Подемот на крајната десница во Европа

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.541
Поени од реакции
27.357
Да, да, сигурно.
Едно е муслиман, друго е исламистичка идеологија.
Во Русија под влијание на побратимот на Путин, муџахедата Кадиров, се врши се поголемо ограничување на секуларноста и мешање на религијата и власта. Кадиров е само еден необразован мафијашки бос, заради кого руските федерални власти често се принудени да замижуваат пред нарушувањето на законите и дури и да вршат измени.

Т.е. и Путин како и Обама како свои сојузници има неумерени муслимански банди.
Плус фактор се милионите мигранти од средноазиските турски републики.


Татарите и Башкирите на коишто алудираш се последниот проблем.
Матен лик е Кадиров, најмалку што може да биде е пример за исламист, а уште помалце како таков, сојузник на калифот. ИД колку и да се брутални имаат кристално чиста цел, создавање општество под точно определени религиозни правила, со строги и нечовечни (по наши сваќања) казни. Додека Кадиров името на Алах го користи само за маркетинг(за канализирање на верниците) и тој одамна од Чеченија ги избрка(со помош на Путин) брадите кои ја следат идеологијата на Калифот.

Но тоа не значи само по себе дека состојбата нема да се повтори. Калифот ќе мора да го пренесе фокусот од Сирија, пред конечниот пораз. Дали тоа ќе биде Балканот, Кавказот или Северна Африка останува да видиме.

Најголем удар и најголема потенцијална опасност за Европа на која целат исламистите би бил Балканот.

Но да се вратиме на темата, интересна изјава имаше од Југослав Петрушиќ (кого не го следам баш) е дека терористичките напади во Париз се вовед на воени судири во Сибир каде што населението е претежно Турско (или ако сакаш алтајско).

Но, да не навлагаме во неговите причини за тоа, јас мислам дека заладувањето на односите на Русија и Турција ќе створи антагонизам на Русија кон сите Турски држави на средниот исток, како и на териториите на РФ во кои живеат Турци муслимани. А тоа се териториите позади Урал. Све тоа ќе ги стави Потурските републики (Чеченија, Дагестан и Ингушетија) повторно во жижата на настаните.

За разлика од бипартитното општество на западот, во моментов Русија има стабилна власт со неверојатна поддршка кон власта, вклучително и крајната десница. Така да според мене, тешка задача ќе имаат исламистите да ја бутнат Русија. И затоа претпоставувам дека во овој момент ИД, повеќе има шанси да го одбере веќе разнишаниот безбедносен регион на северна Африка или пак кревкиот и веќе раскаран Балкан каде што имаат одлична логистика и каде што веќе има огромна верска диференцијација после војните во 90тите.

А ништо чудно е да се рашири војната на 3 фронта :)
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.851
Поени од реакции
36.883
Републиканците на Саркози - 10,2 милиони гласови, Социјалистите на Оланд 7,3 милиони гласови, Народен Фронт 6,8 милиони гласови. Седум региони за Републиканците и пет за социјалистите.

Социјалистите ги изиграа Народен Фронт во два региони каде што имаа шанса за мнозинство советници, со тоа што ги повлекоа листите.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.541
Поени од реакции
27.357
Републиканците на Саркози - 10,2 милиони гласови, Социјалистите на Оланд 7,3 милиони гласови, Народен Фронт 6,8 милиони гласови. Седум региони за Републиканците и пет за социјалистите.

Социјалистите ги изиграа Народен Фронт во два региони каде што имаа шанса за мнозинство советници, со тоа што ги повлекоа листите.
НФ 6.8 наспрема 7.3 социјалисти и 10.2 републиканците. Веќе збориме за сериозна политичка сила во Франција, која дефакто ќе биде во пораст наредниот период
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Интересни бројки, но со оглед дека конзервативците пак имаат најмногу гласови баш ме интересира, чии бишви гласачи се овие што се сега за НФ? Зарем е можно тоа да се поранешни левичарски гласови?
 
Член од
23 октомври 2011
Мислења
887
Поени од реакции
2.207
Национален Фронт не изгуби поради тоа што гласичите не му ја дадоа довербата, или затоа што немаше доволен одзив. НФ изгуби поради непринципиелната коалција на социјалистите и конзервативците и валканата медиумска кампања.Речиси сите големи медиумски куќи ја прикажуваа Ле Пен како реинкарнација на Хитлер. Просто е чудо како ,,поранешните лути ривали" се здружија за да спречат победа на трета политичка опција во Франција . Се јави и еврејското лоби кое повика на граѓанско востание против Ле Пен.

Што ни кажува ова?

Ни кажува дека демократијата е концепт на владеење само во рамката во која ТИЕ сметаат дека е прифатлива. Се што е надвор од т.н. ,,рамка" се угушува и демонизира преку валкана медиумска кампања и непринципиелна коалција на сите опшествени фактори.

Пак ќе прашам што е со т.н. демократски принципи за кои кажуваат дека мора да се почитуваат? Демократијата подразбира фер избори во кои волјата на мнозинството ќе преовлада, но кога една партија се повлекува од демократскиот процес и ги повикува своите гласачи да гласаат за друга партија за да ја блокира третата, тогаш тоа не е демократија, тоа е корумпираност. Тоа е исто како во Македонија СДСМ да ги повика своите гласачи на денот на изборите да го дадат својот глас за ВМРО, само за да спречи победа на трета политичка опција опција. Е тоа се случи вчера во Франција. Во таквиот потег нема ништо демократско и ако досега не сте биле свесни дека демократијата е само замајување и шоу за широките народни маси сега тоа треба да ви биде кристално јасно.

Модерната демократија е илузија на имање избор. Гласачите имаат право на избор се додека нивниот избор е во границите на рамката што некој друг ја смислил. Партиите имаат право да се натпреваруваат за довербата на граѓаните се додека се внатре во рамката на прифатливост. Се што е надвор од т.н. демократска рамка на прифатливост е предмет на задкулисни напади и прљава игра. Во другите земји не е ништо поразлично, секаде каде што постои политичка опција која не одговара на хегемонистичкиот демократски принцип се применува ваквата шема. Во ,,модерната демократија" нема ништо демократско.Во Франција вчера тоа се докажа на дело.
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.541
Поени од реакции
27.357
Интересни бројки, но со оглед дека конзервативците пак имаат најмногу гласови баш ме интересира, чии бишви гласачи се овие што се сега за НФ? Зарем е можно тоа да се поранешни левичарски гласови?
2004 година социјалистите и републиканците имале вкупно околу 17М гласови, колку и сега, а НФ 3,5М. И тогаш и сега имало 24М вкупно гласачи. Бидејќи остатокот се екстремна десница, екологисти и сл. Останува дека во прашање се неопределените. Кои им бил наметнат општиот став во ЕУ дека не чини да си националист и националистите се изедначувани со Хитлер. А тие не гласале, затоа што и немале опција во која верувале.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.026
Поени од реакции
7.125
Тоа што цела Франција требаше да се обедини против нив, е најголемата победа на крајната десница во Франција.Тоа што влааде стравот кај сите останати политчки противници, и намерисаната крв, е она што ги издига крајните десничари историски гледано наназад.Сакале нејќеле, Наицоналниот Фронт ќе ги носи политиките према кој ќе се движи Франција наскоро, и ќе ја спасат Франција од ужасот наречен исламизација.Крајната левица и крајната десница , секогаш профитират во вакви ситуации, а со конструкцијата на Франција , таква каква што е, крајната десниа има многу плодно поле.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Матен лик е Кадиров, најмалку што може да биде е пример за исламист, а уште помалце како таков, сојузник на калифот. ИД колку и да се брутални имаат кристално чиста цел, создавање општество под точно определени религиозни правила, со строги и нечовечни (по наши сваќања) казни. Додека Кадиров името на Алах го користи само за маркетинг(за канализирање на верниците) и тој одамна од Чеченија ги избрка(со помош на Путин) брадите кои ја следат идеологијата на Калифот.

Но тоа не значи само по себе дека состојбата нема да се повтори. Калифот ќе мора да го пренесе фокусот од Сирија, пред конечниот пораз. Дали тоа ќе биде Балканот, Кавказот или Северна Африка останува да видиме.

Најголем удар и најголема потенцијална опасност за Европа на која целат исламистите би бил Балканот.

Но да се вратиме на темата, интересна изјава имаше од Југослав Петрушиќ (кого не го следам баш) е дека терористичките напади во Париз се вовед на воени судири во Сибир каде што населението е претежно Турско (или ако сакаш алтајско).

Но, да не навлагаме во неговите причини за тоа, јас мислам дека заладувањето на односите на Русија и Турција ќе створи антагонизам на Русија кон сите Турски држави на средниот исток, како и на териториите на РФ во кои живеат Турци муслимани. А тоа се териториите позади Урал. Све тоа ќе ги стави Потурските републики (Чеченија, Дагестан и Ингушетија) повторно во жижата на настаните.

За разлика од бипартитното општество на западот, во моментов Русија има стабилна власт со неверојатна поддршка кон власта, вклучително и крајната десница. Така да според мене, тешка задача ќе имаат исламистите да ја бутнат Русија. И затоа претпоставувам дека во овој момент ИД, повеќе има шанси да го одбере веќе разнишаниот безбедносен регион на северна Африка или пак кревкиот и веќе раскаран Балкан каде што имаат одлична логистика и каде што веќе има огромна верска диференцијација после војните во 90тите.

А ништо чудно е да се рашири војната на 3 фронта :)
Не мора да бидеш екстремен на начинот на којшто се ИСИС, за да удриш врз секуларноста.

Во моментот кога Москва ќе престане со дотациите кон Чеченија (која е најпривилегиран регион во РФ), таму ќе се пробуди духот на меѓуетничкиот и (поверојатно) меѓуконфесионалниот конфликт.
Турското влијание врз средноазиските држави сеуште е послабо во споредба со руското, а Турција никогаш нема ниту да има такво влијание какво што има Русија. Имаат силно контролирано влијание единствено врз (кримските) Татарите, а кавказците се посебна приказна.
 
Последно уредено:
Член од
23 октомври 2011
Мислења
887
Поени од реакции
2.207
Front National Vote Increases by 800,000
NOW UPDATED WITH FINAL RESULTS. Although the conservative-socialist alliance succeeded in denying the Front National control of any regions in the second round of voting today, support for the party increased by over 800,000 votes, and it has won 356 regional councillor seats. In 2010, the party won 117 such seats.

 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.541
Поени од реакции
27.357
Не мора да бидеш екстремен на начинот на којшто се ИСИС, за да удриш врз секуларноста.

Во моментот кога Москва ќе престане со дотациите кон Чеченија (која е најпривилегиран регион во РФ), таму ќе се пробуди духот на меѓуетничкиот и (поверојатно) меѓуконфесионалниот конфликт.
Турското влијание врз средноазиските држави сеуште е послабо во споредба со руското, а Турција никогаш нема ниту да има такво влијание какво што има Русија. Имаат силно контролирано влијание единствено врз (кримските) Татарите, а кавказците се посебна приказна.
Кавказот е специфичен затоа што е гранично подрачје покрај Руско е со силно влијание од Блискиот исток, Мала Азија и Средниот Исток. Тука не е во прашање само Руска територија, тука се Грузија(+Јужна Осетија и Абхазија), Ерменија(+Нагорно Карабах), Азербејџан(+Накичеван), Турција и Иран.

Слично како и Блискоисточните и Балканските, така и односите на овие држави се многу комплицирани. Неможе да се стави точна верска или етничка линија на поделеност.

Таму има неколку отворени конфликти на многу мало подрачје. Освен Турција и Иран, нема држава која нема скоро секојдневни спорадични судири, вклучително и членките на РФ. Како кајмак на се ова во денешната консталација, посебно се сложени односите помеѓу Турција, Иран и Азербејџан во средина. Од една страна Азербејџан се шиити, а од друга страна се Туркофони. Исто така Иран има популација од околу 18% Азери кои би можеле да се искористат слично како Курдите во Турција. Со еден збор, кога ќе се спои цел поширок регион (Блиски Исток, Мала Азија и Кавказ) ситуацијата е каша.
 
Член од
23 октомври 2011
Мислења
887
Поени од реакции
2.207
Ултрадесничарски собири и протести

Der Dritte Weg - Германија


La Falange - Шпанија


Конзервативна Народна Партија - Естонија


Anti Capitalist Network


Casapound - Италија


Identitäre Bewegung - Австрија


Полска


Svenskarnas Parti - Шведска


VZDOR - Словачка
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Britain First
[DOUBLEPOST=1450976442][/DOUBLEPOST]Проблемот со сите овие организации е што лесно може да бидат компромитирани со уфрлање на андеркавер агенти :)
 
Последно уредено:

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Инаку пред два дена се одржа уште еден масовен собир на ПЕГИДА.

Според поддржувачите на идеологијата на црвено-зелената алијанса (комунисти+исламисти/педерско-педофилско-зоофилска алијанса) на митингот биле присутни околу 8000 луѓе.
Picture-16.png

Според максималната цифра дадена од поддржувачите на ПЕГИДА присуствувале околу 30 000.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom