Поинакви уметници

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Natalie Irish е од Хјустон, Тексас и е сликарка која со своите усни пицнати со кармин поминува по сликарското платно создавајќи неверојатни уметнички дела...






 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618

Фрида Кало (1907—1954) е мексиканска сликарка која е родена како Магдалена Кармен Фрида Кало и Калдерон во фамилијарната куќа во Којокану, кој во тоа време е бил мало предградие во Мексико. Нејзиниот татко е бил сликар и фотограф со германско - еврејско потекло, чија што фамилија е со потекло од Романија. Кало е забележана по својата неконвенционална појава. Во својата 6-та година заболела од детска парализа, поради што десната нога и била потенка од левата. Својот деформитет Фрида го затскривала носејќи долги сукни со живописни бои. Освен тоа имала вродена болест spina bifida која влијаела на развојот на нејзината кичма и нога.

Во својата 19 -та година доживеала страшна сообраќајка, ( автобусот со кој се возела се судрил со трољебус) при што се здобила со сломена кичма, ребра, карлица, клучна коска, 11 скршеници на десната нога, исчашувања на стапалото и рамењата, а железна шипка и ги пробила градите и стомакот поради што подоцна ќе се соочи и со репродуктивни проблеми. Иако се опоравила од повредите и после 35 операции дури успеала и да прооди, имала психички кошмари цел живот.

По сообраќајната несреќа, Кало се откажала од медицинската кариера и се посветила само на сликарството. Ги сликала сопствените искуства и нејзините дела честопати биле шокантни во прикажувањето на болката и тешкиот живот на жената. Дури 55 од 143 нејзини слики се автопортрети кои содржат личен симболизам дополнет со анатомски референци. Била под влијание на мексиканската култура која што ја сликала со јаки бои, и мешавина од реализам и симболизам.

Нејзините слики го привлекле вниманието на сликарот Диего Ривера, со кој подоцна и ќе стапи во брак. Била и активен член на комунистичката партија. Се смета дека била во врска и со Лав Троцки, кого го убиле агенти на Јосиф Висарионович Сталин во Мексико, 1940 г. По неговата смрт, Фрида станува најголем сталинист/антиреволуционер. Нејизниот дом е украсен со многу социореалистички уметнички дела, вклучувајќи ги и портретите на Маркс, Енгелс, Сталин...

Иако уметничкиот труд на Фрида Кало е оквалификуван како надреалистички, самата таа ја отфрлала таа категоризација. Нејзината преокупација со женските теми ја направија феминистичка култна личност на XX век.

Кало својот живот го заврши на 13 јули 1954 а нејзината пепел ( во урна) е поставена во нејзиниот бивш дом (La Casa Azul) во Којокану кој е претворен во музеј и содржи голем број нејзини слики.

Биографскиот документарен филм, кои содржи автентични ( оригинални) снимки , под наслов "Фрида Кало" е снимен 1982 година во Германија. Режисерот Пол Ле Дук пак го снимил филмот (Frida, naturaleza viva) со Офелија Медин во главната улога, во 1981 година, а во 2002 -та Мирамакс го сними филмот " Фрида " со Селма Хаек во главната улога.



El Venado Herido, 1946. (Ранет елен)​


Sin Esperanza, 1945. (Без надеж)​


Autorretrato con el Retrato del Dr. Farill, 1951. (Автопортрет со доктор Фариљ)​


Tree of hope​


The Love Embrace of the Universe​

 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Сигурно до сега бевте со мисла дека картончето од тоалетната хартија служи само за фрлање. Но некој се досетил од тоа да направи многу јака уметност...​

toalet-papir01_1319104664_620x0.jpg

toalet-papir02_1319104666_620x0.jpg

toalet-papir03_1319104669_620x0.jpg

toalet-papir04_1319104672_620x0.jpg

toalet-papir05_1319104674_620x0.jpg

toalet-papir06_1319104676_620x0.jpg

toalet-papir07_1319104678_620x0.jpg

toalet-papir08_1319104681_620x0.jpg

toalet-papir09_1319104683_620x0.jpg

toalet-papir10_1319104686_620x0.jpg

toalet-papir11_1319104704_620x0.jpg
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Aelita Andre е 4 - годишно весело и заиграно девојче со неверојатен талент...


 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Rajacenna е девојка од Холандија која црта неверојатни цртежи и портрети само со молив, шо и не би било кој знае шо посебно ако тие не изгледаат толку реално и толку убаво.​













 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
УМЕТНОСТ НА ПРАШИНА ОД АВТОМОБИЛ - непознат автор​
2 дел​

 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Швеѓанинот George Chamoun одлучил да искористи фотографии од различни периоди и од тоа да создаде две ѕвезди кои имаат заедничка анатомија. Така настанаа : Elizabeth Jolie, Gary Clooney, Audrey Portman, James Pattinson и Marilyn Johansson.





 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Уметнички дела од еден потег​

Chan Hwee Chong од Сингапур, со еден потег успеа да направи спирални илустрации од најголемите светски уметнички дела. Само со една линија успеа да ги нацрта Мона Лиза, Девојката со бисерна обетка...​

- " Мојата идеја е била да докажам дека прецизно може да се нацрта било кое уметничко дела, доколку човек има трпение " има изјавено Chan Hwee Chong и својот начин на цртање го спореди како пајак кој ја плете својата мрежа.

 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Есенски пејзажи направени од ѓубре​

Секојдневно можеме да наидеме на нови генијални идеи кои успеваат да го измамат човековото око. Том Дејнингер е артист кој живее и работи во Род Ајленд. Тој е авторот на овие неверојатни инсталации, кои доколку се погледнат однапред, даваат слика на неверојатен пејзаж. Она што личи на гранки, дрвја, листови, всушност се кабли, жици и други алтернативни материјали.



И покрај големината на овие инсталации, тие сепак можат да го измамат дури и најостроумното око. Тоа е така сè додека не им се доближите. Тогаш ќе забележите дека во корењата на дрвјата има дури и детски играчки. Дејнингер е мајстор за претворање на најобичното ѓубре во фантастична уметност.













 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Ретко кој успеал да се нурне толку длабоко во очите на крокодилот, питонот, хиената или зајакот, или рибата како ерменскиот фотограф Suren Manvelyan, кој со своите макроснимки на животинските очи го покажува соврешенството на природата... Заебана ствар ептен...

Очите на хаски​


Очи крокодилски​


Очи од црно зајче​


Тиграст питон низаеден​


Око на коњ​


Kајман​


Rиба и плава краба​


Око на полжав​


Сијамска мачка​


Игуана​


Хиена​



 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Marcus Levine www.levine-art.co.uk за своите уметнички дела користи клинци. Тука имаш заебана игра и со сенката на клинецот па затоа изработката бара соколово око.





















 

Kajgana Shop

На врв Bottom