- Член од
- 30 август 2008
- Мислења
- 2.232
- Поени од реакции
- 286
Se nadevam deka i forumite ke se sledat,a ne samo faceboocite,duri mozam da kazam deka forumite se po opasni..
Полицијата ги следи Фејсбук националистите
Полицајците се на Фејсбук, не за дружење туку ги следат групите кои повикуваат на протести и шират меѓунационална омраза. Од МВР велат дека за насилниците е известена и централата на Фејсбук. Социолозите сметаат дека ова не е нова појава, туку нешто што е присутно и по потреба се распалува од политичките елити.

Се разгоре говорот на омраза на социјалните мрежи. Се повикува на протести, на насилства, одмазди. После струшките настани, втор ден на Фејсбук се бие националистичка битка, која се најавува дека ќе заврши со собири на улици. Закажан е протест во Битола, а веќе 300 луѓе го потврдија своето учество. Организаторите не го пријавиле протестот во полиција. МВР дознало од социјалната мрежа.
- МВР започна интензивно да ги следи овие дебати, овие групи што се формираа. Веќе од страна на единицата за борба со компјутерски криминал е упатено писмо до Фејсбук за укинување на групите коишто користат говор на омраза и коишто повикуваат на ширење на меѓуетничка, меѓуверска нетрпеливост и нетолеранција. – вели Иво Котевски – портпарол на МВР.
Но МВР има уште само неколку часа за да ја укине групата пред протестот што е најавен за утре. Не смее никако наивно и сеирџиски отстрана да се читаат коментарите во кои се поттикнува меѓунационална омраза. Професорката Стојановска, предупредува на моќта на социјалните мрежи.
- Мораме да ги сфатиме сериозно социјалните мрежи, особено кога станува збор за уривање на некој вредносен концепт, за исмејување на некоја етничка група, на некоја конфесионална група. Во овој случај имаме флагрантно повикување на омраза. Бидејќи вие повикувате, а тој повик може да вроди со соодветна реакција - изјави д-р Татјана Стојановска од Филозофскиот факултет.
МВР ќе ги следи профилите на луѓето кои преку социјалните мрежи ги разгоруваат меѓуетничките односи. Во овие сензитивни моменти многу е важно политичарите да внимаваат какви пораки испраќаат.
- Не директно, меѓутоа на индиректен и суптилен начин, одредени членови на политичката елита го поддржуваат можеби нееклатантно овој тип на омраза, но одредени групи кои продуцираат насилство, агресија, навреда на другиот, поинаквиот. – смета Стојановска.
Пораки со заканувачка содржина беа испратени и на интернет адресата на Канал 5 до маскираниот вевчанец, кој вчера се извини за непријатностите кои ги предизвикала една маска на карневалот. МВР треба да провери кој ги испраќа и овие пораки.