Покрај поскапувањето на струјата, укината е и дневната ефтина тарифа

Член од
3 август 2012
Мислења
62
Поени од реакции
2
Стефус, не е многу економично и со проточен. Имам комшија што кука на потрошувачката... а изгледа и во право е!? Моќност од 24Kw/h!!! Лудило! http://www.siemens-home.com/ae/product-showroom/small-appliances/water-heater/DH24100.html
па ни уредот не е толку евтин! http://technomarket.com.mk/products/09018213/siemens-dh-24100 ....мислам дека не е многу поскап соларен систем за вода со резервоар заедно!? Јас не разбирам многу, но ми се чини тоа е тоа!? Понуда на Леов:
http://mk20.com/ceni/kineski3.pdf.... а пардон! Овие се без гаранција!
А оние со гаранција, машала помрснички!
http://www.mk20.com/ceni/termosifonski21.pdf
сепак НАЈИСПЛАТЛИВО сеуште добрата стара технологија, се разбира усовршена со некои иновации... пишував погоре!
Јас има стар класичен бојлер од 3КW најверојатно му треба 90 мин да се загрее тоа е 4.5 КW/h a проточен е 6 КWh за 15 мин тука некаде е...ама треба да го изгасиш веднаш и да не се шлапкаш во када плус е инвестиција протичен мислам дека не се исплати и јас повеќе зборувам за удобност...на проточен треба да му светиш над глава и во секунда да го гасиш.
Соларен систем може да ти се исплати ама само можеш да го монтираш во куќа. Инаку се греам на Топлификација и не ми се исплати да се гасам ич бидејќи во текот на денот секогаш има некој дома. Имам еден пријател тој се изгаси ама доаѓаше дома само да спие и немаше фајде од парно. Инаку многу ми се допаѓа што Топлификација воведе правило да бараат исклучените согласност од комшиите бидејќи порано се гасеа а ние вклучените им ги плаќавме сметките сега мало морген што ќе дозволам некој да се изгаси. Ќе треба да ми плати за да изгаси и јас да му ја плаќам сметката...Така да добро направи за мене Топлификација плус и струјата рипна и не ми се исплати да се грајам на струја и дефинитивно си останувам со Топлификација дури и за 3-4% повисока сметка. Срање е работава ама треба да го избереш помалото срање.
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940

Пиши број на трансакциска и јас да ти пратам пари за парното, затоа што исто како и твојот комшија, и јас не се греам на парно. Па сакам да испаднам фер.
 
Член од
3 август 2012
Мислења
30
Поени од реакции
32
Јас има стар класичен бојлер од 3КW најверојатно му треба 90 мин да се загрее тоа е 4.5 КW/h a проточен е 6 КWh за 15 мин тука некаде е...ама треба да го изгасиш веднаш и да не се шлапкаш во када плус е инвестиција протичен мислам дека не се исплати и јас повеќе зборувам за удобност...на проточен треба да му светиш над глава и во секунда да го гасиш.
Соларен систем може да ти се исплати ама само можеш да го монтираш во куќа. Инаку се греам на Топлификација и не ми се исплати да се гасам ич бидејќи во текот на денот секогаш има некој дома. Имам еден пријател тој се изгаси ама доаѓаше дома само да спие и немаше фајде од парно. Инаку многу ми се допаѓа што Топлификација воведе правило да бараат исклучените согласност од комшиите бидејќи порано се гасеа а ние вклучените им ги плаќавме сметките сега мало морген што ќе дозволам некој да се изгаси. Ќе треба да ми плати за да изгаси и јас да му ја плаќам сметката...Така да добро направи за мене Топлификација плус и струјата рипна и не ми се исплати да се грајам на струја и дефинитивно си останувам со Топлификација дури и за 3-4% повисока сметка. Срање е работава ама треба да го избереш помалото срање.

Јас сум исклучен од парно ама кај мене дома станот се грее и после 10 часот ,така да треба да се донесе правилник и вие од топлификација кои се гаситете во 9, 10 да ни плакате нас кои се грееме после 10 зошто не е фер ние да имаме поголеми трошоци зарди вас кои не се греете !
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Инаку многу ми се допаѓа што Топлификација воведе правило да бараат исклучените согласност од комшиите бидејќи порано се гасеа а ние вклучените им ги плаќавме сметките сега мало морген што ќе дозволам некој да се изгаси. Ќе треба да ми плати за да изгаси и јас да му ја плаќам сметката...Така да добро направи за мене Топлификација .
Te молам објасни го ова твое твдење, како, зошто и колку, Вие вклучените сте им плаќале на „ исклучените “?
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Член од
3 август 2012
Мислења
62
Поени од реакции
2
Te молам објасни го ова твое твдење, како, зошто и колку, Вие вклучените сте им плаќале на „ исклучените “?
Да ако некој е исклучен во зграда неговата сметка се дели на сите останати станари. Например во моја зграда има 6 исклучени а има окулу 60 стана и тие вклучените плаќаат окулу 10% повисока сметка...Така да не е во твој интерес да му дозволиш на некој да се исклучи. Порано ако некој се исклучи ти плаќаш за него сега тоа малку ќе биде потешко што е многу пофер. Така да или цела зграда се гаси или никој не се гаси.
 
Член од
13 март 2012
Мислења
478
Поени од реакции
128
Треба како во Романија на сред плоштат да ги утепаат сите !!!
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Да ако некој е исклучен во зграда неговата сметка се дели на сите останати станари. Например во моја зграда има 6 исклучени а има окулу 60 стана и тие вклучените плаќаат окулу 10% повисока сметка...Така да не е во твој интерес да му дозволиш на некој да се исклучи. Порано ако некој се исклучи ти плаќаш за него сега тоа малку ќе биде потешко што е многу пофер. Така да или цела зграда се гаси или никој не се гаси.
Па тоа топлификација ве дупи вас, а не исклучените станари.
Ако топлификација не се задоволни од својот профит нека летаат глави од врвот, нека си го сменат бизнис планот, а не да ги тероризираат и рекетираат граганите.
На што ке личи сега скопска пивара да ги тера сите да пијат скопско, а кој не сака ке си купи битолски и плус ке си плати 20% од цената на скопско за профитот на скопска пивара да биде како што тие посакуваат. Крајно нонсенс.
Тоа во нормалните земји се вика рекет, кражба, криминал.
 
Не ги правдам од Топлификација мислам дека се кретени...ама кажувам дека комшиите ќе размислат 2 пати пред да се потпишат некој да се исклучи. Тоа е реалноста...Инаку Скопска Пивара не е монопол а Топлификација е и неможе да се споредуваат.
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Не ги правдам од Топлификација мислам дека се кретени...ама кажувам дека комшиите ќе размислат 2 пати пред да се потпишат некој да се исклучи. Тоа е реалноста...Инаку Скопска Пивара не е монопол а Топлификација е и неможе да се споредуваат.
Па тоа е противзаконско. Кој е комшијата да ми одредува на мене на што да ги трошам јас моите пари.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.445
Има и една друга изрека, која очигледно не е македонска:
Подобро да живееш еден ден како тигар, отколку 100 години како овца.
Не само што не е македонска, туку е и спротивна на македонскиот Raison d'être.
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Да ако некој е исклучен во зграда неговата сметка се дели на сите останати станари. Например во моја зграда има 6 исклучени а има окулу 60 стана и тие вклучените плаќаат окулу 10% повисока сметка...Така да не е во твој интерес да му дозволиш на некој да се исклучи. Порано ако некој се исклучи ти плаќаш за него сега тоа малку ќе биде потешко што е многу пофер. Така да или цела зграда се гаси или никој не се гаси.
Тој што е исклучен не се грее, радијаторите ги одвојуваат од цевките, значи Топлификација помалку троши (загреваат помало количество на вода во подстаницата која циркулира низ системот, цевки и радијатори во зградата). Точно е дека имаат некои загуби од цевките, но во никој случај не може да се згрее некој од цевките што поминуваат, 5 м цевки заменуваат едно радијаторско ребро, но исто така имаат загуби поради водење на цевките од подстаница низ ходници и подрумски простории (Кој ги плаќа овие загуби се знае се распределува на станарите).
Но од друга страна исклучените станари им вршат контра услуга затоа што цевките поминуваат низ нивниот приватен имот и зафаќаат простор. Тоа треба да се плати за транзит низ имот, не е тоа беспари, или нека инвестираат за да ги заобиколат становите што не се греат или нека склучат договори за транзит на цевки.
 
Ќе воведат калориметри наскоро и ќе се плаќа колку се троши. Ама тука ебана страна ќе бидат пензионерите болните и тие со мали деца кој и онака се во најлоша финансиска состојба. Па дури тогаш ќе има кукање и плачење...ова е само почеток...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ќе воведат калориметри наскоро и ќе се плаќа колку се троши
Јас пак да те прашам?
На што го засноваш твоето тврдење дека мерењето со калориметри е точно? Дали знаеш дека постојат повеќе начини на мерење на на потрошената топлинска енергија ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom