Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

ЗА КОЈА ПАРТИЈА ЌЕ ГЛАСАТЕ НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ 2024?

  • 1. Коалиција за европска иднина (СДСМ, ЛДП, НСДП, ВМРО-НП, ПДТ, ДСВМ, СРМ, СДА...)

    Гласови: 8 2,5%
  • 2. Коалиција „Твоја Македонија“ (ВМРО-ДПМНЕ, СПМ, ОМ, МКонцепт, Достоинство, ТМРО, ДС, ПОДЕМ, СДУ..)

    Гласови: 117 36,9%
  • 3. Коалиција „Храбро за Македонија“ (ГРОМ, ИНТЕГРА, ПЦЕР)

    Гласови: 3 0,9%
  • 4. Коалиција „Европски фронт“ (ДУИ, АА на Села, ЕДП, НД, ДПТ, Унија на Ромите, БДС)

    Гласови: 3 0,9%
  • 5. ПП Левица

    Гласови: 107 33,8%
  • 6. Коалиција „Вреди“ / „Vlen“ (БЕСА, Алтернатива, Демократско движење, АА на Таравари...),

    Гласови: 5 1,6%
  • 7. Движење ЗНАМ - За наша Македонија

    Гласови: 18 5,7%
  • 8. Единствена Македонија

    Гласови: 1 0,3%
  • 9. ПП Нова Алтернатива

    Гласови: 0 0,0%
  • 10. ПП Аваја

    Гласови: 0 0,0%
  • 11. Европско граѓанско движење (Група избирачи Џула Челику)

    Гласови: 1 0,3%
  • 12. Македонска Ера трета / Македонски независни листи - суверенисти

    Гласови: 1 0,3%
  • 13. Твоја партија

    Гласови: 2 0,6%
  • 14. Родина Македонија

    Гласови: 2 0,6%
  • 15. ПП Десна

    Гласови: 1 0,3%
  • 16. ПП Демократи

    Гласови: 2 0,6%
  • 17. Работничка партија

    Гласови: 0 0,0%
  • Не знам / неопределен / зависи од предизборните кампањи

    Гласови: 19 6,0%
  • Нема да гласам

    Гласови: 27 8,5%

  • Вкупно гласачи
    317
  • Гласањето е завршено на .

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.092
Поени од реакции
3.274
брат, ти немаш никакви аргументи освен мрсење мадиња. Ќе продал, од кај знаеш дека ќе продал?

Неговиот предлог ај не е добар, кој е твој и на Димчета предлог?
Ај утре ако не ме мрзе ќе ти кажам кој се аргументите има многу за пишување, ама накратко, знаеш дека таму 2 и пет-шеснеста имаше едни избањати фаци кој викаа дека Црпе нема шанси да направи тоа што го направи, Димче немам поим што предлог има, јас сум про вмровец ама не лижам се што ќе ми сервираат и да го славам продадената душа Ж'миц.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.569
Поени од реакции
11.696
Хмм, да не одиме многу офтопик, но..

Сиријците побараа помош, а тие што му помогнаа, помошта дебело си ја наплатија (читај Латакија веќе е Руска територија).. Ништо нема бесплатно на светов, така да, кога треба да си го отстапиш суверенитетот, окупаторот дали се викал Русија дали САД дали Кина исто ми е...

Исто така и Белорусија побара помош, и Белорусија дефакто и дејуре стана Руска колонија/покраина како сакаш наречи го.

Таква помош не ми треба.
Како сакаш дефинирај ја руската помош за Сирија и сојузништвото со Белорусија, јас знам дека Македонија од "пријателството" и "сојузништвото" со САД, НАТО и ЕУ добива само самоубиствени горчливи голтки кои прашање на време е кога ќе ја доведат македонската држава до тотална смрт - засега е само тешко болна од бројни канцерогени елементи во македонското општество, но додека не е мртва останува надежта за отстранување на истите тие канцерогени елементи од организмот и оздравување и застанување на здрави нозе, а тоа очигледно не може на ама баш никаков начин да се постигне со помош на САД, НАТО и ЕУ.

Сиријците од друга страна очигледно подобро поминаа со надворешна помош од Русија отколку со борците за слобода и демократија кои САД и западот ги финансираат и вооружуваат.

Белорусите останаа една од ретките држави во Европа која никогаш не воведе задолжителни карантини, полициски часови, самоизолации, задолжителни боцкања со неиспитани биохемиски супстанци, па ти повели кажувај дека случајно донеле правилни одлуки, но сепак имаат направено доста попаметни работи во втората деценија и почетокот на третата деценија на 21-от век во споредба со добар дел од евробрисељаците.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.643
Поени од реакции
5.318

На чичо Русин го боли тасета за Сиријците. :) Тој си има интерес таму..Да немаше интерес, ќе видиш колку ќе му помогнеше...И Гадафи бараше руска помош, зошто не ја доби? Затоа што Америте/Британците ја држеа нафтата таму и за време на Гадафи, и пост Гадафи периодот, така да како викаат, и баба на дедо џабе не дава....
 
Член од
4 септември 2010
Мислења
1.002
Поени од реакции
582
Имаше дискусија неколку страни на назад околу тоа дали идеологијата на Хитлер била левичарска или не.

Јас ова го прифатив: идеологијата на Хитлер е комуњарска.

Знаете кои други идеологии се комуњарски? Нацизам, социјализам, комунизам, национализам.

Овие идеологии се комуњарски затоа што за да се реализираат мора државата да има централна контрола и најчесто овие идеологии завршуваат со некој диктатор на чело на државата.

Друга алатка што е често користена од комуњарите е цензурата и ограничувањето на слободата на говор, или, ограничување на секаков вид слобода за да се удоволу нешто за цела група од народ или за некое "големо општо добро".

Не знам кој е англискиот термин за зборот "комуњаризам".

Заклучок: она што најмалку ѝ треба на Македонија е комуњаризам.
Во Македонија имаме(барем во собрание) номинално десничарска партија(Вмро Дпмне), социјал-демократска(Сдсм) и номинално левичарска партија(Левица).

Проблемот е што сите овие се комуњари.

Во Македонија, на ист начин како што нема автентична македонска политичла опција, така нема и номинално слободарска политичка опција.

Слободарската политичка опција би требало да ги застапува идеите на индивидуални права, индивидуална одговорност, идеи за држава која не е најголемиот работодавец, идеи за внесување помалку данок во државата, со што ќе се намали злоупотребата на парите на народот, ама ќе се намали и мотивацијата луѓе да влезат во политика ради лукративни причини(за пари).

Денес, Македонија е практично непријател на малиот бизнис и ми се чини дека државата го прави одржувањето на мал бизнис непотребно тешко.

На Македонецот најмалку што му треба е комуњаризам!
 
Член од
9 февруари 2023
Мислења
476
Поени од реакции
502
Ти бе ќопек си бетер од тие што го величаат ликот и делото на Владимирчо. Стопати сум се стокмил да ти реплицирам, стопати сум се пишманил, но некад мора се да се реагује.

Ти си против се што е Македонско, улизавач..Ти си подготвен и куќата родна да си ја продајш само за финансиска корист, Управен одбор и нишај врата земај плата..Далеку си полош и од овие што за мајка Русија и куршум во Донбас ќе примат...Верувај...
Неможеш да бидеш против се што е Македонско ако сакаш државата да ти биде подобра и да оди у права насока.
Тоа што вам ви се избркани системите на вредности тоа е друго.
Вие се што е добро го гледате за лошо и обратно.

Мнозинството од групава сметаат дека ЕУ била фашистичка, а навиваат за Путин. Пази го ти тоа.
Конкретно у случајот со Мицкоски ми е смешно бидејќи се знаеше дека ќе мора политички да маневрира некако бидејќи се избрука со реториката околу уставните измени, али јасно му е дека промените морат да се направат па сега почна да релативизира.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.413
Поени од реакции
79.377

Промените не мора да се направат, како што не мораше да се направи ниту едно нерационално барање кое ни го поставуваше Западот, бидејќи 30 години ги исполнуваме нивните желби, кои само на нас ни ги испорачуваат, а сеуште сме надвор од ЕУ. Ниту една друга земја нема таков неприродно нефер третман.

Мицковски ќе си ја закова шајката во ковчегот ако и ова го прифати, после прифаќањето на сервираните (од страна на ЕУ и САД) бројки за население.
 
Член од
3 јуни 2023
Мислења
650
Поени од реакции
2.201
Неможеш да бидеш против се што е Македонско ако сакаш државата да ти биде подобра и да оди у права насока.
Извини само процедурално, што е во оваа држава Македонско? Јас не гледам никаде македонски театар, македонска опера, македонска филхармонија... Има таму само Македонска академиија на науките и уметностите која треба да смени име , друго нешто незнам. А има и некаков јазик со фуснота за да се објасни, а и треба да се дефинира дека е дијалект на еден друг јазик и после 1945та станал "јазик". Тоа таму си има протокол потпишан и политичарите од Бугарија си изјавуваат дека според протоколот мора ова или државичето наше нема напред.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.413
Поени од реакции
79.377
Уште не знае јавноста што све буквално ќе значи тој договор со Бугарија. После ќе сфати. Откога Мицковски ќе го зврши предавството (дали сега или за пола година)
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.643
Поени од реакции
5.318
Тоа што вам ви се избркани системите на вредности тоа е друго.
Вие се што е добро го гледате за лошо и обратно.
Државата мора да ја сака секој од нас, дали бил ДПМНЕ дали СДС. Ние може да имаме различни гледишта, но државата треба да ја сакаме. Ама вие не ја сакате. За жал....

Не може државата да ја сакаш да и го менуваш името, да му го менуваш сосила идентитетот на својот народ, не можеш да ми претставуваш дека двајца мажи можат да посвојат дете и да се нарекуваат Родител 1 и Родител 2, и да биде нормално мажи да шетаат по фустани на геј парада. Едноставно сосила да му го менуваш кодот на цел народ.

Јас велам, и пак ќе речам. Дека ќутиме затоа е сево ова вака.
Мнозинството од групава сметаат дека ЕУ била фашистичка, а навиваат за Путин.
Еве јас имам контра Русија став во однос на Украина, но пак стојам зад она што ти го напишав, дека за власт, за фотелја и за работичка на државно од 20.000 плата, сопствениот татко впланина ќе си го однесите и око нема да ви трепни.
 
Член од
3 јуни 2023
Мислења
650
Поени од реакции
2.201
Уште не знае јавноста што све буквално ќе значи тој договор со Бугарија. После ќе сфати. Откога Мицковски ќе го зврши предавството (дали сега или за пола година)
Незнаат ни со Грција, еве ги објаснуваат само името било. Покрај името има веќе бришење на придавката македонски на секоја институција и веќе и де јуре државава не е македонска. Има огромен број на работи каде Грција може да не кочи и става вето. Имаше и работи што требаше да се исполнат дури кога ќе се почнат преговорите и отворат поглавјата, еве нема ништо од тоа ама ги исполнуваат.

Па овој пишува неможеш да бидеш се против се што е Македонско, а они избришаа се Македонско и тоа што остано го извртеа со фусноти, со некакви чудни толкувања :pos:
И овој очекува вакви мизерии и дно од карактер да го одведат во ЕУ и ги подржува :pos:
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.413
Поени од реакции
79.377
И овој очекува вакви мизерии и дно од карактер да го одведат во ЕУ и ги подржува :pos:
Тие негови очекувања не зачудуваат. Зачудуваат очекувањата дека некој, било кој, ќе го сподели со него наводниот ентузијазам за ЕУ, кој не му се темели на искрени надежи, бидејќи ниту тој самиот не верува во тоа, после 30 години наметнати понижувања и преседани.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.815
Поени од реакции
8.180
Незнаат ни со Грција, еве ги објаснуваат само името било. Покрај името има веќе бришење на придавката македонски на секоја институција и веќе и де јуре државава не е македонска. Има огромен број на работи каде Грција може да не кочи и става вето. Имаше и работи што требаше да се исполнат дури кога ќе се почнат преговорите и отворат поглавјата, еве нема ништо од тоа ама ги исполнуваат.

Па овој пишува неможеш да бидеш се против се што е Македонско, а они избришаа се Македонско и тоа што остано го извртеа со фусноти, со некакви чудни толкувања :pos:
И овој очекува вакви мизерии и дно од карактер да го одведат во ЕУ и ги подржува :pos:
Очекува тоа, а ќе добие клоца во газот и со торбулето на рамо - правец кон Украина.

Бидејќи,

1686403853589.png

Ако жителите на Косово и Албанија не се странци, тогаш КОЈ е странец во ОВАА држава и КОЈА Е ТАА држава?

Ако античката историја им ја дадоа на Грците, средновековната на Бугарите, тогаш и Србите ќе речат - само нашиот дел од Македонија прогласи независност и затоа сакаме компензација. Плус тука е и средновековната српска држава на овие простори.
Албанците ќе речат дека овде се автохтони и дека северџанските натрапници дојдени откај Карпатите тука место може да добијат само како нивни измеќари или да си го фатат патот под нозе и правец кон обнова на поствоена Украина.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.138
Поени од реакции
20.430
Пред Советот на општина Куманово доаѓа предлог за споменик на оние припадници на МВР кои во 2015-та година загинаа бранејќи ја државата од косовските калаш-туристи. Се спротивставија советници Албанци: те раните уште биле свежи (да, а?), те тоа не било тероризам бидејќи во други држави полицијата прво преговара со терористите (на кои филмови се растени овие луѓе?). Ама, да се само тие....

