@gjoko-mkd
ЕВН никогаш не наплатувала за „ ангажирана моќност “ туку за активна моќност
“ Ангажирана моќност “ наплатува Топлификација, која тоа го воведе за да не биде покусо од ЕВН
инаку за таа активна моќност се наплатуваше бидејќи лепотаните од регулаторна одлучиле да и подарат на ЕВН пеесетина милиони евра секоја година
Како сакаш наречи ја "ангажирана" или "ангажирана активна" моќност, беше ставката од 33% во тарифниот степен на директно мерење. Воведена е уште пред 2000–та колку што се сеќавам, во времето на ЕСМ.
Што се однесува до регулаторна и парите кои им ги одобрува на ЕВН...Не се 50, појќе се.
1) Цената на приклучоците е нереално висока. Не ме фаќај за бројките, не сум на работа/дома неколку дена и не ми се при рака документите. Отприлика се определува на следниов начин: се пресметува трошокот за 40MVA трафо со 8 изводи 110/20kV со должина од не знам колку метри, 8 трафоа 20/0.4kV, секое од нив со по 6 изводи со 300 метри надземен вод и 200 метри кабел. Потоа тој трошок се дели со 36667kW (40MVA = 36667kW) и се добива цена на чинење на 1kW приклучок, т.е. од прилика околу 70 евра по kW (без ДДВ). Ако се земе колку пари се наплатени од страна на ЕВН за приклучоци и колку такви трафоа, водови и слично се изградени, ќе излезе дека далеку помалку е изградено. Од прилика 2.5 пати помалку ЕВН има потрошено за приклучоците отколку што има наплатено. Само овде се има чист ќар од 20+ милиони евра.
2) По 7 години РКЕ смета дека опремата во која инвестирала ЕВН е дотраена и им признава трошоци за наводно ново–купена опрема. Од кога се дојдени до сега имаат изградено 3–4 далекуводи од по 2–3km и две 110 трафостаници. Се останато е од време на другарот Тито и времето на ЕСМ по Тито. Сеуште постојат далекуводи од 46–та година кои се користат за напојување на делови од Скопје(Маџари, Автокоманда, Синѓелич, Инџиково и т.н) во реонот на ТС Скопје 1/5, кои иако се во катастрофална состојба и се општа опасност сеуште ЕВН ги користи и не ги менува. Да не зборам за во Охридско, каде со к*р немаат мрднато за да се инвестира, иако и прд неколку години им е децидно укажано за катастрофалната состојба на мрежата, по што имаше испади и рестрикција со денови, за пак да ни се случи истото зимава. Исто е низ Битлско–Прилепскиот регион и многу други.
3) Секој трошок на ЕВН (вклучително и тоалетната) се третира како инвестиција во мрежа за што РКЕ со двете раце им одобрува народни пари
4) За недостатокот на енергија им се одобрува највисоката проценета можна цена на пазарот, а потоа разликата не им се одзема, т.е. им се остава. Да не зборам околу коинциденцијата да ЕВН остануваат куси о енергија кога цената на енергијата е превисока, па мора да купат скапа енергија(мхм...дебела провизија...мхм...)
5) Редовно вишокот пари на крајот од годината РКЕ им го остава на ЕВН во целост или делумно, наводно кредитирајќи ги поради лошата наплата, претстојната "либерализација" и слични изговори, и покрај тоа што претходната година биле исто кредитирани, а невољите поради кои биле кредитирани не се случиле. Таа ставка во извештајот на РКЕ се вика линеарно порамнување, и во 2013–та им се оставени 24 милиони евра, во 2014–та 51 милион и слично. При наредното делење(пошто до сега не им земале) на средства РКЕ заборава дека ЕВН ги почастиле 50 милиони и не им ги зема.
И така, има уште многу други начини на кои ЕВН е заштитена, повластена и почастена. Сепак тоа не значи дека ангажирана моќност е измишљотина позади која нема реално техничко објаснување и причина, а е само изговор за да се земе повеќе пари. А исто е и за многу други прашања поврзани со целиот енергетски сектор. За жал, просечниот македонец е прост, неук, не сака да учи, не си ги знае правата и нема капацитет да си ги брани, ниту си ги знае обврските и е кадарен да си ги исполни. Научен е само да лае како џукела за без везе, а кога треба да нападне и да гризне, заквичува и фаќа џом додека не добил камен по глава. Па така слично и овде на форумов, има џукели кои само лаат, а не разбираат ништо. Да е посимптоматично, се групираат во чопор исто како џукелите околу контењерите. Небаре за своите права ќе се изборат седејќи дома на топло и јадејќи бурек на форумов и слично. Уствари, си ги знаат ли правата за да ги бараат? А знаат ли каде и како треба да ги бараат?