Неверојатно е колкава фарса се избориве во САД. Во еден момент некој одлучува Бајден дека треба да се повлече и одма почнува шарадата. Прво CNN почнува да прикажува гафови на Бајден, па после почнуваат дел од ѕвездите како Клуни да повлекуваат средства, па притисок и од други медиумски агенции, твитер полтрони нормално сето тоа оркестрирано и оп Џо се повлекува од трката.
И еве сега одма сите оркестрирано објавуваат како Хилари ја поддржувала Камала, па сега сите поп-култура страници објавуваат дека Аријана Гранде ставила стори од Камала, одма да се креира моментум. Претседателските избори во САД се како коњски трки, Лоби групите бираат коњ и вложуваат во него и прават се за да ја добие трката. Ништо не е случајно кај нив, тешка шарада им се изборите и овие ќе го учат светот на демократија.