И нормално, "Најдоброто за Куманово" гласало против.

Член од
24 април 2008
Мислења
10.569
Поени од реакции
11.696
На чичо Русин го боли тасета за Сиријците. :) Тој си има интерес таму..Да немаше интерес, ќе видиш колку ќе му помогнеше...И Гадафи бараше руска помош, зошто не ја доби? Затоа што Америте/Британците ја држеа нафтата таму и за време на Гадафи, и пост Гадафи периодот, така да како викаат, и баба на дедо џабе не дава....
Дали го заболе или не чичо Русин за Сиријците е негов проблем, далеку поважно е дали Сиријците имале поголема корист од чичо Русин или од ИСИЛ/ИСИС/ИД/Муслиманско Братство и останати секташи кои западот им ги увезе/увезува, ги финансира(ше) и ги вооружува(ше).

Одговорот е повеќе од јасен, чичо Русин не им се закануваше на сириските христијани да го прифатат исламот или во спротивно да си ги соберат парталите и да си заминат бидејќи во новата демократорско-слободарска Сирија нема да има место за не-муслимани. Завршена приказна.
 
Член од
9 февруари 2023
Мислења
476
Поени од реакции
502
Јас не гледам никаде македонски театар, македонска опера, македонска филхармонија...
Тоа што нацијата ни е у криза тоа самите сме си криви. Немаат врска овие работи со споротовите толку, тоа баш напротив го крева национализмот, проблемот е што ние од секогаш сме србинизирана нација. Прошетај у скопските кафани, па се до провинција и види на кои песни се дигаат македонците. Ние не си ги негуваме нашите автентични обележја.

Тие негови очекувања не зачудуваат. , после 30 години наметнати понижувања и преседани.
Рачунај у тие 30 години, 25 е проблемот со Грција. Да се решело на време немало да бидат 30. Времето не ти прави услуга туку обратно.

А има и некаков јазик со фуснота за да се објасни, а и треба да се дефинира дека е дијалект на еден друг јазик и после 1945та станал "јазик". Тоа таму си има протокол потпишан и политичарите од Бугарија си изјавуваат дека според протоколот мора ова или државичето наше нема напред.
Јазикот не е во протоколот на тој начин. Јазикот ќе си влезе рамноправен. Можеби од протоколот малку дипломатски нашишано, но проблеми ќе има околу историската комисија. За другото не е толку спорно.

Не може државата да ја сакаш да и го менуваш името, да му го менуваш сосила идентитетот на својот народ, не можеш да ми претставуваш дека двајца мажи можат да посвојат дете и да се нарекуваат Родител 1 и Родител 2, и да биде нормално мажи да шетаат по фустани на геј парада. Едноставно сосила да му го менуваш кодот на цел народ.

Јас велам, и пак ќе речам. Дека ќутиме затоа е сево ова вака.
Еве јас имам контра Русија став во однос на Украина, но пак стојам зад она што ти го напишав, дека за власт, за фотелја и за работичка на државно од 20.000 плата, сопствениот татко впланина ќе си го однесите и око нема да ви трепни.
Мешаш баби и жаби. Прво можеш многу да ја сакаш државата, а да ти е ок промената на името ако тоа ја носи државата кон подобра позиција, што уствари е случајот наш.

Апсолутно е нормално мажи по фустани да шетаат на геј паради, тоа се случува во секоја развиена држава. Овде ќе биде чудно уште долго време бидејќи менталитетот е многу уназаден и неможат овие генерациите да сфатат како тоа некои луѓе се едноставно различни.

Добро е што имаш став против Русија, тоа е коректно. Али за овие другите работи имаш доста far-right mindset според мене.
Автоматски споено мислење:

Ако античката историја им ја дадоа на Грците, средновековната на Бугарите, тогаш и Србите ќе речат - само нашиот дел од Македонија прогласи независност и затоа сакаме компензација. Плус тука е и средновековната српска држава на овие простори.
Не се дале никаква античка историја, туку хеленистичката историја не е поврзана со нашта нација официјално.
Со Бугарија секако имаме крадено и преименувано во нашите учебници во средновековна историја.
Државата на цар самоил ние ја викаме Самоилово царство, каде што во цел свет се учи како Прва Бугарска Империја.

Чудно ми е како можеш да знаеш за српската средновековна држава дека била на овие простори, а ова за бугарскава да не го најдеш некаде.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom