Политички случувања во Израел

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.453
Поени од реакции
27.247
Ок значи си анти - палестински настроен повеќе отколку про - израелски.
Ја сум повеќе анти - израелски отколку про - палестински.
мене само ме чуди како цел свет е нем, глув и слеп на злосторствата што ги врши Израел а една ракета Русија што ќе рокне се прикажува како армагедон.
Па уште и ретардираните прашања како има Русија има право да го брани својот народ и како тоа во војна Русија освојува територија, а ваму Израел физички ги елиминира и никој ништо да зуцне. Двојните аршини ме нервираат а тотално стојам зад тоа кој што си дробел тоа да си срка.
Тоа што Израел го прави во моментов, многу скапо ќе ги чини.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.374
Поени од реакции
33.471
Имај во предвид дека кога Евреите почнале да се селат во Палестина, Христијаните веќе одамна биле исчистени од Палестинците.
Знаеш дека ова е точно, или само претпоставуваш? Далеку сум од познавач на историјата во регионот, ама знам дека едни од најстарите цркви во светот се токму во Палестина, се разбира заедно со верниците палестински Христијани (иронијата тука е тоа што Палестинци има и Христијани, иако се разбира помалку).
Автоматски споено мислење:

Палестинските избеглици во Сирија, иако беа примени угостени/најадени/напиени од Хафес ел Асад (татко му на Башар), рамо до рамо се бореа против него со Исис, ал Нусра и останати „умерени“ главосечачки групи.... Така да иако сум против тоа што се случува, не сум некако посебно потресен за кармата што им се случува.
Некои од Палестинците, не сите Палестинци.
Во спротивно, зарем сите Евреи ли се криви за гревовите на Ционистите?
 
Последно уредено:
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Процентот на христијани на блискиот исток значително почнува да се намалува на почетокот на 20ти век првенствено од природниот раст на не-христијаните, а второ им се случува егзодус после речиси секој конфликт помеѓу ционистите и исламистите. Нормално тука е и шиптаpскиот однос кон христијаните во сите муслимански земји па луѓето се селат како во Египет и Либан.

Меѓутоа голем удел имаат и американските екскурзии на блиски исток поради кои и се случува најголемиот егзодус на христијани на пример во Ирак и Сирија. Ако кажам кое лоби најсилно се залага за тие војни и шарени револуции во регионот некои членови мозочен шлог ќе добијат и пена од уста ќе почне да им искача па ќе треба да ги реанимираат во установите каде ги чуваат.




Додека се колат ционистите и муслиманите помеѓу себе секогаш одвојуват време да ги докрајчат христијаните. Тоа најубаво се виде во Сирија последниве 10-тина години каде Израелците и Хамас заедно со ИСИС и сиријските умерени главосечачи од ден 1 беа на иста страна против Асад и нормалните луѓе во државата.

ISIS APOLOGY TO ISRAEL

Former Israeli defense minister Moshe Ya’alon reveals that the Islamic State (Daesh) apologized to Israel for opening fire on an Israeli unit in the Syrian Golan Heights in November.
Times of Israel пишува

