Тони Орико е визуелен артист и изведувач, кој наједноставно би можел да се опише како човечки спирограф. Неговата работа го истражува капацитетот на човечкото тело како алатка во креативниот процес на творење.
Тој има искуство како танчер и кореограф, а сега, користејќи го целото тело или само одредени делови од него, како зглобовите, создава огромни цртежи, кои се неверојатно прецизни и симетрични.
Орико вели дека ù се воодушевува на композицијата на природата и циклусите. Не е многу упатен во поврзаноста на уметноста со математиката или науката, но сепак, таа врска му е многу интересна. Најомилена му е уметноста која ја создава случајно, а сепак неверојатно прецизно
Неговите изведби траат од 15 минути до 7 часа, непрекинато повторувајќи исти движења. Со оглед на специфичноста на алатката која тој ја користи во уметноста, неговата работа истовремено претставува неверојатен перформанс кој е интересен за гледање додека трае, на крајот резултирајќи со огромна творба во вид на цртеж.