За разлика од убиството, киднапирањето, силувањето или шверцот на наркотици и/или на луѓе, гласањето на претседателски избори од страна на нелегални имигранти во сојузна американска држава е апсолутно бескорисно.
Освен ако не тврдиш дека добиваат финансиска надомест од некого за да извршат изборна измама, ама за тоа ќе треба да си доставиш докази.
Тоа е поентата на која се сведува муабетот.
Илегални емигранти да вршат федерален криминал за нешто од кое немаат никаква корист и нешто кое нема никаков удел е апсолутно идиотско.
Емигранти ниту можат да се регистрираат за глас, ниту гласање во туѓо име е ефективно, ниту им е гајле за избори, ниту имаат корист, зошто би го направиле тоа?
Твоите тврдења за емигрантите во контекст на изборни нерегуларности се базираат врз републикански тврдења кои се целосно докажани како неточни.
Имаш секакво право да не се согласуваш со мене, но не ме споредувај со ничија политичка партија или политичка платформа.
Веќе потенцирав неколку страници поназад на темава дека немам доверба во ниту еден политичар, а уште помалку во политичките партии.
Јас не знам, а ни ти не знаеш дали и каква корист имаат нелегалните имигранти од тоа да гласаат на претседателски избори во САД. Каква корист имаат, прашај ги нив, еве уште на денот на гласање на претседателските избори 2012 во САД, имаше такви будали кои со сиот памет објавуваа фотографии на Фејсбук и на Твитер од гласачките ливчиња со кои гласале на повеќе гласачки места на денот на гласање.
Бидејќи поминаа речиси 4 години од тогаш, не ми барај линкови, бидејќи не можам да ги најдам, но знам дека имаше апсења и казнувања поради гласања на повеќе гласачки места од страна на едни исти гласачи. Па направи си математика, ако во САД има над 10 милиони нелегални имигранти - ова е официјална статистика, Бог знае која е вистинската бројка, а и двајцата знаеме дека во САД на претседателските избори пропорционално се дели бројот на изборни делегати за секоја сојузна американска држава, колкава може да биде разликата помеѓу легитимен и нелигитимен гласачки процес.
На мене лично надеж ми влева фактот дека електронското гласање сеуште е ограничено на само неколку сојузни американски држави кои се малцинство, па сеуште е неизводлива електронската изборна измама на континентално ниво на САД.
Tocno e deka ne e tesko ili neizovodlivo...ama kako sto spomna clenot pogore ako nema finansiska podrska zosto nekoj bi pravel prekrsok...koja e celta na negoviot glas? Vo Amerika seuste vladee usmeno uverenie skoro sekade (deka si legalen)i mozes mnogu raboti da pridobies no ima zakon deka sekoja zloupotreba (lazno info) e prekrsok i podlezi na zatvorska kazna.
Па не мора да се има баш финансиска корист од изборната измама, доволно е да му се заканиш на нелегалниот имигрант со депортација доколку не гласа за твојот кандидат на претстојните претседателски избори во САД.
Ти држи вода логиката, но за жал, не сите имигранти, а особено не нелегалните имигранти, ја следат логиката како што треба. Има и луѓе кај кои стравот и очајот можат да достигнат пропорции до тоа ниво за да направат криминално дело.
Јас не ги познавам сите над 10 милиони нелегални имигранти во САД - ова е официјална статистика, Бог знае која е вистинската бројка, а не ги познаваш ни ти, па можеме само да погодуваме какви мисли се вртат низ нивните глави.