Ex-defense minister says IS ‘apologized’ to Israel for November clash
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.465
Поени од реакции
41.937
Mislam primerive so Siriia vi se klasicna ludnica. I isis i hamas i izrael se borea protiv Asad, hrisitjanite, rusite tamu.
исис беше некој псај оп на израел и америка за тотален хаос и оборање на Сирија и Ирак. Они ни малце не очекуваа Русија да умеша прсти да ги прегази. Почнаа они да влагаа кога исис почна да паѓа и ги завзедоа источна Сирија и Рака каде што до ден денес им ја пумпаат нафтата на сиријците. Нешто слично кога влегле сојузниците во Нормандија, да не дозволат СССР да ја окупира цела Европа.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.216
Поени од реакции
18.140
исис беше некој псај оп на израел и америка за тотален хаос и оборање на Сирија и Ирак. Они ни малце не очекуваа Русија да умеша прсти да ги прегази. Почнаа они да влагаа кога исис почна да паѓа и ги завзедоа источна Сирија и Рака каде што до ден денес им ја пумпаат нафтата на сиријците. Нешто слично кога влегле сојузниците во Нормандија, да не дозволат СССР да ја окупира цела Европа.
I tvoive palestinci se borea na strana na Izrael. I sea se penjavite za niv tuka
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.918
Поени од реакции
83.143
Нешто слично кога влегле сојузниците во Нормандија, да не дозволат СССР да ја окупира цела Европа.
Не било така.
Русите ги молеле цело време да се истоварат, овие одолговлекувале.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.465
Поени од реакции
41.937
Не било така.
Русите ги молеле цело време да се истоварат, овие одолговлекувале.
целата работа е таа за тоа одолговлекување, западот увек го бута носот само ако има интерес во тоа. Да не би постоел тој ризик од СССР они никогаш не би влегле.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.918
Поени од реакции
83.143
. Да не би постоел тој ризик од СССР они никогаш не би влегле.
Не е така просто. Ризик од СССР постои само ако СССР ја добие војната со Хитлер. А ако не ја добие, постои ризик од Хитлер.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.453
Поени од реакции
27.247
Знаеш дека ова е точно, или само претпоставуваш? Далеку сум од познавач на историјата во регионот, ама знам дека едни од најстарите цркви во светот се токму во Палестина, се разбира заедно со верниците палестински Христијани (иронијата тука е тоа што Палестинци има и Христијани, иако се разбира помалку).
Кога Османлиите го напуштаат регионот, постојат само 50К христијани во Палестина и не сочинуваат ни 10% од населението. Каде се Арамејците, Асирците и Ерменците кои преставувале тесно мнозинство на населението во Палестина со векови наназад. Притоа имај во предвид дека овие се индоевропјани, а денешните Палестинци се семити, за да бидеме на чисто дека не примиле ислам и се асимилирале. Денешните Палестинци дошле во Палестина со арапските освојувања и ги истиснале православните староседелци од таму, со тек на времето. Оваа група на Арапи се врзува со името на територијата, која дефакто никогаш нема значење на некаков етницитет во историјата, слично како што Албанците се врзуваат за територијата Албанија иако и самите не се нарекуваат Албанци. Православните Палестинци се нешто слично ко кај нас Албанците што го прават со шкретите, тејковер на едни од најстарите христијански заедници од кои некои потекнуваат од први век (таа во Газа). Тие на времето немале никаква врска со нешто што наликува на денешен Палестински јазик и култура. Што треба да претпоставам, дека доброволно ја напуштиле територијата и дека им ја предале своеволно најстарата христијанска заедница во светот?

Дали знаеш дека во Палестина под османлиите, муслиманите поседувале (не ретко и малолетни сексуални) робови, Ерменци, Асирци, па дури и Словени до 20 век кои дел потекнувале од геноцидите на овие христијански заедници, а дел од пленици во разни воени походи како дел од Отоманскиот аскер. Тука вклучително и Македонци, а знам и личен случај на Галичанец откупен подоцна од својот брат. Ова BTW, не е само во Палестина, туку во сите муслимански земји со кои владееле Османлиите.

Значи таму тие Палестинци под Турско, не им сметало да имаат Христијани робови, да силуваат христијански деца како да се нелуѓе и да си играат со нивните животи, без воопшто да им е гајле дека воопшто се работи за човечки суштества..... Епа кармата е заебана работа. Многу заебана. Све си доаѓа на свое место. Слично како и на западот, види каква дегенерација им се дешава, и тоа е исто карма, за сите недела што ги правеле низ светот. Сепак изгледа универзумот ги носи работите во нормала, на некој нам чуден начин.

И башка тоа, јас не видов ниеден Палестинец, да се побуни зошто Грција и ЕУ не тера да го смениме името. Не сум видел нит сум чул Палестинските власти да ја признаат нашата држава под уставно име. Напротив, сигурен сум дека во 2001 имало Палестинци кои се бореа на страната на УЧК, а и во сите војни во бившната Југославија, против православното население.

Да, тажно е што се случува, сепак не е човечки, но чему потреба од драматики и измислување на истории и тресење глупости од типот на хазари, мазари, хамас чедо на Израел, премижување на злоделата на Палестинците и виктимизирање на истите до ниво на lord of the rings. Тоа што денес се случува е сплет на историски заплети и расплети во кои Палестинците не се нималку наивни, ниту пак безазлени, вклучително и према нас.

