш да постигнеш температура најмногу од 95- 98 степени повеке не затоа фрли се, тоа е :)
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881

Абе аман шо кажа, ако е така дај да не јадеме ништо, па во се има микро организми бактерии спори ама баш во се ама не гледам нешо сите да одат по улица и да повраќаат нонстоп и сите од труења да умираат.
Со пастеризацијата ќе ги убие оние нај штетните со останатите ќе се справи организзмот.
Бре невидена работа,се кој од кој по стручњак ебаго.
Како ниогаш во живот да немате јадено ајвар или слатко од тегла која што горе фатила мувла па само со лажица се исфрла горниот дел, како никојпат да не сте каснале кашкавал кој фатил зеленко, како да се немате напиено скиснато кисело млеко, цреши исклучиво без црвчиња, аман бе вие се стерилно јадете и пиете бреееееееее све под кристални ѕвона садени.
Туку колку да се издудла кај киселиов не нешо друго :pos:
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Чим фатил ларви фрлај....... може да фатиш некоја болест....... подобро нов пунч направи одколку да бидеш болен :)
 
Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
Абе аман шо кажа, ако е така дај да не јадеме ништо, па во се има микро организми бактерии спори ама баш во се ама не гледам нешо сите да одат по улица и да повраќаат нонстоп и сите од труења да умираат.
Со пастеризацијата ќе ги убие оние нај штетните со останатите ќе се справи организзмот.
Бре невидена работа,се кој од кој по стручњак ебаго.
Како ниогаш во живот да немате јадено ајвар или слатко од тегла која што горе фатила мувла па само со лажица се исфрла горниот дел, како никојпат да не сте каснале кашкавал кој фатил зеленко, како да се немате напиено скиснато кисело млеко, цреши исклучиво без црвчиња, аман бе вие се стерилно јадете и пиете бреееееееее све под кристални ѕвона садени.
Туку колку да се издудла кај киселиов не нешо друго :pos:
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Храна во која што има ларви нема токсини , ларвите ти се само плус белковини. :D
И дај не замарајте ќе пише чоеков утре задутре шо било и како бил ( ако може да пише )
 
M

Muranyi

Гостин
Ете ти,добропознат ти даде добра идеја.Моеш да тркнеш до најблиската теретана и да го шитнеш како протеински шејк со органско потекло.Мислам греота е да се фрли пунчот.
 
Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Ја читам темава и волшебничка и познатиот си ги замислувам вака
 
M

Muranyi

Гостин
Има спори од бактерии кои остануваат и по термички третман (стерилизација) од температура и од 120 степени. прочепкај малку микробиологија че ти стани јасно.
Лол.А зошто тогаш постои т.н. наречена мала стерилизација на 121 степен?o_O
 
Член од
11 јуни 2012
Мислења
185
Поени од реакции
222
микроорганизми има насекаде... тоа е точно да
ама си слушнал за патогени бактерии кои предизвикуваат болест во организмот???
па ако сакаш да ги имаш повели слободно не внимавај и терај си на инает ако ти одговара.
Стерилизација најмногу се врши околу температура 105 степени. Не се препорачува поголема температура зошто храната го губи квалитетот, протеините коагулираат, витамините се губат и сл.
прочитај те малку
 
Извини,не знаев дека пишуваш за храна.Но сепак нема спора која ќе издржи температура од 121 степен.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Извини,не знаев дека пишуваш за храна.Но сепак нема спора која ќе издржи температура од 121 степен.
Има бе како нема, патогени вируси у храна, еве да речеме ебола или шпански грип, може и црна куга, шо знаеш шо има у тие ларви.

Ало бре месо кое што се готви одмрзнувано замрзнувано транспортирано со ризици од триста болештини вируси спори ти реков ми рече потребно е да достигне 74 степени во внатрешноста за да биде безбедно за јадење оваа ми збори за 120 степени стерилизација :pos:
Го вадиш од релна и оп одма у грло на 121 степен додека е стерилно да не го полази мува или да не расцветала некоја мувла у близина :pos:
--- надополнето: 8 декември 2013 во 03:10 ---

Да не ти се спие ?
Витамини,протеини и остала багра почнуваат да се уништуваат на 84 степени, добро бе од кај ги вадите ова бројкиве и правилава ?:icon_lol:
Кој патогени ги очекуваш ти во храната , Кравјо лудило, Шап и лигавка,Антракс, Коцкидоза ,Миксомитоза,северно нилски ?
Ако се плашиш од една салмонела.... еднаш настегај се нешо расипано ќе имаш мака три дена после цел живот ќе си ја влечеш салмонелата без никакви проблеми и отпорен ќе си бидеш.
 
Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
dobro poznat, сакам да ја запознаам баба ти, мајке ми. :icon_lol:
 
Член од
11 јуни 2012
Мислења
185
Поени од реакции
222
Извини,не знаев дека пишуваш за храна.Но сепак нема спора која ќе издржи температура од 121 степен.
да те информирам од книга очи извадов од барање каде сето тоа сум го прочитала во 3 сатот:
и тие се: спори на термофилни бактерии B.subtilis, B.megatherium i B.stearothermophilus.
Учебник по микробиологија на храна што учиме од неа на факултет.
Има бе како нема, патогени вируси у храна, еве да речеме ебола или шпански грип, може и црна куга, шо знаеш шо има у тие ларви.

Ало бре месо кое што се готви одмрзнувано замрзнувано транспортирано со ризици од триста болештини вируси спори ти реков ми рече потребно е да достигне 74 степени во внатрешноста за да биде безбедно за јадење оваа ми збори за 120 степени стерилизација :pos:
Го вадиш од релна и оп одма у грло на 121 степен додека е стерилно да не го полази мува или да не расцветала некоја мувла у близина :pos:
--- надополнето: 8 декември 2013 во 03:10 ---

Да не ти се спие ?
Витамини,протеини и остала багра почнуваат да се уништуваат на 84 степени, добро бе од кај ги вадите ова бројкиве и правилава ?:icon_lol:
Кој патогени ги очекуваш ти во храната , Кравјо лудило, Шап и лигавка,Антракс, Коцкидоза ,Миксомитоза,северно нилски ?

Ако се плашиш од една салмонела.... еднаш настегај се нешо расипано ќе имаш мака три дена после цел живот ќе си ја влечеш салмонелата без никакви проблеми и отпорен ќе си бидеш.
Бројките ги вадам од учебници од кои учам на факултет. Значи некој си ја мавал главата со истражувања за да напиши нешто паметно и некој паметен да го прочита тоа. Не ми кажувај глупости зошто сите знаеме дека не сме ни свесни колку луѓе имало кои биле жртви на тие бактерии кои биле во храната.
Не се прави паметен прво едуцирај се па зборувај
 
M

Muranyi

Гостин
да те информирам од книга очи извадов од барање каде сето тоа сум го прочитала во 3 сатот:
и тие се: спори на термофилни бактерии B.subtilis, B.megatherium i B.stearothermophilus.
Учебник по микробиологија на храна што учиме од неа на факултет.

Бројките ги вадам од учебници од кои учам на факултет. Значи некој си ја мавал главата со истражувања за да напиши нешто паметно и некој паметен да го прочита тоа. Не ми кажувај глупости зошто сите знаеме дека не сме ни свесни колку луѓе имало кои биле жртви на тие бактерии кои биле во храната.
Не се прави паметен прво едуцирај се па зборувај

:)
Штом веќе студираш,би требало да ти е познато дека стерилизацијата е процес на потполно уништување на сите микроорганизми,вклучувајќи ги и бактериите и нивните спори.Токму b.stearothermophilus,како една од најрезистентните спори на високи температури се користи за контрола на процесот на стерилизација,поточно кажано биолошка контрола покрај физичката и хемиската.Парната стерилизација во автоклав(со водена пареа) може да биде на 1. 135 степени во времетраење од 7 минути доколку материјалот е затворен и 3 ипол минути доколку материјалот е отворен и сето ова на 2 ипол атмосфери и 2. 121 степен во времетраење од 20 минути и притисок од 1.2 атмосфери.

Спорите на стеаротермофилус,откако ќе поминат циклус на стерилизација се праќаат во РЗЗ или пак ГЗЗ и таму се засадуваат и читаат резултати после 48 часа.Доколку не развие колонии,т.е.резултатот е негативен тоа значи дека процесот е валиден и стерилизацијата е успешна.Доколку резултатот е позитивен,тоа значи дека нешто изостанува во процесот,автоклавот не е технички исправен и не смее да се користи до сервисирање,во спротивно може раководното лице да сноси одговорност-дури и да одговара кривично.

Парната стерилизација на 121 степен е стандард насекаде низ светот и не е предмет на дискусија.Не знам дали сакаш да ме смоташ или пак треба да си го смениш учебникот,но еве јас ти стојам на располагање во секое време за се што е поврзано со стерилизација и сите нејзини видови;)
 
Член од
11 јуни 2012
Мислења
185
Поени од реакции
222
стерилизација на млеко
При термичка обработка млекото се загрева на висока температура доволно време за да се уништат сите вегетативни и спорогени микроорганизми. Во практиката се применуваат два методи на стерилизација: комбинирана и едностепена.
При комбинираната стерилизација млекото најпрвин се загрева на 135 С, 15-20 сек, а потоа се оладува на 20-30 С, се полни во соодветна амбалажа и повторно се стерилизира на 114С (20-30мин.)
едностепената стерилизација која почесто се користи во праксата се спроведува краткотрајно загревање на млекото на температура од 135-140 С, и потоа следи оладување до 20С и полнење во стерилна амбалажа под строго асептички услови.
За стерилизација се користи полномасно млеко , кондензирано млеко, а поретко обично млеко.
од хигиенски аспект млекото наменето за стерилизација треба да биде со подобар квалитет од млекото кое се пастеризира. Пред стерилизација млекото задолжително се хомогенизира. Со тоа се стабилизира казеинскиот комплекс и се подобрува неговата топлотна стабилност.
При стерилизација се можни одредени непожелни згрутчувања на млекото. Такви промени се: делумно згрутчување и таложење на млечните албумини и глобулини, карамелизација на шеќерите, уништување на биолошки активни материи (витамините), како и промена на бојата и вкусот.
По правило, стерилизираното млеко не би требало да содржи живи микроорганизми. Меѓутоа, процесот на стерилизација може да го преживеат некои спори на изразито термофилни бактерии: B. subtilis, B. megatherium, B. stearothermophilus и др. Можноста за развој на овие спори е доколку млекото се чува на повисоки темпрератури ...........................

има уште ама мака мие да пишувам. Ако ова тука не е точно шо не верувам тогаш и јас ве лажам. Пишувам за млеко зошто тука беше нагласено, се подразбира дека овие бактерии живеат и на други хранливи подлоги. Ако не е тајна каде студираш/работиш?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom