Sungerot Bob
Живеј го животот
- Член од
- 7 август 2012
- Мислења
- 32.391
- Поени од реакции
- 36.507
Што се однесува до подното греење, јас лично не би го ставилл. Прво, затоа што е штетно за здравјето, поточно таа температура е штетна за нашето стапало и циркулација, а и чувството да газиш на топол под мене не ми е убаво. Поубаво ми е онака да згазиш на поладен под, да си се шеташ по дома со топлинки, па да си се префлиш одма на фотеља или кревет и да си ги кренеш нозете Второ, вградувањето на подното парно е малку покомплицирано, а и за истото ти треба добар мајстор, а секако и квалитетни материјали.
Што се однесува до тоа што се става за под додека се има подно греење, најдобро, а и најкористено решение се плочките. Преку нив најдобро се пренесува ефектот, т.е. топлината од подното греење.
И ако мислиш дека ќе заштедиш на греење со подното греење не се лажи. Се зависи од дебелината на кошулицата, температурата на истото парно, а и времето на користење, колку ќе потроши парното за да загрее.
Јас лично би поставил обична кошулица со квалитетна изолација или систем греди со минерална волна во комбинација со патос или ОСБ табла и ламинат. Ем пријатна температура за стапалото, ем долгорочна и квалитетна изолација и под, ем одкога ќе загрееш топлината нема да бега, а и подот ќе има некоја пријатна температура.