- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 21.201
- Поени од реакции
- 36.972
Цитати :
,,...„Владата на Република Северна Македонија на својата 17-та седница го разгледа Записникот од состанокот на Координативното тело за прибирање и размена на информации за спроведување на мерките за спречување на појавата, раното откривање, спречување на ширењето и сузбивањето на коронавирус инфекцијата, одржан на 12 март 2020 година, со Листа на дијагнози на хронични состојби и Објаснувањето околу прогласувањето Пандемија од Светската здравствена организација и согласно предлозите изнесени во расправата на седницата, а со цел превенција и ширење на овој вирус, ...,,
,,...Американската влада и медиумите остро ги демантираат шпекулациите дека коронавирусот е „избеган“ од некоја нивна лабораторија за водење специјална војна против Кина, наведувајќи научни докази за потеклото на вирусот од Кина. Тие тврдат дека вирусот бил пренесен од пазарот на егзотични диви животни за прехрана во Вухан на луѓе по што мутирал и добил смртонсни димензии, но и предупредуваат дека пропагандните кампањи во кои се тврди дека „појавата на вирусот е само дел од специјалната војна на САД против Кина“ само ги ослабува напорите светската заедница да се справи со него. Составен дел на теориите за водењето на специјална војна против Кина во овој случај се и тврдењата дека „не се точни информациите за опасноста од коронавирусот“. Тој вирус според овие теории не е поопасен од вирусот на кој било грип во САД, но преку медиумското преувеличување на опасноста од коронавирусот, САД се обидуваат да и наметнат еден вид економска блокада на Кина. Според тие конспиратори опасноста од овој вирус вештачки ја имаат зголемено медиумите во САД, бидејќи според нив, во САД од октомври 2019 година до сега владее епидемија на грип од која се заразени 15 милиони луѓе а починале веќе повеќе од 8 илјади, но за тоа не известувале светските медиуми. Оттука, тие заклучуваат дека во Кина нема ниту епидемија, ниту пандемија туку „инфодемија“ (лажни вести за корона вирусот)...,,
,,...Претставничкиот дом на Конгресот на САД се подготвува за можен премин на работа од далечина поради опасност од ширење на коронавирус во американската престолнина, откако се дозна дека на значаен политичка настан неделава, имало заразени од коронавирус, се дознава од писмо пратено до сите оддели на Конгресот.
,,... во рамките на пропагандната војна меѓу Русија и Велика Британија, која во медиумите се одржува од времето на случајот со труењето на Скрипал, овој пат во некои проруски медиуми, уште на 12 февруари, беше објавена приказната дека „епидемијата на коронавирусот во Вухан во Кина ја рашириле британски агенти со вирус создаден во лабораторијата за биолошко оружје во Солзбери-Велика Британија“ кои уште во декември 2019 година ја започнале хибридната војна против Кина а на 16 јануари допатувале со авион во Вухан во Кина и го пуштиле корона вирусот со цел да ја дестбилизираат Кина.
Во овој стил, со цитирање на „руски стратешки аналитичари“ таквите медиуми известуваат малку подоцна дека според информации од јапонската телевизија „Асахи“, коронавирусот во Вухан можно е да го имаат раширено војниците на САД кои учествувале во светските воени игри што биле одржани во Вухан во Кина во октомври 2019 година, по што вирусот мутирал и станал смртоносен.За жал, теориите за коронавирусот како дел од специјалната војна што ја водат САД против Кина ја шират и политичари како министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ и претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, вклучувајќи се доброволно во пропагандната војна на Русија против САД.
,,...Глобалниот страв од коронавирусот, кој со преминувањето на паниката на европскиот континент, може да биде применет и за ширење одредено политичко влијание во предизборието, многу лесно пренебрегнувајќи ја политичката етика.
– Нивото на политичкото однесување и придржување до политичката етика во Македонија, воопшто не гарантира дека стравот од коронавирусот нема да биде злоупотребен и за претстојните избори. Во услови кога преку разни канали може многу лесно да се шират (дез)информации, речиси не може да се контролира ширењето страв од зараза на масовни собири, како на пример на изборни митинзи, па и на одзивот на изборниот ден. Кога постојат услови за злоупотреба на информации, секако, може да се влијае врз политичкото и изборното однесување на популацијата – оценува комуникологот Живко Андревски...,,

Последно уредено: