- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 10.542
- Поени од реакции
- 11.627
На Доналд Трамп воопшто не му гори под нозете за медиумскиот циркус околу семоќната Русија - како што ја нарекуваат пристрасните медиуми во САД, но ако треба за нешто да му гори под нозете на Трамп, тогаш треба да му гори токму за ова.Единствен на кој што му гори под нозете е Трамп и можноста да најдат врска помеѓу неговиот тим и Русија, и неговиот очаен рејтинг.
Нека оди да склучува договори за оружје со Катар и Саудиска Арабија па можеби и ќе му се подобри рејтингот.
Типот ја критикуваше Хилари Клинтон бидејќи примала пари од лобисти на Саудиска Арабија, а на неговото прво патување надвор од САД како претседател, договара зделки за продажба на оружје и муниција со најголемите спонзори на тероризмот во светот.
Но бидејќи пристрасните медиуми и изродите во американскиот Конгрес и во американскиот Сенат исто така се на платните списоци на саудиските, катарските и останатите лобисти во Вашингтон, воопшто не му го потпалуваат огнот под нозете на Трамп за зделките кои ги договара со најголемите спонзори на тероризмот во светот, туку само пуштаат вештачка магла надевајќи се дека ќе се сопне, не знаејќи дека вештачката магла не предизвикува сопки, туку само привремени и краткотрајни замаглувања.