Спомнување на Израелско Арапската војна во 1948, без да се спомне улогата на Амин Ал факинг Хусеини, истиот он кој бил личен пријател на Хитлер и творец на едни од најбруталните СС дивизии, е исто како да пробаш да ја протнеш ВВ2 како војна на словените за геноцид на Германското население и да избегнеш да го спомнеш Хитлер. Ќе речеш ама тој е еден, одма ќе ти кажам еден бил и Ванчо Михајлов, ама Македонците го одјебале кога покушавал да ја направи Македонија Германски вазал, Ал Хусеини не само што не го одјебале, туку го следеле во војна, и тоа и после втора светска војна, знаејќи добро кој е, и знаејќи добро на која страна бил и што правел пред само 3-4 години.

Пази ја горе теоријата на ДБ Демирхисар. Намалувањето на Христијанското население се случувало ради намалување на наталитетот на Христијаните, а не заради свирепите геноциди на Асирците, Понтијците и Ерменците. Типот сигурно си мисли дека Ерменците сите живееле во денешна Ерменија, а не низ цел Блиски исток и Мала Азија. Можеби и незнае дека можеби 40-50% од населението на блискиот исток и мала Азија било Христијанско во 19 век.. Треба значи сега за атер на Палестинците, а само затоа што се анти-Изрелци да ги заборавиме геноцидите на православните заедници што се случуваа и во 21 век во Ирак, Сирија и Египет за време на арапската пролет и во голема мера и од Палестински организации.

Може ќе речеш „ама американците“. Епа длабоко си во заблуда. Кај нас Американците не го направија етничкото чистење, ниту го конструираа. Само им дадоа сила на оние кои го спроведоа. Денеска тие што им овозможија беа Американците, претходно пред 80 години беше Хитлер, пред 110 години беше Султанот Абдул Хамид 2. со иста свирепост, качаците работеа кај нас. Па така и во Египет и во Сирија, и во Ирак, денеска Американците, пред 80 години Хитлер, пред 110 години султанот Абдул Хамид 2, со иста свирепост муслиманите вршеа етничко чистење на Христијанското население таму.

Значи тие си го имале ниетот низ вековите, само барале спонзор. Притоа тоа не ја намалува одговорноста на САД, меѓутоа треба да се нагласи дека намерите постоеле и без САД.

Денеска во таа Газа, на власт е салафистички движење, кое иако сакаат да го прикажат како чедо на Израел, тоа не е така. Тоа движење не узурпира власт, туку ja добива со големо мнозинство гласови. Држи милитантни паради, кај што собира 1/5 од населението кое еуфорично чант-а. Слично како што теропристите од Диво Насеље добиваа респект од Косово и неговите жители, членовите на тоа движење добиваат сличен третман од Палестина и Палестинците и тоа не само за убивање на Евреи во Израел, туку и за убивање на каури во Сирија и Ирак.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.374
Поени од реакции
33.471
Денешните Палестинци дошле во Палестина со арапските освојувања и ги истиснале православните староседелци од таму, со тек на времето. Оваа група на Арапи се врзува со името на територијата

Православните Палестинци се нешто слично ко кај нас Албанците што го прават со шкретите, тејковер на едни од најстарите христијански заедници од кои некои потекнуваат од први век (таа во Газа). Тие на времето немале никаква врска со нешто што наликува на денешен Палестински јазик и култура. Што треба да претпоставам, дека доброволно ја напуштиле територијата и дека им ја предале своеволно најстарата христијанска заедница во светот?
Изгледа не се читаме, пошто барем два пати наназад ти покажав генетски истражувања. Најнови истражувања со ДНК секвенционирање. Палестинците се домородно леванско население и Семити. Сроден народ се со Евреите - со тие правите семитски Евреи, не со европските Ашкенази.

Ова се факти.

Исто како што се факти тоа дека таму во Палестина (како и секаде), Османлиите генетски не се мешале многу со Арапите а уште помалку со локалното левантско население. Ова е од истото научно истражување за кое (трет пат) ти зборувам. Генетиката е нешто што со сигурност можеме да го утврдиме. А историјата? Неа ја пишуваат победниците. Нешто што е многу извесно (понова историја) е дека една работа за која се сложни и Евреите и Муслиманите - тоа е уништувањето и прогонот на Христијаните. Скроз не мораш да го фаќаш тој агол, скроз не ти иде во прилог на тезата.
Додека си на тезата, сети се на Сун Цу и мудроста дека непријателот на твојот непријател... Е потенцијален сојузник.


Дали знаеш дека во Палестина под османлиите, муслиманите поседувале (не ретко и малолетни сексуални) робови, Ерменци, Асирци, па дури и Словени до 20 век кои дел потекнувале од геноцидите на овие христијански заедници, а дел од пленици во разни воени походи како дел од Отоманскиот аскер. Тука вклучително и Македонци, а знам и личен случај на Галичанец откупен подоцна од својот брат. Ова BTW, не е само во Палестина, туку во сите муслимански земји со кои владееле Османлиите.

Значи таму тие Палестинци под Турско, не им сметало да имаат Христијани робови, да силуваат христијански деца како да се нелуѓе и да си играат со нивните животи, без воопшто да им е гајле дека воопшто се работи за човечки суштества..... Епа кармата е заебана работа. Многу заебана. Све си доаѓа на свое место. Слично како и на западот, види каква дегенерација им се дешава, и тоа е исто карма, за сите недела што ги правеле низ светот. Сепак изгледа универзумот ги носи работите во нормала, на некој нам чуден начин.
Карма на милиони луѓе? Жени и деца?
Пак ќе те прашам, како поназад што не ми одговори: Геноцидов и етничкото чистење што Израел денес го прави во Палестина. Значи ли то дека сите денешни Евреи се „со лоша карма“ и дека тоа


Другиот дел нема одделно да го анализирам. Ќе кажам дека историјата е полезна и потребна да се знае, но кога идеш во такви лавиринти скоро сигурно доаѓаш до ситуација каде ги игнорираш едноставните факти: Израел е фактор за дестабилизација, алатка на истите тие олигарси кои се причина за огромниот дел од човечката несреќа и страдања денес.

Тоа е важното. И за да се фокусирам на денес и на тоа што е важно, не ми требаат конвултирани „заклучоци“ од типот на „Хитлер имал другарче Палестинец и некои Палестинци некогаш правеле лоши работи па затоа денес сите Палестинци се раѓаат со лоша карма“. Така некој ќе рече и Молотов потпишал сојуз со нацистите (и имал бркови како Хитлер), па следствено сите Руси денес се со лоша карма и сосема е во ред сега да им се деси геноцид и етничко чистење. Да, се разбира дека ти не го кажуваш тоа буквално, но тоа логично следи од таквите твои ставови за карма на цели народи. Разбирам за потомците на злосторниците така да мислиш, за цел народ? И после ти им се лутиш на другиве што не ги сакаат сите Евреи заради злоделата на понекои Евреи (ционистите)?

Не можеш да имаш двојни стандарди. Односно можеш, ама не можеш да очекуваш добро мислење за тоа.
Автоматски споено мислење:

 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Не најсериозно, колку треба да си ментално одлепен да прочиташ коментар во кој кратко и јасно си пишува за угнетувањето на христијаните од страна на муслиманите што доведува до нивен егзодус во разни држави во регионот и како реплика на тоа да си смислиш своја алтернативна реалност каде тоа не е кажано и да пишуваш реферати базирани на таа измислена реалност?

И не гледам што е спорно да се каже дека христијаните се и угнетувани и убивани од муслиманите но и дека природниот раст на другите религии и етнички заедници исто така игра улога во нивниот егзодус и намален %. Па истото се случува кај нас во Македонија

 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.411
Поени од реакции
5.119
да не дозволат СССР да ја окупира цела Европа
Изнесуваш НОВИ и НЕОТКРИЕНИ ИСТОРИСКИ ФАКТИ!

Може ли извор како би се информирал за истите, па и другите, претпоставувам има и други за кои овие факти се непознати.


Полека се добива смисла.
Прво се почна со ЛАГАТА дека дошле каубои од преку барата и ја ослободиле Еуропа од нацифашистите (ова донекаде е вистина еден голем број од нацифашистите тиа ги однесоа во САД и ЈАмерика па подоцна некои станаа и команданти на ОТАН), тие каубои во ВСВ имаа околу 400-500.000 жртви за споредба една Македонија имаше над 40.000......
Се заборава дека демократот Черчилот инаку еден од познатите кој е одговорен за над 4.000.000 докажано геноцид кој бара од каубоите да не чекаат туку веднага да го нападнат СССР.....

Потоа 9-Мај преку ноќ се претвори од празник на победата над нацифашизмот во ден на ЕУропска ....

Па сега редно е да се помине во отворена демонизација и наметнување на што туку откриена нова вистина СССР сакаше да ја окупира Европа!!!

:yid::yid::yid::yid::yid::yid::yid:

Па уште гледам има и такви кои ваквите вистини ги прифаќаат и ги наградуваат со +
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom