Подно греење - предности и недостатоци

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Што се однесува до подното греење, јас лично не би го ставилл. Прво, затоа што е штетно за здравјето, поточно таа температура е штетна за нашето стапало и циркулација, а и чувството да газиш на топол под мене не ми е убаво. Поубаво ми е онака да згазиш на поладен под, да си се шеташ по дома со топлинки, па да си се префлиш одма на фотеља или кревет и да си ги кренеш нозете:D Второ, вградувањето на подното парно е малку покомплицирано, а и за истото ти треба добар мајстор, а секако и квалитетни материјали.

Што се однесува до тоа што се става за под додека се има подно греење, најдобро, а и најкористено решение се плочките. Преку нив најдобро се пренесува ефектот, т.е. топлината од подното греење.

И ако мислиш дека ќе заштедиш на греење со подното греење не се лажи. Се зависи од дебелината на кошулицата, температурата на истото парно, а и времето на користење, колку ќе потроши парното за да загрее.

Јас лично би поставил обична кошулица со квалитетна изолација или систем греди со минерална волна во комбинација со патос или ОСБ табла и ламинат. Ем пријатна температура за стапалото, ем долгорочна и квалитетна изолација и под, ем одкога ќе загрееш топлината нема да бега, а и подот ќе има некоја пријатна температура.

:)
 
Член од
27 декември 2010
Мислења
40
Поени од реакции
17
па за 63м2 и многу плаќаш,
ако си на југо-исток/запад стави прозори од под до таван и од крај до крај (лево и десно) би требало да плаќаш само за ладење (дури и во зима)
а дрвата ?
чувајги, кога ќе биде многу ладно земи исцепи 0,5м3 или додека се загрееш и нема да треба да ги трошиш
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.085
Поени од реакции
23.549
На работа имам подно греење ама со графитни панели. Пошто објектот од мајка си беше нареден со плочки, над нив само е нареден стиродур двојка, па панелите кои се дебели колку еден просечен најлон па над нив ламинат најобичен. Си брка работа еве веќе неколку години без никаков проблем. За неколку минути подот е веќе осетно топол, за пола сат канцеларијата е бања и чувството е баш пријатно пошто ако не ти студи во нозете не ти студи никаде. Имаат термостат кој е наместен мислам на 34 степени , ако не на 34 тука некаде и постојано си ја одржава таа температура на панелите( не на собата и подот). Го користиме обично кога температурата ке падни под нулата , доттогаш користиме клима. Разликата помеѓу едното и другото е небо и земја во корист на подното.
 
Член од
19 септември 2016
Мислења
2
Поени од реакции
0
Многу различни мислења и ставови !
Јас користам класично водно парно на дрва со обични радијатори. Релативно сум задоволен, но имам нов кат од куќата па би сакал да пробам со подно парно. Според мислењата што ги читам, многу е незгодно комбинирано греење ( подно и радојатори ), заради работната температура, која што за радијаторите треба да е над 50, а за подното под 35. Прилично е тешко тоа да се регулира и со вградени мешачки вентили.
Размислувам за комбинираниот дел, топлата вода најнапред да оди во радијатор, а потоа од радијатор да продолжи во подно греење. Има ли смисла ваков систем ?
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.787
Поени од реакции
22.824
Незнаев каде да го поставам прашањето,вака сега мојата соба е 2,80 на 6 метри е сега се мислиме дома на што да се греам дали со клима или со калорифер?
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Незнаев каде да го поставам прашањето,вака сега мојата соба е 2,80 на 6 метри е сега се мислиме дома на што да се греам дали со клима или со калорифер?
Клима , предимензионирајте ја малку т.е. не земајте за 20м2 туку за повеќе . Уште и каква изолација имате зависи , ако е ок изолирано и добри прозори стакла тогаш 5 кв ќе задоволи . Ова кориснички ( МУ) совет , за поточно консултирај се со продавачите . Немој да одиш на темата за Најекономично греење , шуга ќе фатиш од коментарите таму :) !
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.085
Поени од реакции
23.549
Последно уредено:

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Многу различни мислења и ставови !
Јас користам класично водно парно на дрва со обични радијатори. Релативно сум задоволен, но имам нов кат од куќата па би сакал да пробам со подно парно. Според мислењата што ги читам, многу е незгодно комбинирано греење ( подно и радојатори ), заради работната температура, која што за радијаторите треба да е над 50, а за подното под 35. Прилично е тешко тоа да се регулира и со вградени мешачки вентили.
Размислувам за комбинираниот дел, топлата вода најнапред да оди во радијатор, а потоа од радијатор да продолжи во подно греење. Има ли смисла ваков систем ?
Некој да одговори на ова?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Некој да одговори на ова?
Јас ќе се обидам ....
Не препорачувам комбинација помеѓу подно и радијаторско греење
Не препорчувам да се комбинира ниту радијатори со калорифери
Посебни не ваква комбинација „ од радијатор водата оди во цевките под подот “
Нема зошто да се прават вакви комбинации
Парното на дрва има проблем што мора постојано да се ложи и што моментната температура е променлива
Решение за тоа е уградување на резервоар слично како н скицава

 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.085
Поени од реакции
23.549
Јас ќе се обидам ....
Не препорачувам комбинација помеѓу подно и радијаторско греење
Не препорчувам да се комбинира ниту радијатори со калорифери
Посебни не ваква комбинација „ од радијатор водата оди во цевките под подот “
Нема зошто да се прават вакви комбинации
Парното на дрва има проблем што мора постојано да се ложи и што моментната температура е променлива
Решение за тоа е уградување на резервоар слично како н скицава

Од кога јас трубам за акомулатор на топлина за сите кои имаат парно дома ама......
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.920
Поени од реакции
41.887
Добра работа e ова имам електрично во кујна, купатило, ходник и детска соба. Се заинтересирав за надворешно, дали некој има искуство?
 
Член од
12 февруари 2012
Мислења
227
Поени од реакции
25
Дечки, помош за избор на греење за кука? дали топлотна пумпа, котел на пелети и слично? дајте идеи или пофалби?
 
Член од
16 ноември 2018
Мислења
1
Поени од реакции
1
Дали некој има искуство со подно греење во комбинација со топлотна пумпа или котел на пелети? Ме интересира искуство и цени за инсталација и оперирање.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom